Пригожин повторно апелира до Министерството за одбрана на Русија да ги зголеми пратките со муниција


Шефот на приватната паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска повторно апелираше до руското Министерство за одбрана да ги зголеми пратките со муниција до луѓето кои се борат да го заземат градот Бахмут во источна Украина. Во видеото што го објави на својот канал Телеграм, Пригожин посочи дека за борбените операции се потребни најмалку 300 тони артилериска муниција […]

Македонската таеквондистка Рељиќ бронзена на ЕП во Софија


Македонската таеквондистка Мила Рељиќ имаше успешен настап на Европското првенство во Софија, освојувајќи го бронзениот медал. На патот до бронзеното одличје, Рељиќ беше поуспешна од Ива Петровиќ од Србија (2-1), Инес Тарвида од Латвија (2-1) и од актуелната европска шампионка до 21 година Хелена Кичема со 2-0. Во борбата за влез во финалето, Рељиќ загуби […]

Лајчак: Утрешниот состанок со Вучиќ и Курти во Брисел е исклучително важен


Специјалниот преставник на ЕУ за дијалогот на Србија и Косово, Мирослав Лајчак, оцени дека утрешниот состанок во Брисел, кој треба да се одржи во рамки на дијалогот и на кој ќе бидат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти, ќе биде исклучително важен, јави дописникот на МИА од Белград. Лајчак на Фејбук, сумирајќи […]

Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско


Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип. -Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама […]

Сообраќајка во Скопје заврши со пукање


Расправија по сообраќајна несреќа во Сингелиќ заврши со пукање. „Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во селото Сингелиќ, Скопско по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што […]

По пад од висина на Геријатрија почина пациент


Вчера пациент од скопска Геријатрија починал откако паднал од висина, стои во билтенот на МВР. Детали за тоа како дошло до падот нема. -Вчера во 18,15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, […]

Ова се 5-те најголеми европски компании според бројот на вработени


Иако политичките и економските нарушувања зафатија многу сфери на бизнисот, пред се преку рекордната инфлација, тие немаа значително влијание врз европскиот пазар на труд. Некои од најголемите европски компании беа „недопирливи“ во однос на вработените, а пазарот беше заштитен од отпуштања поради одговорот на блокот на пандемијата на коронавирус, бидејќи брзите вакцини доведоа до брзо […]

Македонските кошаркари во група со Естонија, Чешка и Израел за настап на Олимпијадата во Париз


Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска со жрепка во главниот град на Филипини, Манила, ги дозна противниците со кои ќе се соочи во претквалификациите за пласман на Летните олимписките игри (ЛОИ) кои идната година ќе се одржат во Париз. Македонските кошаркарите патот за дебитантски настап на ЛОИ ќе ги стартуваат против Естонија, Чешка и Израел во […]

Покачување на сите плати за 78 отсто, порачаа денеска на протест од ССМ


Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите. Протестот на членството, поддржан од […]

МНР: Осумчленото семејство заглавено во Судан ќе биде евакуирано


По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба.    Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација […]

Кина во ОН гласаше за резолуција во која Русија е означена за „агресор“ во Украина


  Кина одлучи да се откаже од практиката на „воздржани“ при гласањето во ОН за документи со силна формулација во врска со руската инвазија на Украина. Кинеската делегација гласаше за резолуцијата на Генералното собрание, каде Русија ја нарекуваат „агресор“, произлегува од податоците што ги објави исландското претставништво во ОН. Документот А/77/Л.65 „Соработка меѓу ОН и […]

Груби: Прогнозите се дека „Бехтел и Енка“ ќе ангажира над 70 отсто локална работна сила


Според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во објава на Фејсбук. – Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија […]

Убиен европскиот јуниорски шампион во бокс, трагедијата се случи пред наргиле бар


Младиот француски боксер Вилфрид Флорентин (22) бил убиен вчера од истрели од огнено оружје, пренесува угледниот локален весник L’Equipe. Флорентин наводно сакал да заработи дополнителни пари работејќи како обезбедување во кафеана, а трагичната вест ја потврдиле и од болничкиот центар во Кретеј. Според L’Equipe, тепачката се случила во раните утрински часови пред наргиле бар. Истрагата […]

Воз во Русија излета од шините по експлозија во близина на границата со Украина


Товарен воз излета од шините по експлозија во западната руска област Брјанск во близина на границата со Украина, соопштија руските регионални власти. Возот превезувал нафта и производи од дрво Жртви нема, соопшти регионалниот гувернер Александар Богомас по инцидентот што се случи во близина на градот Унече, 140 километри југозападно од Брјанско. Железничкиот сообраќај на таа […]

Џафери и координаторите утре ќе се договараат за презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ во Собранието


Во Собранието утре се очекува да се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи. Една од темите на средбата, според најавите, би требало да биде и договор за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делови […]

Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат претставници на разговори


Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат свои претставници на преговори, веројатно во Саудиска Арабија, изјави висок претставник на ОН. Тоа се случува во услови на тековни судири во главниот град Картум, и покрај уште едно тридневно продолжување на прекинот на огнот. Разговорите првично ќе се фокусираат на воспоставување „стабилен и веродостоен“ прекин на […]

Без струја утре делови од Чаир, Аеродром, Карпош и Кисела Вода


Од 7 до 10 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Битпазарска“ брoj 60 во општина Чаир, односно само корисниците од зградата спроти слаткарницата „Охрид“. Според известување од  ЕВН Македонија АД, утре од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Живко Фирфов“ во општина Кисела Вода и корисниците од […]

Османи неделава ќе ги презентира приоритетите на претседавањето со ОБСЕ пред СБ на ОН


Шефот на дипломатијата Бујар Османи на неговиот официјален Фејсбук профил објави дека во својство на претседавач на ОБСЕ е специјален гостин на швајцарското претседавање со Советот за безбедност на ОН кое започнува денеска. – Денес Швајцарија го презема претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации. Ја имам честа да бидам специјален гостин на швајцарското претседавње […]

ОН ја критикуваа Франција за расна дискриминација и полициско насилство


Советот за човекови права на ОН денеска го критикуваше непочитувањето на човековите права во Франција, наведувајќи дека има напади врз мигранти, расна дискриминација и полициско насилство. Советот на ОН повеќе од три часа расправаше за состојбата со човековите права во Франција. Тоа е процедура на која редовно се подложуваат сите земји-членки на ОН. Голем број […]

Украина го бојкотира Светското првенство во џудо


 Украинската џудо федерација (УЈФ) соопшти денеска дека нејзините спортисти нема да настапат на претстојното Светско првенство во Катар, во знак на бојкот на одлуката на Меѓународната џудо федерација (ИЈФ), да им биде дозволено учество на руски и белоруски џудисти под неутрално знаме. ИЈФ минатата недела објави дека ќе им дозволи на џудистите од Русија и […]