Ковачевски во Минхен се сретна со Лајен, Шолц, Столтенберг и Пелоси


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција имаше средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси. – Срдечна средба со претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лејен. […]

Британскиот милијардер Ретклиф даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед


Нафтена компанија „ИНЕОС“ во сопственост на британскиот милијардер Џим Ретклиф, даде официјална понуда за купување на Манчестер јунајтед. – Потврдуваме дека Сер Џим Ретклиф и „INEOS“ дадоа понуда за купување на Манчестер јунајтед. Се гледаме себеси како долгогодишни чувари на клубот во име на навивачите и јавноста. Амбициозни сме и посветени да инвестираме во Манчестер […]

„Корендон“ повторно ја активира сезонската авиолинија од Мастрихт до Охрид


Холандскиот тур-оператор „Корендон“ што располага и со сопствена авионска флота, за престојната туристичка сезона повторно ја активира директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид. Согласно донесената одлука, засега е предвидено авионите на „Корендон“ од јужниот холандски град повторно да летат до охридскиот аеродром во периодот од 7 јули до 1 септември. Покрај Охрид како […]

Претставена македонската автохтона кокошка црцорка 


  Во кавадаречкото село Ваташа денеска беше промовирана македонска автохтона кокошка, во организација на здружението за одгледување на украсни птици и ситни домашни животни „К`днче“ од Кавадарци и д-р Перо Пењушков. Се работи за македонска автохтона кокошка – црцорка и џуџеста црцорка.     Д-р Пењушков дваесет години работел на стандардизација. Тој порача да се зачува […]

Без вода дел од Драчево, намален притисок во Долно Лисиче


  Поради уличен дефект, без вода денеска од 14:30 часот се корисниците на улиците „Румена Хаџипанзова“, „Антон Димитров“, „Коперникова“, „Јанко Мишиќ’ во населбата Драчево. Намален притисок, пак, ќе имаат корисниците во Долно Лисиче, информира ЈП Водовод и канализација Скопје.

Сунак: Вооружете ја Украина сега


Британскиот премиер Риши Сунак им порача на светските лидери дека сега мора да ја вооружат Украина и да се зафатат со зајакнување на нејзината долгорочна иднина против понатамошна руска агресија. Британскиот премиер, во денешниот говор на Минхенската безбедносна конференција, имаше двојна порака за Западот, јави ДПА. Тој рече дека на Украина и е потребна воена […]

Велешанец ѝ покажувал порнографски материјал на малолетничка


Полициски службеници од СВР Велес денеска го привеле Р.Б.(52), кој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје и пуштал фотографии со експлицитна содржина, соопшти МВР. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на […]

Канаѓанката Жермен сензационална победничка на слаломот на СП во Франција


Скијачката од Канада, Лоренс Сент-Жермен направи големо изненадување со победатат на денешниот слалом возен на Светското првенство во Куршевел и Мерибел. Лоренс која до денес најдобар пласман на една слаломска трка и беше 6.место, денешните две трки ги заврши со вкупно време 1:43,15 минута. Големата фаворитка за триумф, Микаела Шифрин (САД) беше водечка по првото […]

Кина ќе претстави мировна иницијатива за Украина


Кина денеска соопшти ќе претстави мировна иницијатива за ставање крај на едногодишната војна во Украина, заснована на дијалог меѓу завојуваните страни и почитување на територијалниот интегритет. – Кина нема да стои настрана или да долева масло на огнот, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на безбедносна конференција во Минхен. – Ќе продолжиме да […]

САД формално ја обвинуваат Русија за злосторства против човештвото во Украина, вели Харис


Соединетите Држави утврдија дека Русија врши злосторства против човештвото во Украина, објави во саботата заменик-претседателката Камала Харис, што е најновото салва во напорите на Западот да ја повика Москва на одговорност за нејзините злосторства за време на војната. Во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција, Харис наведе дека Русија е одговорна за „широк и систематски напад“ […]

Италија ќе се соочи со голема суша, областите околу реката По веќе се исушени


Италија може да се соочи со уште една година на тешка суша по малите врнежи оваа зима, а големи површини долж реката По веќе се суви што предизвикува загриженост за земјоделството, хидроенергијата и водата за пиење, пишува „Гардијан“. Весникот наведува дека огромни области околу реката По, најдолгата река во Италија која минува низ неколку северни […]

Мицкоски: Покриеноста на увозот со извоз во 2022 година е најмала во последните осум години


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска посочи дека покриеноста на увозот со извоз минатата година била најмала во последните осум години, што, според него, се должи на „катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ“. „Покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика“, […]

Иванов на конференција во Берлин зборуваше за „преживување на демократијата


Општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси за 2022 година е дека светот станува сѐ помалку демократски. Демократијата секаде се соочува со опаѓање, а автократијата е во пораст, рече поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов во обраќањето на Светскиот форум за демократија и мир 2023 во Берлин. Иванов е еден од учесниците на […]

Евакуирани згради, затворени мостови… Бурата Ото ја погоди Скандинавија


Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани. Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на […]

Ковачевски во Минхен се сретна со директорката на ММФ, Георгиева


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо. Премиерот Ковачевски се заблагодарил што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите економски […]

Германска агенција за радијација: Ризикот од нуклеарна катастрофа во Украина сè уште е висок


Ризикот од катастрофа во нуклеарна централа во Украина поради борби или губење на надворешно напојување останува висок, и покрај тоа што заканата не е во фокусот на вниманието, изјави шефот на германската Федерална канцеларија за заштита од радијација. Инге Паулини рече дека постои значителен ризик да се случи несреќа што ќе има далекусежни последици сè […]

На ГП Богородица ги фатиле со пет килограми марихуана, едниот се обидел да побегне


  На граничниот премин Богородица полициски службеници вчера ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од гевгелиското село Негорци и Н.И.(26) од Гевгелија. При царинска контрола во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу пет килограми марихуана. Како што информира МВР, Т.Ј. се обидел да побегне, […]

Грчката полиција заплени 57 килограми кокаин вреден над 2 милиони евра


Грчката полиција запленила 57 килограми и 195 грама кокаин на атинското пристаниште Пиреас, а се проценува дека вредноста на дрогата надминува два милиони евра. Кокаинот, спакуван во 50 пакувања, бил скриен во делот за замрзнување во контејнер што пристигнал од Еквадор, а полицијата го открила по добиените информации за можно внесување на дрога во Грција […]

И во наредните денови пролетни температури


Продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината, сооптши УХМР. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе […]

Ковачевски – Калас: Соработката со Естонија за дигитална трансформација е важна за сајбер безбедноста


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на Минхенската безбедносна конференција остварија средба со премиерката на Естонија, Каја Калас. Премиерот Ковачевски на средбата со Калас упати благодарност до владата на Естонија за силната и гласна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во […]