Заложничка драма во аптека во Германија


 

Во тек е заложничка драма во аптека во градот Карлсруе на југозападот на Германија. Полицијата добила повик во 16.30 попчаднево по што веднаш го опколила објектот кој се наоѓа во центарот на градот.

Востпоставен е контакт со човекот кој држи повеќе луѓе во заложништво.

„Според досегашните информации неколкумина се заложници. Се чини дека не се повредени“, велат од полицијата.

„Итните служби се на терен поради заложничката криза во аптеката. Ситуацијата не е јасна“, напишаа од полицијата на Твитер.