Битиќи – Батерс: Стопанските комори активно да се вклучат во евроинтегративните процеси на земјата


Македонските комори, а пред се Стопанската комора на Северна Македонија, која е рамноправна членка на „Еурочембрс“, треба активно да бидат вклучени во евроинтегративните процеси на земјата, оценија на денешната средба во Брисел вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и извршниот директор на „Еурочембрс“, Бен Батерс. Како што соопшти […]

Москва: Нема нуклеарен договор додека САД не ја сменат политиката кон Украина


Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва нема намера да ја преиспита својата одлука за суспендирање на Договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ со САД додека земјата не ја промени својата политика кон Украина. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека Москва привремено го суспендира своето учество во договорот, обвинувајќи […]

Во земјотресот во Турција уништени над 300 културни знаменитости


 Во земјотресот кој ја погоди Турција на 6 февруари уништени се повеќе од 60 споменици и 300 културни знаменитости. Значителен дел од нив се наоѓа во провинцијата Хатај. Во античко време, градот Антиохија бил еден од најголемите градови во светот и трет по големина град на Римската империја. Освен големата хуманитарна криза и страдањата на […]

Горан Илијевски бара „Партизан“ да се огради од националистите што нѐ нарекоа „Јужна Србија“


  Горан Илијевски, лидерот на Партијата на Македонците во Србија, во име на  македонските навивачи на „Партизан“ побара од Ракометниот клуб „Партизан“ и од Спортското друшто „Партизан“ да го осудат и да се оградат од навредливиот транспарент на ракометниот натпревар Партизан-Вардар. -Очекувам Ракометната федерација на Србија и надлежните институции во Србија енергично да реагираат на […]

Германија може многу да научи од Албанија и од Руанда


Германските министерства за надворешни работи и за развојна помош сакаат да ја поддржат позицијата на жената во иднина со феминистичка стратегија за надворешна политика, беше објавено денеска во Берлин. – Ние не повикуваме на револуција, тоа е нешто што се подразбира, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените) додека ја претставуваше новата феминистичка стратегија […]

Јовановски: Компаниите и во услови на криза не отпуштија вработени


Одредени елементи на кризата ќе бидат присутни и оваа година. Инфлацијата нема да исчезне туку така, минималната плата сега ќе се зголеми, целата структура на плати ќе отиде нагоре и ќе видиме каков ефект ќе има тоа, рече потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Зоран Јовановски, на денешниот Економски форум Скопје.    Неизвесноста околу економските изгледи […]

Абазовиќ: Ги охрабрувам Косово и Србија да изнајдат заедничко решение


 Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ од вториот Економски форум во Скопје упати охрабрување до Косово и Србија за изнаоѓање на конечно решение, со оценка дека тоа ќе биде силен поттик и за целиот регион.   -Црна Гора е најмалата земја во регионот и кога сте најмали имате интерес да одржувате добри добрососедски односи, да промовирате […]

Курти: Заемното признавање е суштината на односите меѓу Приштина и Белград


 Нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград може да се направи преку заемно признавање, изјави косовскиот премиер Албин Курти на Вториот економски форум во Скопје. -Нормализација на односите може да се направи преку заемно признавање. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната […]

Економски форум Скопје: Да се инвестира и во интернет инфраструктура и локален развој


Да се инвестира во инфраструктурата за интернет комуникација и во локалниот развој во регионот, паралелно со патното и енергетското поврзување, порачаа учесниците на Економскиот Форум што се одржува во Скопје, на панелот посветен на инвестициите во инфраструктурата. – Инфраструктурата за интернет комуникација бара многу инвестиции, особено во држави како нашите и има многу малку проекти […]

Ќе останат ли и пратениците без апанажа ако се распушти предвреме Собранието?


  Одлуката на Уставниот суд, со која се укинува апанажата за пратеници, функционери или раководители на државни институции кои се разрешени или ако си дале оставка, не ги засега министрите на Алтернатива и Насер Нуредини од ДУИ кои само што беа сменеи од позицијата, а можат да се „провлечат“ и замениците министри ако поднесат барање […]

Бесими: Со комплетираниот состав на Владата подготвени сме за издавање еврообврзница


Кога веќе имаме комплетиран состав на Владата, како што веќе најавив јавно, подготвени сме на повторно издавање еврообврзница со тие услови што ќе важат на пазарот, но со најсоодветна процедура, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими, кој учествува на панелот „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“ во рамки на […]

Владиката Петар отвора телевизија со дозвола на АВМУ


Фирмата „Преобразба“, во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар на Македонската православна црква (Петар Каревски), доби дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на Скопскиот регион, со времетраење од девет години. Преобразба […]

Одобрен првиот домашен тест кој открива и ковид и грип


САД– Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест кој може да открие и ковид и грип. Тестот користи брис од нос што и може да даде резултати за околу половина час, а во САД се продава без рецепт. Може самостојно да го користат сите лица над 14 години, како и […]

Ревија и мастерклас: Денови на италијански дизајн во Скопје


На 9 март во Ист Гејт Мол со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI, и KIKO MILANO, ќе се отвори 26. Моден викенд Скопје, во организација на Света Богова- […]

Грчки новинар: Причина за несреќата е системска грешка на која се предупредува со години


Главниот уредник на Комотини прес, НИколаос Арванитес за Н1 вели дека според неговите информации причина за денешната железниќка несреќа е системска грешка во упавување со сигнализацијата. Додава дека наведениот проблем постои неколку години. „Официјалната причина е човечка грешка, но тоа се случи затоа што ништо не е направено на системот досега. Морам да кажам дека […]

Бочварски: Инвестиции во инфраструктура и модерни системи за поврзување на регионот


Со инвестиции и соработка ќе овозможиме поврзување и интеграција на регионот, пократко патување за граѓаните и за бизнисот. Доколку сакаме да бидеме вистинска транзитна држава и во делот на патиштата и во делот на железничката инфраструктура треба да ги следиме сите нови модерни системи, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред учесниците на […]

Режисерот Морфов доби отказ од Народниот театар во Софија, интелектуалците потпишуваат петиција за оставка на директорот


Театарскиот режисер Александар Морфов, кој неодамна се судри со директорот на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, Васил Василев, околу забраната за македонската актерка Билјана Драгичевиќ-Пројковска да гостува во претставата „Животот е убав“, добил отказ! Линк до целиот текст тука

Костадиновска-Стојчевска – Влаовиќ: Новите иницијативи на Балканот, се нови можности и за посилна културна соработка со Црна Гора


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка. Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека […]

„Селектирај – компостирај“ – проект за правилен третман на органскиот отпад во градинките во Велес


Околу 400 деца во сите градинки на територијата на општина Велес ќе имаат можност да го научат и директно да го применуваат процесот на производство на компост од органски отпад. Станува збор за активност во рамки на проектот „Селектирај – компостирај“ преку која дечињата директно во градинките на мини компостери ќе ги преработуваат остатоците од […]

Кина и Белорусија повикаа на примирје во Украина


  Лидерите на Кина и Белорусија, Ши Џинпинг и Александар Лукашенко, објавија заедничка изјава во која повикуваат на прекин на огнот во Украина и преговори за политичко решение на конфликтот. Заедничкиот повик претставува одобрување на мировниот план на Пекинг објавен минатата недела со кој се бара почитување на националниот суверенитет и „територијалниот интегритет“. Во документот […]