Умре болен од цистична фиброза, не го дочека долговетуваниот лек


Благојче Илиевски, eден од пациентите со цистична фиброза во државава денеска почина, информира Асоцијацијата за цистична фиброза. -Згасна еден живот- згасна еден свет! Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта, надеж која заедно […]

Скопјани помагаат за настраданите од земјотресот (галерија)


Граѓаните  на Скопје, на пунктот на скопскиот плоштад,  донираат облека, храна, хигиенски средства и сѐ она што им е неопходно на луѓето кои се најпогодени од земјотресот во Турција и во Сирија. Се носат облека, ќебиња, греалки, хигиенски средства, вода, млеко, конзерви и други намирници за помош на настраданите од природната катастрофа.  Турски студенти, кои […]

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија


Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира […]

Поддршката за членство во ЕУ падна под 50 отсто


  Ставот на граѓаните дека „влезот во ЕУ е добра работа“ падна под 50 отсто и тој сега изнесува 49 проценти, покажа редовната анкета „Еврометар“ на „Евротинк“. Тоа е драматичнен пораст на евроскептицизмот (за 20 отсто) во Македонија во однос на анкетата на „Евротинк“ од претходната година. Резултатот од анкетата спроведена во декември од „Брима“ […]

„Мајкрософт“ го претстави новиот пребарувач „Бинг“ засилен со „Чет Џи-Пи-Ти“


  „Мајкрософт“ ја објави новата верзија на својот пребарувач „Бинг“, кој го вклучува најновото во вештачката интелигенција. Ремонтот ја користи технологијата „Чет Џи-Пи-Ти“ (ChatGPT) на OpenAI, која го освои светот од нејзиното лансирање минатата година. Овој потег е убедливо најголемата закана што „Гугл“ (Google) ја видел за својата доминација во веб-пребарувањето – и го означува […]

Зеленски пристигна во неочекувана посета на Лондон


  Британскиот крал Чарлс Трети денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од Бакингемската палата. Зеленски денеска пристигна во неочекувана посета на Велика Британија. Украинскиот претседател ќе има разговори со британскиот премиер Риши Сунак. Зеленски, исто така, треба да се обрати во британскиот парламент и да се сретне […]

Надежта за преживеани бледнее, бројот на жртвите од земјотресот надмина 11.000


  ГАЗИАНТЕП, Турција – Додека надежта да се пронајдат преживеани се намалува, спасувачките тимови работеа цела ноќ во Турција и Сирија, барајќи знаци на живот во урнатините на илјадници згради урнати од катастрофалниот земјотрес. Бројот на загинати во средата се зголеми на повеќе од 11.000 во најсмртоносниот земјотрес во светот во повеќе од една деценија. […]

Повторно дојава за бомби во 12 скопски училишта, но и во Ист Гејт, Скопје сити мол, МРТВ…


Неколку скопски училишта и денеска добија дојава за поставени експлозивни направи.  Дојава стигнала во средното училиште „Владо Тасевски“, како и во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“. Веројатно дојава имаат добиено и други училишта. Полицијата е на терен и ги пребарува објектите, а учениците и вработените повторно се евакуирани. Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 […]

Советот на Европа утврди дека нема дискриминација врз Бугарите кај нас


По долга и жолчна расправа во Стразбур, Комитетот на министри на Советот на Европа на денешната седница ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.     Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, […]

Стела Макартни одликувана од Чарлс Трети за значаен придонес во одржливата мода


Англија– Модната креаторка Стела Макартни (51) во замокот Виндзор беше одликувана со специјално признание за придонес во одржливата мода од новокрунисаниот крал на Велика Британија Чарлс Трети. Признанието кое што е познато како CBE (Commander of the Order of the British Empire) претставува едно од највисоките одликувања, покрај витешкото, што еден крал може да го […]

Дебата за Србија и Косово утре во Европскиот парламент


Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе расправа за извештаите за Србија и Косово, во кои ја повторуваат целосната поддршка за специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повикуваат Србија и Косово да работат во духот на компромисот да се постигне сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на […]

Од полноќ поевтинува дизелот


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за […]

До 600.000 денари грант за малите производители на храна


Бизнис план во земјоделството и поддршка за малите дестилерии, се двете нови мерки кои стартуваат оваа година, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Како што истакна Николовски пред средбата со членовите на „Алијанса Премиум“, годинава ќе продолжи и финасиската поддршка за малите семејни винарии. -Новата мерка „Бизнис план во земјоделството“ ќе […]

Вкупната трговска размена лани 20,4 милијарди евра, трговскиот дефицит 3,8 милијарди евра


Вкупната трговска размена минатата година изнесувала 20.424.810.000 евра. Извезена е стока во вкупна вредност од 8.299.582.000 евра, а увезена е стока во вредност од 12.125.228.000 евра, објави Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, извозот бележи пораст од 19,9 проценти, а увозот од 25,8 проценти. Трговскиот дефицит изнесувал 3.825.646.000 евра. Според вкупниот обем на надворешно-трговска […]

АД ЕСМ од почетокот на годинава произведе за 40 отсто повеќе струја од истиот период лани


Во периодот од 1 јануари до 7 февруари годинава АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 мегават часови електрична енергија, што е за 40 отсто повеќе споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, информираат од компанијата. -Планот за производство за 2023 година заклучно со […]

Во Бугарија обвинeт поранешен министер затоа што не му плаќал на „Гаспром“ во рубљи


  Поранешниот министер за енергетика Александар Николов беше повикан во Националната истражна служба, каде што беше покренато обвинение против него поради одбивањето на Бугарија да му плати на „Гаспром“ во рубли додека трае инвазијата на Украина. Ова го соопшти неговата адвокатка Ина Лулчева по распитот на Николов. Тој беше министер во владата на Кирил Петков. […]

Ковачевски се сретна со канадскиот специјален пратеник за ЕУ


Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако. На состанокот е изразена јасна поддршка за правецот во којшто се развива нашата држава и очекување дека Македонија ќе продолжи со натамошните чекори во евроинтеграциите, по членството во […]

Федерер ќе биде коментатор на Вимблдон


Англија- Роџер Федерер би можел да се врати на Вимблдон веќе следната година, во улога на коментатор. Како што пренесува британски „Телеграф“, преговорите се во напредна фаза за Федерер да се приклучи на тимот на Би-Би-Си, кој сака да ја подигне покриеноста на Вимблдон на уште повисоко ниво оваа година. За таа цел ќе биде […]

„Извлечете нѐ. Ќе ти бидам слугинка“: Драматично спасување на две мали сестри во Сирија


  Две деца заглавени меѓу бетон во остатоците од нивниот дом во северна Сирија се спасени повеќе од 36 часа откако земјотресот во понеделникот го зароби нивното семејство додека спиеја. „Извлечете ме одовде, ќе сторам сѐ за вас“, им шепоти постарото дете на спасувачите кои на видеото се гледаат како клечат во урнатините на домот […]

Комеморација за Милан Завков: Неговaта музика е незаборав


Милан Завков зад себе остави голем број на композиции кои се неизбришлив дел од македонската фолклорна музичка ризница и кои уште долго ќе се изведуваат на сцените и ќе бидат дел од нашето секојдневие. Тој беше брилијантен инструменталист и еден од нашите најголеми виртуози. Во иднина допрва ќе се слави неговиот лик и дело. Ова […]