Зеленски: Ситуацијата во Бахмут е се потешка


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа призна дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува. -Ситуацијата станува се посложена, рече тој во редовното дневното обраќање до сонародниците. „Непријателот систематски уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, додаде тој, нарекувајќи ги украинските војници кои учествуваат во таа битка „вистински херои“. […]

Шмит го суспендира Законот за имот на РС, Додик најави дека нема да ја почитува одлуката


Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, вчера го суспендираше Законот за недвижен имот, што властите на Република Српска (РС) го усвоија кон крајот на минатата година со цел да ја преземат сопственоста врз недвижниот имот што и припаѓа на државата. Спорниот закон требаше да стапи во сила денеска, а суспензијата трае до одлуката […]

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет


Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет вечер и на 2-ри март со почеток во 20:00 часот. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на […]

Конференција „Дали Република Северна Македонија е фер земја?“


Во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе одржи конференција на тема: „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“. Како што најавуваат од КСЗД, на конференцијата се очекува да се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за труд и социјална политика Јована […]

Ковачевски подготвен да биде домаќин на средбата Вучиќ-Курти


  Премиерот Димитар Ковачевски е подготвен да биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти како дел од преговорите меѓу Белград и Приштина, кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, на 18 март во Северна Македонија, потврдија за МИА од Владата. На средбата, како што е […]

Владата денес ќе одлучува за цената на лебот


Цената на белиот и полубелиот леб од денеска ќе се замрзне, а по донесувањето на ваквата одлука треба да изнесува максимум 33 денари. Но, ако тоа се случи, мелничарите најавуваат дека ќе го прекинат производството. Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од […]

Презентација на студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата“


Во Скопје денеска ќе биде презентирана студијата за „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“. Настанот го организира УНИЦЕФ во рамките на заедничката иницијатива на УНИЦЕФ, УНДП и ФАО „Identifying Systemic Pathways for Responding to the Global Crisis on Food, Energy and Finance in North Macedonia“, што се […]

Претежно облачно, попладне со врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, наместа пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. […]

Кои се новите министри во Владата


На предлог на премиерот Димитар Ковачевски, доцна синоќа, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра четворицата нови министри: Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда; Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство; Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество […]

Конечно избрани новите министри во Владата, мнозинството беше 65


  Нешто по 23 часот пратениците во Собранието дадоа зелено светло за реконструкција на Владата на премиерот Димитар Ковачевски по двонеделна дискусија за разрешувањето на министрите од Алтернатива и за именувањето на новите министри од новиот коалициски партнер, Алијанса за Албанците. Салата беше полна со пратеници, вкупно 114 присутни, но претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, иако беа […]

Детали од новиот трговски договор за Северна Ирска што го склучија ЕУ и Велика Британија


Велика Британија и ЕУ денеска соопштија дека склучиле нов трговски договор за Северна Ирска по Брегзит, во обид да стават крај на спорот што ги засени односите меѓу Брисел и Лондон. Договорот беше постигнат за да се надминат тензиите предизвикани од протоколот за Северна Ирска, сложен систем на трговски правила кои се однесуваат на британската […]

Едно од најголемите некогаш родени бебиња имаше 7,3 кг, еве како изгледа сега


  Американецот Кевин Кларк роден е во 1983 година во Њу Џерси, а тежеше 7,3 кг па влезе во историјата како најголемо бебе некогаш родено во таа американска држава , но и во светот. Неговата мајка Патриша Кларк беше шокирана кога прв пат го виде и се пошегува дека мора да му купи нови алишта, […]

Светска банка: Земјотресите во Турција предизвикаа штета од над 34 милијарди долари


Земјотресот со јачина од 7,8 степени и бројните последователни потреси што ја потресоа јужна Турција од 6 февруари, предизвикаа штета од над 34 милијарди долари, процени денеска Светската банка. Од таа институција изјавија дека во проценката не се земени предвид трошоците за реконструкција, кои веројатно се двојно повисоки. Исто така, не се земени предвид штетите […]

(Видео) Големо невреме во Струмица, улиците под вода


Силно невреме ја зафати Струмица, пишува „Струмица Денес.” Обилните дождови предизвикале поплави по улиците. Интензивно паѓал и град, но засега нема големи штети од него. Невремето било проследено со електрични празнења и силни грмежи. Вечерва околу 20 часот Струмица ја зафати силно краткотрајно невреме проследено со обилен дожд, град и мраз и силни електрични празнења. Според […]

„Билд“: САД и Германија ѝ дале на Украина шест месеци да ги поврати териториите


  Украина има рок од шест месеци да ги врати териториите окупирани од Русија. Западот потоа ќе се обиде да го натера Киев на мировни преговори, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори во американската и германската влада. Според нив, тоа ќе се случи доколку вооружените сили на Украина не постигнат значителен успех на […]

Згасна проектот за првиот соларен автомобил


Еден месец по информацијата за стечај и последниот повик за помош, компанијата престанува со работа. Судејќи по епилогот, минатомесечната најава за соработка со производителот NedCar не вроди со плод, а не вроди со плод ниту буквалниот повик за помош испратен до фановите на брендот претходно. Околу 45.000 резервации не беа доволни за да се обезбедат […]

Вучиќ: Важниот состанок ќе биде на 18 март во Македонија


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со шефот на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека денеска не разговарале за европскиот предлог за решавање на косовското прашање, но имплементација на претходно постигнатиот договор, каде на прво место е […]

Мигрант кој преживеа бродолом во Италија: Криумчарите ги фрлаа децата в море


  Мигранти кои го преживеаја бродоломот во близина на италијанскиот брег ги обвинија криумчарите, односно трговците со луѓе, дека фрлале деца во морето за да ја намалат тежината на бродот и на тој начин полесно побегнале на крајбрежната стража. Инаку, вчера потона брод со мигранти при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу кои и деца. […]

Рама: Не барајте Кинези, Руси, Марсовци зад Отворен Балкан


Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека денеска, премиерот на Црна Гора во технички мандат, Дритан Абазовиќ, изразил намера да организира неформален самит на иницијативата Отворен Балкан во Црна Гора во јуни годинава, и оцени дека оваа иницијатива е „неопходна и комплементарна“ на Берлинскиот процес. – Му благодарам на Абазовиќ за изразената желба да го […]

Тешка средба меѓу Вучиќ, Курти и европските функционери


  Вечерва во Брисел заврши клучната средба на која се разговараше за односите меѓу Србија и Косово и француско-германскиот план. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ,  разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, за идните односи меѓу Белград и Приштина, според предлогот на претставниците на Франција и Германија, а кој е поддржан од САД. „Тешка средба. […]