Воз во Русија излета од шините по експлозија во близина на границата со Украина


Товарен воз излета од шините по експлозија во западната руска област Брјанск во близина на границата со Украина, соопштија руските регионални власти.

Возот превезувал нафта и производи од дрво

Жртви нема, соопшти регионалниот гувернер Александар Богомас по инцидентот што се случи во близина на градот Унече, 140 километри југозападно од Брјанско. Железничкиот сообраќај на таа пруга беше привремено запрен. Според извештаите, возот во тој момент превезувал нафта и производи од дрво. Околу шест од 60-те вагони лежеа превртени во каналот.

Излезот од шините на возот дојде неколку дена откако напад со дрон предизвика пожар во складиште за гориво во пристанишниот град Севастопол на полуостровот Крим, кој беше окупиран од руските сили во 2014 година. Инцидентите се сметаат за обиди да се попречат руските линии за снабдување со гориво и муниција додека Украина се подготвува за контраофанзива што се очекува во наредните денови.