Конечно избрани новите министри во Владата, мнозинството беше 65

Нови министри се Кренар Лога (правда), Фатмир Меџити (здравство), Азир Алиу (информатичко општество и администрација) и Каја Шукова (екологија)


Новите министри даваат заклетва (Фото: Б. Грданоски)

 

Нешто по 23 часот пратениците во Собранието дадоа зелено светло за реконструкција на Владата на премиерот Димитар Ковачевски по двонеделна дискусија за разрешувањето на министрите од Алтернатива и за именувањето на новите министри од новиот коалициски партнер, Алијанса за Албанците.

Салата беше полна со пратеници, вкупно 114 присутни, но претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, иако беа во свите фотелји, не гласаа никако. Кренар Лога како министер за правда доби 65 гласови, Фатмир Меџити како министер за здравство доби 64 гласови. За новиот министер за информатичко општество, Азир Алиу, гласаа 65 пратеници, додека за Каја Шукова, која доаѓа од СДСМ, за министер за екологија се изјаснија исто така 65 пратеници.

Немаше гласови ни против ни воздржани. 

Фото: Б. Грданоски
Димитар Ковачевски и Али Ахмети (Фото: Б. Грданоски)
Фото: Б. Грданоски

Но за следната точка, разрешување на замениците-министри за збор се пријави речиси целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. За разрешувањето има пријавени 40 дискутанти.

За оваа точка ќе се расправа утре во 14 часот. Спикерот најави дека седницата ќе трае подолго од вообичаеното. Расправата е за сите предлози за разрешување, додека гласањето е поединечно. После таа маратонска дебата за разрешување, ќе има и друга дебата – за именување на нови заменици-министри.