ВМРО-ДПМНЕ: На ден пред откажување на еврообврзницата Владата се задолжила со камата од 5,25 отсто


На 14 февруари, ден пред јавноста да дознае за откажувањето на еврообврзницата, се одржа аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25 отсто, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ. 

Токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од 12 милијарди денари.

„Ова покажува дека Македонија ја задолжиле многу скапо, односно ако во минатото каматната стапка од 5 отсто се даваа за рок на доспевање од 15 години, сега за 2 годишни државни обврзници плаќаат каматни стапки од 5,25 отсто.
Сега поради неспособноста на владата на Ковачевски имаме позајмување на скапи пари, нарушен углед пред меѓународните институции и дополнително поголем долг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.