Бајден ги смирува Американците по пропаста на познатата банка: Влоговите се безбедни


Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека финансискиот систем на земјата остана недопрен и покрај ненадејниот банкрот на Банката на Силиконската долина. -Американците можат да бидат сигурни во безбедноста на националниот банкарски систем. Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни, рече Бајден. Банката во Силиконската долина се затвори во петокот, што е […]

Одбележан денот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“


Со положување на цвеќе на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- Тигар“, денеска во касарната „Илинден“ беше одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица и 42 години од нејзиното постоење. Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ „Тигар“  беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Влада, МВР и семејствата на […]

Опозиционерот Киличдароглу води со 10 процентни поени пред Ердоган


   Новите предизборни анкети во Турција покажуваат дека кандидатот за претседател од опозицијата Кемал Киличдароглу води со 10 процентни поени пред претседателот Реџеп Таип Ердоган во пресрет на изборите закажани за 14 мај. Анкетите, исто така, покажуваат дека опозицискиот блок, познат како Национална алијанса, води и во трката за Парламент со најмалку шест процентни поени […]

Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани


Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.  Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците […]

Почнува изградбата на мега-парк во Чаир


Град Скопје почнува со изградба на вториот од петте ветени мега-паркови. Овојпат во Чаир. На оној во Ѓорче Петров, уште се работи. – Со гордост сакаме да најавиме дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со […]

Охридското Езеро дадено под концесија без заштита на рибите како што бара УНЕСКО


Еколошкото граѓанско здружение „Фронт 21/42“ преку објава на социјалните мрежи посочува дека во Извештајот доставен до УНЕСКО државата наведува грижа за рибниот фонд на Охридското Езеро, а истовремено ревирот се издава на концесија без соодветна риболовна основа со која би се забранувал риболов, како што стои во препораките од Комитетот за заштита на ОН. Од […]

И Халид од Јордан дојде да се повози по пругата за Жабени


  БИТОЛА – Младиот Халид од Јордан по двомесечен престој во Македонија чул за пругата до Жабени и денеска, понеделнички го фатил возот за Битола, па дојде да се повози. И тој чул дека оваа пруга е нова, толку блиску, а сепак далеку од Европа. „Удобно до крај“ вака го оцени патувањето странецот, кој и […]

Минималната плата поголема за 12 проценти, сега изнесува 20.175 денари


Почнувајќи од април кога ќе бидат исплатени мартовските плати, најниските примања во државата ќе изнесуваат 20.175 денари. Тоа е зголемување за 12 отсто или за 2.175 денари во однос на минималната плата која до сега изнесуваше 18.000 денари. Ова денес беше соопштено по состанокот на Економско социјалниот совет, на кој беше ефектуирано законското решение според […]

Европа масовно се вооружува


Европските земји значително го зголемија увозот на оружје од 2018 до 2022 година во споредба со претходните пет години, а уделот на САД во глобалниот извоз нагло се зголеми, објави Шведскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ). Од 2918 до 2022 година увозот на оружје во Европа се зголемил за 47 отсто во однос […]

Ковачевски: Средбата меѓу Гаши и Заев е пријателска


Како пријателска средба меѓу луѓе кои соработувале, во рамки на владата ја оцени премиерот Димитар Ковачевски средбата меѓу неговиот претходник Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. – Тоа е пријателска средба на луѓе кои соработувале како дел од Владата и нормално е луѓе кои се пријатели меѓу себе да имаат средби. Тоа е […]

Десетици илјади млади лекари во Британија почнаа тридневен штрајк


 Десетици илјади млади лекари денеска го почнаа тридневниот штрајк ширум Велика Британија, што ќе предизвика општо нарушување во работата на државните болници и клиники. Младите лекари претставуваат 45 отсто од сите лекари во британската Национална здравствена служба (NHS). Кога тие штрајкуваат, тоа значи дека на илјадници пациенти ќе им бидат откажани прегледите и операциите. Британската […]

Харисон Форд и Ке Хуј Кван со најтрогателна сцена на Оскарите


САД- Харисон Форд и Ке Хуј Кван споделија трогателно повторно обединување синоќа на сцената на 95-тото доделување на Оскарите за сите да ги видат, 39 години откако работеа заедно во Indiana Jones and the Temple of Doom. Ѕвездата на „Се` секаде одеднаш“ – која исто така освои Оскар за најдобра споредна улога- со задоволство ја […]

Дендиас и Лајчак разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина


 Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, денеска соопшти дека телефонски разговарал со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за најновите случувања во дијалогот. Дендиас во објава на Твитер наведе дека го информирал Лајчак за неговата посета на Приштина. „Денеска имав телефонски разговор со специјалниот претставник на ЕУ […]

Пендаровски со Вартоломеј разговараше за томосот за МПЦ-ОА


  Без најава претседателот Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретна со вселенскиот патријарх Вартоломеј и притоа се разговараше за целосното признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Пендаровски му рекол на поглаварот на Цариградската патријаршија дека Македонија го очекува официјалниот документ за црковна самостојност – томосот. Во соопштението на кабинетот на Пендаровски се […]

Омаж: 100 години од раѓањето на великанот Ацо Шопов


Општина Центар и Францускиот институт во Скопје организираат омаж на великанот Ацо Шопов по повод стогодишнината од неговото раѓање.    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ на која свое обраќање ќе имаат истакнати македонски поети, професори и членови […]

Како Ангел Димитров ја менува и европската историја за холокаустот


  Копретседателот на македонско-бугарската историска комисија, Ангел Димитров, побрза како некаков официјален претставник на бугарската држава да ги оцени вчерашните зборови на македонскиот претседател Стево Пендаровски за улогата што ја имаше тогашната профашистичка влада во Софија како „несериозно“. „За да има помирување треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа […]

Драги жени лекари прифатете ја раководната позиција која ви се нуди, говорете погласно на утрински состанок


Министерството за труд и социјална политика денеска организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова […]

Вечерата на Шанел поважна од Ноќта на Оскарите


САД- Ноќта пред Оскарите, многу од најголемите холивудски ѕвезди не беа рано за спиење. Наместо тоа, тие разговараа во текот на ноќта, со мартини и шампањ во рака, во познатиот Поло салон во хотелот Беверли Хилс на годишната вечера на Шанел и Чарлс Финч, покана што е уште потешко да се добие од место на […]

По 300 евра поддршка, платена бугарска телевизија и судска заштита – „пакет“ за да се стане Бугарин


  Членството во Европската унија им дава се повеќе „крила“ на јастребите во Бугарија кои, по ветото за Македонија во Брисел, пробуваат својот привилегиран статус да го материјализираат и во однос на другите држави во регионот. Пропагандата што со месеци беше насочена кон Македонија сега се вперува кон Србија, со очигледна намера во некоја фаза […]