Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност предлага разрешување на Вилма Русковска


Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија утврди дека поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и одлучи да поднесе предлог за […]

Со туѓи податоци и телефон си порачувал онлајн


  СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни […]

Финска елиминираше голема руска шпионска мрежа


  Финската служба за безбедност (СУПО) ѝ зададе удар на руската разузнавачка мрежа. Руските шпионски операции во Финска се значително намалени во текот на изминатата година благодарение на забраната за издавање визи и протерувањето на руските разузнавачи, објави одделот, објави американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си. Агенцијата минатата година успеа да ја запре работата на руските разузнавачки […]

Пропадна обидот на шефот на ЕПП да го заштити Мицотакис во ЕУ


  Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, во средата рече дека владеењето на правото во Грција е национално прашање, а не европско прашање што треба да се дискутира во Европскиот парламент, што предизвика силна реакција од другите политички групи. Ситуацијата со владеењето на правото во Грција повторно се најде на агендата на парламентот […]

ДПИ извршил над 500 инспекциски надзори од 20 до 26 март, издал 180 прекршочни платни налози


Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20 до 26 март извршил над 500 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. – Издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над шест и пол милиони денари, од кои 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија, 42 прекршочни платни налози по Закон за […]

Глобално истражување на „Пејонир“: Како „фриленсери“ во државата работат 33 отсто од испитаниците


Глобалното истражување на финтек-компанијата за дигитални плаќања „Пејонир“ (Payoneer), спроведено на 2.000 хонорарно вработени лица во 122 држави, покажало дека 33 проценти од испитаниците од РС Македонија работат исклучиво како фриленсери. -Хонорарното работење, односно „фриленсерството“, е начин на којшто функционира сè поголем дел од светот, а 46 отсто од лицата во неодамнешното глобално истражување изјавиле […]

Ердоган го покани Путин да дојде во Турција


  Рускиот претседател Владимир Путин може да ја посети Турција на 27 април за да учествува во полнењето нуклеарно гориво во нуклеарната централа Акују, која ја изгради државната корпорација „Росатом“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Можеби господинот Путин исто така ќе пристигне на 27 април, или ќе се поврземе заедно преку онлајн системот и, […]

Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, но на фирмите им се потребни работници веднаш


 Увозот на работна сила не може да биде долгорочно решение во ниту една земја, но економијата не може да чека со години на долгорочни решенија, туку и е потребна работна сила веднаш, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во одговор на новинарско прашање по обраќањето на регионалната конференција на тема: „Како да се […]

Пројковска прва жена која ќе суди натпревар од ПМФЛ


 Најдобрата македонска судијка Ива Пројковска е првата жена која ќе ја дели правдата на еден натпревар од Првата македонска фудбалска лига. Историскиот момент за македонскиот фудбал ќе се случи на 2 април во Тетово каде Шкендија ќе ја пречека Победа во 25.коло. Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот. Помошници на Пројковска ќе бидат […]

Русија ја прогласи и Унгарија, последниот сојузник во ЕУ, за „непријателска земја“


  Руските власти ја признаа загубата на последниот „сојузник“ во Европската унија, кој од време на време ги забавува или блокира санкциите поради инвазијата на Украина. Унгарија, која продолжува да купува руски гас и добива руска нафта преку гасоводот „Дружба“, е вклучена во листата на „непријателски земји“, изјави рускиот амбасадор во Будимпешта, Евгениј Станиславов. „Унгарија […]

Универзитетите „Кодартс“ и „Гоце Делчев“ наградени со „Менада“ од Танц фест Скопје


Холандскиот универзитет „Кодартс“ и македонскиот „Гоце Делчев“ се годинашни добитници на наградата Менада за поддршка на современиот танц, која ја доделува Бордот на Танц фест Скопје. Годинава ја добиваат, како што вели уметничката директорка Рисима Рисимкин, „Кодартс“ од Ротердам, со кој Интерарт културниот центар соработува 15 години и со чија поддршка е основана првата едукативна […]

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата


  Според емпириските истражувања, поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. Кај развиените економии, вклученоста на жените може да го забрза растот за 10%, додека кај помалку развиените, дури за 30%. Сепак, широкиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд, според вклученоста и валоризацијата, сѐ уште е глобален проблем, кој […]

Четврт ден дојави за поставени бомби во училишта низ Бугарија


 Четврти ден закани со бомби до училиштата во Софија и низ Бугарија. Повеќе од 45 нови закани, повторно испратени по електронска пошта, затворија училишта. Истрагата на полицијата чија цел е да се утврди каде се наоѓа испраќачот, продолжува. Директорите на локацијата одлучуваат дали часовите треба да продолжат, јавија бугарските медиуми. Неколку училишта во Бургас го […]

Врховен суд го одби барањето: Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“


Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчерашната седница ги одби како неосновани поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“. -Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на […]

Џулија Робертс го смени имиџот – веќе не изгледа вака


САД– Нови шишки за пролет? Револуционерно. Барем, тоа сигурно е за актерката и амбасадорка на Шопард, Џулија Робертс, која го покажа новиот имиџ на шоуто „Часовници и чуда“ во Женева. Потстрижана од славниот фризер Серж Норман, а фарбана од Кади Ли, стилот на око се чувствува свежо и модерен, со рокенрол пресврт речиси од 70-тите. […]

Лицата со попреченост од други градови бесплатно ќе се паркираат во Скопје


Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат во Скопје, по случајот со велешанката, која плати паркинг, на место за инвалидизирани лица, но се соочи и со казна, затоа што возило со регистарска табличка што не е од Скопје, не смеело да […]

„Имав тага во галони“. Лила ја раскажа борбата со ракот на дојка


Во хотелот „Александар палас“ синоќа, гостите имаа можност одблиску да ја запознаат популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која се има изборено со ракот и со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со оваа болест. Таа ја промовираше својата автобиографска книга „Ти си таа“, а гостинка на […]

Битиќи: Во наредните пет години земјава ќе ги комплетира паневропските автопатски коридори


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“, кажа дека економиите секогаш се во зависност од добрата инфраструкутра во поширока смисла на зборот, која во сите земји од регионот била целосно запоставена и со ниски стапки на […]

Советниците не ја поддржаа Арсовска за задолжување за еко-автобуси


Само 14 советници гласаа по предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со цел набавка на еко-автобуси за јавниот градски сообраќај во Скопје. И овој обид на градоначалничката да го задолжи градот долгорочно со цел да набави 50 еко-евтобуси, кои би придонеле за обновување на возниот парк на ЈСП и за намалување на загадувањето во […]

Ковачевски утре во Белград на средби со Вучиќ и Брнабиќ


Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе се состане во Белград со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски во зградата на Генералниот секретеријат на претседателот на Србија, соопштија од службата за соработка со медиумите на претседателот Вучиќ. Во соопштението се наведува дека средбата ќе се одржи во 09:00 часот, а по средбата ќе биде проследено соопштение. […]