Почнува изградбата на мега-парк во Чаир


Град Скопје почнува со изградба на вториот од петте ветени мега-паркови. Овојпат во Чаир. На оној во Ѓорче Петров, уште се работи.

– Со гордост сакаме да најавиме дека започнува изградбата на нов мега-парк кој во соработка меѓу општина Чаир и градот Скопје, се протега на просторот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со „Втора Македонска бригада“ до крстосницата со „Џон Кенеди“ – соопштија од Градот.

Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник. 

Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.