Мицкоски: Покриеноста на увозот со извоз во 2022 година е најмала во последните осум години


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска посочи дека покриеноста на увозот со извоз минатата година била најмала во последните осум години, што, според него, се должи на „катастрофалните политики на владата на ДУИ поддржана од СДСМ“.

„Покриеноста на увозот со извозот во 2022 година е најмала во последните осум години, според државниот завод за статистика“, вели Мицкоски илустрирајќи го ова со податоци од кои се гледа дека во 2015 година покриеноста на увозот со извоз била 70,2 отсто, во 2016 година била  70,9 отсто, во 2017 година – 73,4 отсто, во 2018 година – 76,5 отсто, во 2019 година – 76,2 отсто, во 2020 година – 76,1 отсто, во 2021 година – 71,8 отсто, а ланската 2022 година само 68,4 отсто.