Филхармонијата има обврска да биде инспирација: Интервју со директорката Тина Иванова


  „Имаме магија која ниту се продава, ниту се купува“, вели директорката на Македонската филхармонија, Тина Иванова. Во интервју за „Независен“ таа нагласува дека задача на Филхармонијата е да биде двигател на музичката уметност во Македонија, да едуцира и да задоволува уметнички потреби. Извонредната концертна сала овозможува да се остварат тие задачи. Но, за уште […]

Славко Јаневски прв Македонец кој напишал стрип


Првиот стрип создаден на македонско тло во далечната 1937/38 година од Желимир Книвалд е објавен во весникот „За нас и о нама“. Книвалд тогашен ученик во шести клас во Втората машка гимназија во Скопје, бил роден во Словенска Бистрица во Словенија, а најверојатно бил Хрват. Прв Македонец кој напишал стрип две години подоцна е познатиот […]

Поради асфалтирање привремено затворен за сообраќај патот Ногаевци – Виничани од делницата Велес – Градско


Поради вградување на асфалтен слој, од денеска до 18 март, во периодот од 08:00 – 16:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај Делница 4, односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани, на регионалниот пат Велес – Градско. Како што соопшти АМСМ, денеска завршува и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, […]

15 март во историјата – Јулиј Цезар е убиен за време на Мартовските Иди


  Јулиј Цезар, диктаторот на Рим, е избоден до смрт во римскиот Сенат од 60 заговорници предводени од Маркус Јуниус Брут и Гај Касиј Лонгинус на 15 март. Цезар, роден во Јулиевците, старо, но не особено истакнато римско аристократско семејство, ја започна својата политичка кариера во 78 п.н.е. како обвинител на антипатрициската Народна партија. Тој […]

Циклонот „Фреди“ остави пустош, најмалку 216 жртви во Мозамбик и Малави


Најмалку 216 луѓе загинаа во новиот наплив на разорниот циклон „Фреди“ во африканските земји Малави и Мозамбик, а очекувањата се дека бројот на жртви ќе продолжи да расте. Властите во Малави денеска соопштија дека 199 луѓе ги загубиле животите откако циклонот во саботата вечерта по вторпат го погоди африканското копно, предизвикувајќи поплави и лизгање на […]

Израел и политиката: Зошто се одржуваат најголемите масовни протести во историјата на земјата


Стотици илјадници Израелци излегоа на улиците низ земјата изминатиов викенд, во она што беше опишано како најголемите протести во историјата на Израел. Протестите беа организирани поради плановите на израелската влада да ги ограничи овластувањата на Врховниот суд, за кои критичарите велат дека ја поткопуваат независноста на судството и ја загрозуваат демократијата. Бранејќи ги плановите на […]

Стравот за банкарскиот сектор се намали, индексите на Волстрит силно пораснаа


Берзанските индекси на Волстрит силно се зголемија во вторникот, бидејќи стравувањата за банкарскиот систем се намалија, а податоците за инфлацијата во САД беа во согласност со очекувањата. Дау Џонс зајакна 1,06 отсто, на 32.155 поени, додека СиП (S&P 500) порасна за 1,68 отсто, на 3.920 поени, а Насдак индексот 2,14 отсто, на 11.428 поени. По […]

Реакција од Лондон: Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор


Британскиот министер за одбрана Бен Валас, во реакцијата на инцидентот над Црното Море, ја повика Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор. -Клучната работа овде е дека сите вклучени страни треба да го почитуваат меѓународниот воздушен простор и ги повикуваме Русите да го сторат тоа, изјави Валас за Ројтерс на саемот за одбрана DSEI од […]

ЕУ повикува на депортација на илегалните мигранти


Европската Унија ги повика земјите-членки да депортираат повеќе мигранти кои илегално ги преминуваат нејзините граници и кои немаат право да останат. -Минатата година стапката на враќање на лицата кои немаа право на престој беше само 21 процент. Неуспехот да се вратат луѓето го успорува нашиот систем и ја поткопува довербата во него, рече комесарката за […]

Заштитата на Украина не е витален интерес на САД, вели можниот кандидат на Републиканците за претседател


Гувернерот на сојузната држава Флорида и можен претседателски кандидат на Републиканската партија на претседателските избори следната година, Рон де Сантис, во интервју за Фокс Њуз изјави дека заштитата на Украина не е витален интерес на САД. Де Сантис одговори на прашалникот испратен од водителот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, до потенцијалните претседателски кандидати на Републиканската […]

Група за човекови права: Во Белорусија за една недела приведени над 100 лица


Во Белорусија за една недела се приведени повеќе од 100 лица, меѓу кои и неколку психолози и психијатри, противници на белоруските власти, соопшти синоќа групата за човекови права „Весна“. Таа група соопшти дека најголемиот број приведени се во Минск, како и на запад и исток на Белорусија. Според „Весна“ цел на властите се опозициски активисти, […]

За Москва инцидентот со дронот во Црно Море бил провокација


Москва смета дека инцидентот со руски борбен авион „Су-27“ и американско воено беспилотно летало над Црното Море е провокација, соопштија ноќеска руските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов, -Овој инцидент го сметаме за провокација, рече Антонов откако беше повикан од американскиот Стејт департмент. Американски воен дрон „MQ-9“ […]

„Поглед преку…“ изложба на слики од Вангел Срнаков


Во организација на Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Поглед преку…“ од Вангел Срнаков.  Изборот на дела кои ги обединува насловот „Поглед преку…“, работени во техника масло на панел /платно и поделени во три жанрови на изразување: Портрет (фигуративно), Пејзаж и Мртва природа (предметно), претставуваат сликарство со реалистични манири и со мали […]

Во Собранието продолжува 71. седница


Собранието денеска треба да ја продолжи 71. седница, на која на дневен ред се повеќе точки. Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на Државната комисија за спречување на […]

Презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Скопје ќе ги презентира новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Настанот е во рамки на теренската информативна кампања на Министерството за запознавање на земјоделците со новите мерки, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) финансирана од Швајцарската агенција […]

Тестенините од утре поевтинуваат за 15, млечните производи за 10 отсто


Тестенините од утре треба да поевтинат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти. Нивните цени се намалуваат согласно со одлуката што Владата ја донесе минатата недела.  Со одлуката, од тестенините опфатени се макароните и шпагетите. За нив, од 13 март до 31 мај годинава се укинати увозните царински давачки. Само со укинување на […]

Нов обид за изборни реформи и нов изборен законик на една година пред следните избори


На една година пред следните претседателски, а потоа и парламентарни избори повторно се прави обид за изборни реформи и нов изборен законик. Овој пат состанокот го свикаа Националниот демократски институт и Министерството за правда, а на него присуствуваа претставници на политичките партии, државните институции, универзитетски професори, како и на граѓански и меѓународни организации.  Последен да […]

Зеленски смени тројца регионални гувернери


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера смени тројца регионални гувернери, вклучувајќи го и шефот на Луганск, каде што се водат жестоки борби. Одлуката за разрешувањето на локалните функционери беше објавена на каналот Телеграм од страна на владин претставник во украинскиот Парламент, но тој не ги наведе причините за разрешувањата. Гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај, често ги […]

Во Брисел почнува објаснувачкиот скрининг за Кластер 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност


Во Брисел денеска почнува објаснувачкиот скрининг состанок за Кластерот 4 – Зелена агенда и Одржлива поврзаност. Објаснувачкот скрининг состанок за овој Кластер, којшто ќе го отвори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, ќе започне со Поглавјето 21 – Трансевропски мрежи и Поглавјето 14 – Транспортна политика. Кластерот 4 или „зелените приоритети“ се на врвот на […]

Облачно и посвежо со врнежи од дожд и снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните […]