Никола Мицевски со солистички концерт во Велес


 

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, вечерва во 20:00 часот ќе одржи солистички концерт Никола Мицевски заедно со велешкиот хор „Св Кирил и Методиј“. Како гостин е најавен гитаристот Дамјан Пејчиновски, информираат од Општина Велес кои се организатори на концертот.

Мицевски ќе го промовира својот најнов албум „Нова ера“ со 40 – ттина врвни музичари, хористи на сцена.

Албумот е составен од различни музички жанрови.

Врвниот композитор и музичар Никола Мицевски е познат по тоа што изминатава деценија ја збогати домашната музичка сцена оживувајќи подзаборавени македонски песни во ново руво.