Пригожин повторно апелира до Министерството за одбрана на Русија да ги зголеми пратките со муниција


Шефот на приватната паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска повторно апелираше до руското Министерство за одбрана да ги зголеми пратките со муниција до луѓето кои се борат да го заземат градот Бахмут во источна Украина.

Во видеото што го објави на својот канал Телеграм, Пригожин посочи дека за борбените операции се потребни најмалку 300 тони артилериска муниција секој ден, објави Ројтерс.

 

„Триста тони дневно се 10 товарни контејнери и тоа не е многу. Но, околу една третина од оваа количина ни се испраќа“, рече Пригожин додека ги прегледуваше гајбите со пешадиско оружје во магацин за кој рече дека се наоѓа североисточно од Бахмут, во градот Соледар.