Бизнис заедницата има клучна улога во заштитата на животната средина


Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера – „Fostering sustainable ways to work in the new digital era – SustainABLE“ e проект на Центарот за климатски промени како одговор на Зелениот договор на ЕУ за справување со климатската криза. Кога станува збор за заштита на животната средина, намалувањето на јаглеродниот отпечаток како и […]

Маричиќ: Време е со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме околу уставните измени


Мислам дека е време и со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме, дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, да почне суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам, на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека […]

Северна Кореја истрела балистичка ракета


Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Потегот на Северна Кореја доаѓа пред претстојните заеднички вежби на САД и Јужна Кореја во Вашингтон следната недела. – Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источното Море, изјави началникот на здружениот генералштаб на Јужна […]

Американската армија купува артилериска муниција за речиси милијарда долари


  Американската војска објави договор вреден речиси милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција од 155 милиметри, која Украина ја користи во големи количини. Воените компании General Dynamics Ordnance&Tactical Systems и American Ordnance ќе се натпреваруваат за поединечни нарачки на муниција во рамките на договорот во вредност од 993,7 милиони долари, се наведува […]

Економската писменост помага граѓаните да бидат подобро информирани


    Во организација на Институтот Либерална алтернатива и Иницијатива за економски основи од САД денеска во Тетово започна конфенцијата за економска писменост и образование #EconLit2023. Целта на конференцијата е да промовира поголемо разбирање на економските концепти и да го поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во Северна Македонија. –Идејата за овој проект е да се зголеми писменоста од економска […]

Ангеловска-Бежоска – Зимер: Новото законско решение придонес за јакнење на финансиската стабилност


Новиот Закон за финансиска стабилност придонесува за натамошно јакнење на финансиската стабилност преку формално воспоставување на Комитет за финансиска стабилност, со кој претседава гувернерот на Народната банка, а има претставници од сите финансиски регулатори. Комитетот е  надлежен за координирано следење на состојбите во финансискиот систем и преземање на активности за спречување или намалување на системските […]

Властите во Дамаск ја блокирале помошта за областа под контрола на опозицијата


Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) апелираше да се овозможи испорака на помош од Дамаск во северозападниот дел на земјата, која е под контрола на опозицијата. – Се обидовме да влеземе во Идлиб преку демаркационата линија и досега, за жал, бевме блокирани, изјави Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот и Средниот Исток. – […]

Никола Мицевски со солистички концерт во Велес


  На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, вечерва во 20:00 часот ќе одржи солистички концерт Никола Мицевски заедно со велешкиот хор „Св Кирил и Методиј“. Како гостин е најавен гитаристот Дамјан Пејчиновски, информираат од Општина Велес кои се организатори на концертот. Мицевски ќе го промовира својот најнов албум „Нова ера“ со […]

Ковачевски-Вучиќ: Србија и Северна Македонија се залагаат за стабилен просперитетен регион


  Заложбите на Србија и Северна Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион, беа теми на разговор на денешната средба во Минхен меѓу премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на 59. Минхенска безбедносна конференција.  Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите […]

Тројца преживеани, меѓу кои и едно дете, извлечени од под урнатините во Антакија


Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете. По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница. Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и […]

Ковачевски: Нема алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања


Северна Македонија имаме јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски во Минхен, каде учествува на 59-та Минхенска безбедносна конференција. Премиерот појасни дека Северна Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и […]

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 45.000 лица


Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800. Турските спасувачки тимови и денеска продолжуваат да […]

Во јануари лиценци добиле нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати


Во јануари нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби. Дел […]

ВМРО-ДПМНЕ: На ден пред откажување на еврообврзницата Владата се задолжила со камата од 5,25 отсто


На 14 февруари, ден пред јавноста да дознае за откажувањето на еврообврзницата, се одржа аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25 отсто, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.  Токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од […]

Приведен крадец баран по потерница, осуден на 20 години казна затвор


  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера на булеварот „Борис Трајковски“ го лишиле од слобода Т.Б. (36) од Штип кој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Според МВР, Т.Б. бил баран по централна потерница врз основа на […]

На Попова Шапка 33 сантиметри снег


На Попова Шапка утрово се измерени 33 сантиметри снег. Во Маврови Анови снежната покривка е 11 сантиметри, а во Лазарополе пет, информира УХМР. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура на повеќе места ќе биде над […]

Трагедија: Поранешен играч на Челзи и Њукасл пронајден мртов под урнатините од земјотресот во Турција


Тажна и трагична вест доаѓа од Турција. Поранешниот фудбалер на Челзи и Њукасл, 31-годишниот Кристијан Атсу е пронајден во урнатините по земјотресот што минатата недела ја погоди Турција, но за жал не преживеал, јавуваат турските медиуми. Веста ја соопшти неговиот агент Мурат Узунмехмет кој на Твитер објави дека фудбалерот од Гана е пронајден и е […]

Невидлив за институциите, непознат за граѓаните – некогашниот турски амам во Струга се распаѓа


Некогаш најпосетуван објект, симбол на градот, а денеска оставен на „забот“ на времето, изгубен во институционалниот лавиринт – турскиот амам „Мустафа Челеби“ во Струга сè уште ја води битката за негова ревитализација и приказ пред јавноста. Некогашниот амам што во превод од турски значи бања, каде мажите и жените од сите националности оделе да уживаат во […]

Европратениците бараат побезбедно возење велосипед, повеќе патеки и паркинзи


  Европската комисија треба да развие европска велосипедска стратегија која ќе го удвои бројот на поминати километри со велосипед во Европа до 2030 година, ќе обезбеди поголем број велосипедски патеки и паркинг места и ќе ја зголеми безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, се вели во резолуцијата изгласана ова недела од Европскиот парламент. Во резолуцијата усвоена […]

Катарски шеик подготвен да плати 4,82 милијарди долари за Манчестер јунајтед


Сопственикот на „Катар Исламска банка“, една од најголемите банки во Катар, шеикот Џасим бин Хамад Ал Тани е подготвен да плати 4,82 милијарди долари за Манчестер јунајтед, објавија некои медиуми во Велика Британија. Претходно се дозна дека купувањето на англиски клуб може да биде рекорд во историјата на спортот. Моменталниот рекорд е 4,5 милијарди долари […]