Вкупната трговска размена лани 20,4 милијарди евра, трговскиот дефицит 3,8 милијарди евра


Вкупната трговска размена минатата година изнесувала 20.424.810.000 евра. Извезена е стока во вкупна вредност од 8.299.582.000 евра, а увезена е стока во вредност од 12.125.228.000 евра, објави Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, извозот бележи пораст од 19,9 проценти, а увозот од 25,8 проценти.

Трговскиот дефицит изнесувал 3.825.646.000 евра.

Според вкупниот обем на надворешно-трговска размена, најмногу земјава тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.