Едно од најголемите некогаш родени бебиња имаше 7,3 кг, еве како изгледа сега


 

Американецот Кевин Кларк роден е во 1983 година во Њу Џерси, а тежеше 7,3 кг па влезе во историјата како најголемо бебе некогаш родено во таа американска држава , но и во светот.

Неговата мајка Патриша Кларк беше шокирана кога прв пат го виде и се пошегува дека мора да му купи нови алишта, оти оние кои ги купиле ќе му бидат мали.

Кевен сега има 40 години и во текот на растењето секогаш бил повисок од другите деца на своја возраст. На 12 години бил висок 170 см, а само неколку годни подоцна бил висок 195 см.

Денес е 205 см висок и има 136 кг. Вели дека луѓето го застануваат на улица, не затоа што некогаш одамна беше главна вест, туку поради неговата импресивна појава.

Кевин се жали дека автомобилите му се претесни, тушевите прениски, а мора да се наведнува кога влегува во некои простории.