Кој ќе го наследи Столтенберг на чело на НАТО: Еве како се избираат кандидатите и кој е во игра


  Јенс Столтенберг заминува. А кој доаѓа? Се погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била премиера за воениот сојуз. Но, како функционира изборот на кандидати? Во октомври највисокото дипломатско место во НАТО ќе биде испразнето. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е на функција од 2014 година, минатиот февруари […]

Зачудувачки: Музичкото видео на Селин Дион „My Heart Will Go On“, ремастерирано во 4K


САД- Новата, ремастерирана верзија на видеото за огромниот хит на Селин Дион „My Heart Will Go On“ од „Титаник“ ќе ги натера обожавателите да уживаат во погледот со вид на јасност што капетанот на бродот мора да ја видел кога ја забележал сантата мраз на патеката на бродот во Атлантикот во таа студена априлска ноќ […]

Либан се разбуди во две ривалски часовни зони


  Луѓето во Либан се разбудија во две ривалски временски зони, среде спор меѓу политичките и верските власти за тоа кога часовниците треба да се движат напред. Преодниот премиер Наџиб Микати најави дека летното сметање ќе започне на крајот на Рамазан следниот месец, што ќе им овозможи на муслиманите порано да го прекинат дневниот пост. […]

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ во стабилна состојба откако колабираше на теренот


Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ е хоспитализиран откако синоќа загуби свест за време на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол. Фудбалерот на Кордоба и брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, колабираше на теренот во 13 минута од натпреварот, но лекарите со брза интервенција го вратија во свесна состојба и итно го пренесоа […]

Продолжува потрагата по жртвите од торнадото во САД


Спасувачката операција и потрагата по жртвите од торнадото во јужните американски држави Алабама и Мисисипи, во кое загинаа најмалку 26 лица, продолжи денеска. Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување. Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба. Малиот град Ролинг […]

Крадел ролни железо: Приведен битолчанец осомничен за тешка кражба во РЕК „Битола“


Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола вчера го лишиле од слобода А.М.(38) од Битола, осомничен за извршена тешка кражба во РЕК „Битола“, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК „Битола“. -Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна […]

26 март во историјата – Египет и Израел го потпишаа мировниот договор


  На церемонија во Белата куќа, Вашингтон, египетскиот претседател Анвар ел-Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин потпишаа историски мировен договор, ставајќи крај на тридецениските непријателства меѓу Египет и Израел и воспоставувајќи дипломатски и трговски врски. Тоа се случи на 26 март 1979 година. Помалку од две години претходно, во невиден потег за еден арапски лидер, […]

Николов: По 45-тата година треба два пати годишно да се прави кардиоваскуларен преглед


Штипската Клиничка болница се соочува со недостаток на кадар, а на едно од најдобро опремени одделенија потребно е удвојување на кадарот. Началникот на Одделението за кардиологија, Сашко Николов во интервју за МИА вели дека со осум кардиолози, 23 медицински сестри, двајца болничари и една хигиеничарка опслужуваат пациенти од два региони во земјава. Смета дека со […]

Киев: Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник


Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“, оцени денеска Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин најави распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија. „Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник“, објави на Твитер секретарот на Украинскиот Совет за безбедност Алексеј Данилов. Тој додаде дека оваа одлука е „чекор кон меѓународна дестабилизација на земјата“. Путин се закани […]

Трамп на првиот предизборен митинг: Јас сум најневиниот човек во историјата на САД


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека против него се водат една по друга лажни истраги и дека е прогонуван со сталинистички методи. „Од почетокот тоа беше лов на вештерки и лажна истрага една по друга, нешто директно од ужасите на сталинистичка Русија“, рече тој. Трамп во моментов […]

Казнети 210 возачи во Скопје, 105 за брзо возење


 Во акциска контрола на сообраќајот на СВР Скопје на територијата на главниот град вчера биле казнети  210 возачи, од кои половина (105) за возење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест казни се изречени за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол, седум за минување […]

Посебен режим на сообраќај денеска во општина Аеродром


Поради најавен ракометен натпревар, вечер со почеток во 18 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.  Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „АСНОМ“ кон СЦ […]

Инвеститорите подобро ќе не „видат“ со посоодветно брендирање и промоција на државата


Промоцијата на Северна Македонија како земја со поволни услови за инвестирање е една од иницијалните начини да се заинтересираат потенцијалните инвеститори за неа. Познавачите во оваа сфера велат дека земјава како мала и зависна економија мора да се промовира многу повеќе од други држави кои се поголеми, поразвиени и етаблирани како алтернативни локации за инвестирање […]

Од американските банки биле повлечени речиси 100 милијарди долари депозити


Регулаторите повторно ја уверуваа јавноста дека банкарскиот систем е безбеден, откако новите податоци покажаа дека клиентите неодамна повлекле речиси 100 милијарди долари депозити. Секретарот за финансии Џенет Јелен, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел и уште десетина официјални лица во петокот свикаа специјален состанок зад затворени врати на Советот за надзор на финансиската стабилност. Деталите […]

Од патарини лани наплатени 53,2 милиони евра, за 6,6 милиони повеќе од 2021 г.


На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 3.274.387.335 денари (53.242.070 евра), информираат за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Ланските приходи се за 6,6 милиони евра повеќе во однос на тие во 2021 година кога изнесуваа 46,4 милиони евра. На новите патарини, пуштени на 18 јули лани, Преод […]

Кој е за, а кој против уставни измени: Власта и опозицијата со сопствени математики


Меѓусебните обвинувања помеѓу власта и опозицијата околу тоа кој се би гласал за уставните измени и кој е за, а кој против членство во Европската унија, продолжија и викендов. Владејачките ДУИ и СДСМ тврдат дека сите пратеници од мнозинството, како и  пратеници од опозицијата ќе бидат за уставните измени кога процесот ќе влезе во Собранието, […]

Времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје информира дека денеска на булeварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.  – Времениот режим се воведува поради активностите за  обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието. 

Посебен режим на сообраќај на Водно


Поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска, со почеток во 10 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно. Како што информира МВР, рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до манастирот „Св. Пантелејмон“ […]

Сончево и ветровито, дневната температура од 17 до 23 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 26 март 2023 година, 85-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 280 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути. Денов трае 12 часа и 26 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]