Заложничка драма во аптека во Германија


  Во тек е заложничка драма во аптека во градот Карлсруе на југозападот на Германија. Полицијата добила повик во 16.30 попчаднево по што веднаш го опколила објектот кој се наоѓа во центарот на градот. Востпоставен е контакт со човекот кој држи повеќе луѓе во заложништво. Nach derzeitigen polizeilichen Erkenntnissen wurden mehrere Personen in einer Apotheke […]

Русите објавија што ќе прават со станот на Зеленски и на неговата сопруга на Крим


Шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, во интервју за кримското издание на РИА Новости објасни што ќе прави Русија со станот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во Лидваја, Крим. Аксјонов вели дека станот на Зеленски ќе биде даден на луѓе на кои им е потребен. „Прво, се обидуваме да ги национализираме […]

Една четвртина од плаќањата во рускиот увоз минатата година биле во јуани


Кинескиот јуан сочинуваше речиси четвртина од плаќањата во рускиот увоз во 2022 година, објави Руската централна банка, истакнувајќи и дека нејзиниот удел во тргувањето со валути се зголемил во февруари оваа година. Уделот на јуанот скокна од само четири отсто на дури 23 отсто во вкупните плаќања на рускиот увоз во 2022 година, покажуваат податоците […]

Паника во Силиконската долина – пропадна банката што ги финансираше технолошките компании


  САД побрзаа да го запленат имотот на Банката на Силиконската долина во петокот по бегството на парите од банката, е најголем проблем на финансиска институција од времето на финансиската криза пред повеќе од една деценија. Силиконска долина, 16-та најголема банка во државата, пропадна откако штедачите – главно технолошки работници и компании поддржани од ризичен […]

Со новиот германски закон за оружје ќе биде предвиден психолошки тест за сопствениците


Германија- Берлин подготвува нов закон за построга контрола на оружјето, со кој ќе биде предвидено потенцијалните сопственици да бидат подложени на тест за психолошка способност, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, по смртоносното пукање во салата на Јеховините сведоци во Хамбург. Таа истакна дека пукањата во последно време укажуваат на потребата од […]

Претставничкиот дом на САД одобри декласификација на разузнавачките податоци за потеклото на Ковид


САД- Претставничкиот дом на САД денеска едногласно го поддржа симнувањето на ознаката за тајност од американските разузнавачки информации за потеклото на Ковид-19. Одлуката ја поддржаа сите пратеници на Републиканската и Демократската партија, без ниту еден воздржан – резултатот беше 419:0, а останува само да биде потпишан од претседателот на државата Џозеф Бајден за да стапи […]

Пазарниот инспекторат предупредува: Високи казни ако не се почитуваат замрзнатите цени


  Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен и ќе постапува, најавуваат од Инспекторатот и додаваат дека казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во […]

Бесправно градење на атрактивна локација во охридската населба Далјан


Спроведената инспекциска контрола на локација посочена од граѓани во Извидничкиот центар во охридската населба Далјан покажа дека се работи за дивоградба односно дека се спроведуваат градежни активности без дозвола за градење. Според записникот од извршениот надзор утврдено е дека на локацијата на десетина метри од езерото се поставени пет шаловани и армирани бетонски плочи од по […]

Индустриското производство „се сопна“ на почетокот на годинава


Индустриското производство во јануари годинава во однос на истиот месец лани бележи пад од 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст од 2.4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 […]

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто


Стапката на невработеност во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14 отсто. Стапката на активност во овој период е 54.9, а стапката на вработеност 47.2, соопшти Државниот завод за статистика.   Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 802 280 лица, од кои вработени се 690 053, а 112 […]

Гроси уште четири години на чело на МААЕ


Австрија – Актуелниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), со седиште во Виена, Рафаел Гроси, ќе остане на функцијата и следните четири години, одлучи денеска Одборот на гувернери од 35 земји, јави ДПА . Гроси немаше противкандидат  и затоа одлуката беше донесена едногласно. Тој на чело на МААЕ е од декември 2019 година […]

Меси останува во Европа ?


Шпанија – Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, и покрај разочарувачката елиминација на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони од Баерн, е најблиску до опцијата да остане во редовите на актуелниот француски првак, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот весник, 36-годишниот Аргентинец не сака да тргне по стапките на Кристијано Роналдо и да ги прифати богатите понуди од […]

Борел: ЕУ практично ги исцрпи сите можности за санкции против Русија


Белгија– Шефот на европската дипломатија  Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“ денеска изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија. „Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, рече Борел по состанокот на министрите […]

Шифрин го израмни рекордот на Стенмарк според победи во Светскиот куп


Шведска – Со денешниот триумф во трката во велеслалом во Оре, американската скијачка Микела Шифрин дојде до својата 86. победа во Светскиот куп во алпско скијање и со тоа се израмни на врвот на вечната листа со легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк Победата во претпоследната велеслаломска трка во оваа сезона на Шифрин ѝ го донесе и малиот глобус во […]

„Мерцедес“ ќе гради станици за брзо полнење на електрични автомобили во Франција и Германија


Германскиот производител на луксузни автомобили Мерцедес ги разработи плановите за изградба на мрежа на станици за полнење на електрични возила, додавајќи дека ќе овозможи супербрзо полнење во Франција и Германија до крајот на годината. Изградбата добро напредува, изјави за агенцијата dpa шефот на финансискиот оддел на производителот на луксузни автомобили Франц Рајнер, без да прецизира […]

Сунак му ветил на Макрон 480 милиони фунти за спречување на миграцијата преку Ла Манш


 Велика Британија во следните три години ќе и даде на Франција 480 милиони фунти за инвестирање во полициските сили, технологијата и разузнавањето, со цел да се намали бројот на баратели на азил кои пристигнуваат на нејзините брегови, изјави денеска британскиот премиер Риши Сунак. Британските медиуми потсетуваат дека за британскиот премиер запирањето на пристигнувањето на бродовите […]

За Радев, Бугарија била принудена да му се приклучи на Тројниот пакт. А потоа да окупира земји


  Бугарскиот претседател денеска го нарече голем „морален капитал“ на Бугарија тоа што успеа да ги спаси Евреите што беа нејзини државјани, но не спомна ниту еден збор дека тогашната профашистичка влада ја спроведе депортацијата на 11.343 еврејски граѓани од окупираните територии. Како да не се случило тоа. Румен Радев зборуваше на отворањето на документарната […]

И Евреите ќе влезат во македонскиот Устав


Евреите ќе бидат една од заедниците коишто треба да бидат дел од Уставот, со уставните измени коишто претстојат во Северна Македонија, порача на прес-конференција во Владата, премиерот Димитар Ковачевски. Ваквите уставни промени треба да бидат усвоени од Собранието во наредните месеци, како еден од главните услови за напредок на земјата кон ЕУ.  Ковачевски соопшти дека […]

Грција побара совет од ЕУ за подобрување на безбедноста на железницата


Грција побарала совет од Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) како да ја подобри безбедноста на железницата по несреќата на 28 февруари во која загинаа 57 лица, изјави денеска премиерот Киријакос Мицотакис. Во таа прилика воз со 350 патници, од кои повеќето студенти, се судри со товарен воз во близина на Лариса, во централна […]

Лога: Состојбата во затворите е срамна


 Министерот за правда, Кренар Лога, најави забрзување на постапката за помилување на лицата кои ги прекршиле правилата на пандемијата, како една од итните мерки за ублажување на состојбата во затворите во земјава. Тој предупреди и на интервенции во затворот Идризово за проширување на просторите и подобрување на условите.  „Затворскиот систем е оптоварен. Група пратеници во […]