Касами сака Тетово да биде монденско, со платформи за летни бавчи на реката Пена


    Општина Тетово организираше јавна дебата за можноста за можноста за поставување на платформи на коритото од река Пена за да можат угостители на лето да поставуваат маси и столици. Според градоначалникот ова е со намера Тетово да добие лик како монденските места. Тие платформи ќе ги прават сопствениците на угостителските објекти. -Сакаме да ги консултираме […]

Седница на Економско-социјалниот совет: Како до поедноставно ангажирање на сезонските работници


  Економско-социјалниот совет денеска ја одржа петтата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а покрај претставници на институциите беа присутни претставници на работодавците, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите, информираат од МТСП. На седницата, на дневен ред беа Годишниот извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2022 година, […]

Ердоган: Повеќе од 114.000 луѓе се спасени по земјотресот


Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за потрага и спасување по разорните земјотреси во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Работата за отстранување на урнатините привршува, 114.834 луѓе се спасени“, изјави Ердоган за локалната телевизија. Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги […]

Фонд за здравствено осигурување: Почна исплатата на платите на здравствените работници


Почна исплатата на платата на здравствените работници, информира попладнево Фондот за здравствено осигурување. Исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа. – ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од денеска започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат […]

Блумберг: Кина нема лесно да го убеди светот во својата неутралност во војната во Украина


Блумберг денеска објави дека една година откако прогласи неограничено партнерство со Русија, Кина сега се обидува да го убеди светот дека е неутрален актер кој може да помогне да се стави крај на војната во Украина. Агенцијата во својата најнова анализа наведува дека кинескиот државен советник Ванг Ји во следните денови треба да ја посети […]

Навални: Рускиот пораз во Украина е неизбежен


 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, затворен повеќе од две години, оцени дека воениот пораз на Кремљ е „неизбежен“ во Украина, во пресрет на годишнината од големата руска офанзива против таа земја. „Конечниот воен пораз (во Украина) сè уште може да биде одложен по цена на животите на стотици илјади мобилизирани (руски резервисти неодамна повикани од […]

Утре без вода улиците „Дамаска“, „Прашка“ и „Букурешка“


Поради дефект на приклучна цевка ф1“ на улица „Дамаска“ број 11б, утре без вода ќе бидат корисниците на оваа и дел од улиците „Прашка“ и „Букурешка“, гимназијата „Нова“, основното училиште „Нова“ и градинката „Нова“. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на дефектот.

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“


Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза, потврди за МИА директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани. Тој истакна дека се завршени сите процедури за одобрување на увозот на лекот и сега останува уште да се реализира постапката. Согласно претходните најави од Владата, во случајов станува […]

Објавен документарен филм за значењето на трската за биодиверзитетот на Охридското Езеро


Во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ од Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина […]

Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата


Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата. Претседателката на независниот синдикат при ГОБ „8 Септември“, Рената Ѓаконовиќ, рече дека денешниот мирен протест е организиран со цел да се изрази незадоволство поради неземена плата што требало да им биде исплатена на 10 февруари, меѓутоа доцни веќе десетина дена. – […]

Додека Бајден беше во Киев, најмалку два авакси кружеа близу полско-украинската граница (фото)


Најмалку два авиони за набљудување на американските воздухопловни сили Боинг Е-3Б Сентри (попознати како АВАКС) кружеа во близина на полско-украинската граница за време на денешната посета на американскиот претседател Џо Бајден на украинскиот главен град. Авионите Боинг Е-3Б Сентри работат како воздушни системи за рано предупредување и контрола. Авионите ги следат дојдовните закани, како што […]

Почна санацијата на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информира дека почнала санацијата на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”, па за помалку од четири месеци граѓаните ќе добијат функционален културен центар. Започнавме со реализација на најавениот проект за санација на Домот за култура ,,Билјана Беличанец”, кој на почеток од мојот мандат го затекнав во крајно лоша состојба, […]

Провоените руски блогери го критикуваат Кремљ поради посетата на Бајден на Киев


  Провоените руски блогери и новинари го критикуваа Кремљ затоа што не спречила американскиот претседател Џо Бајден да ја посети украинската престолнина Киев. Ветеранот на руската армија и поранешен офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Игор Гиркин рече дека Бајден може да биде однесен до Бахмут и ништо нема да му се случи. „Нема […]

Бајден доби плочка на Алејата на храброста


Претседателот на САД, Џо Бајден, доби плочка во Алејата  на храброста во Киев.  Патеката на храбрите беше поставена во Киев на иницијатива на претседателот на Украина Володимир Зеленски за 31-годишнината од независноста на земјата. Местото не беше случајно избрано, бидејќи беше на плоштадот на Уставот спроти Врховната Рада. На Алејата се наоѓаат плочки на неколку […]

„Masked Singer“- Николина Пишек ќе го води најраскошното шоу во регионот


Тв водителката и една од најдобро облечените јавни личности во регионот Николина Пишек (46), позната на македонската јавност по шоуто „Операција Триумф“ и лице од новогодишниот календар на „Тиквеш“ ќе го води најраскошното и најмистериозно ТВ шоу во регионот „Masked Singer“, потврди RTL. Во жирито кое ќе одлучува за најдобра маска се и Нивес Целзиус, […]

Занимање: инвеститор


Кога уредникот неодамна ми ја врати редактирана верзија на поглавјето за Адам Смит (од мојата нова книга „Визии на нееднаквоста“), забележав дека тој ја заменил формулацијата „стапка на добивка од капиталот“ на неколку места со „стапка на добивка од инвестицијата“ и „добивка од инвестираниот капитал“. Додека го враќав текстот во неговата оригинална форма, мислев дека […]

Русија знаела за посетата на Бајден на Киев


Соединетите држави ја известиле Русија дека Џо Бајден ќе го посети Киев неколку часа пред да замине, соопшти Белата куќа. „Ги информиравме Русите дека претседателот Бајден ќе отпатува за Киев“, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Тој рече дека тоа е направено неколку часа пред неговото заминување за да се избегнат конфликти. „Поради чувствителноста […]

Италија се соочува со закана од нова суша по уште една зима без дожд


Сувата зима во последните недели во Италија, со помалку од половина од вообичаените снежни врнежи на Алпите за оваа сезона, ги зголеми стравувањата од нова суша по вонредната состојба прогласена минатото лето, предупредуваат научниците и групите за заштита на природата. „Количината на вода во италијанските реки и езера е целосно недоволна“, соопшти денеска еколошката групација […]

Шефот на МАЕ предупреди на можен недостиг на енергија следната зима


  Шефот на Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), Фатих Бирол, предупреди на можен недостиг на енергија следната зима, бидејќи релативно малку течен природен гас (ЛНГ) влегува на пазарот, додека кинеската потрошувачка се очекува да се зголеми оваа година. Бирол изјави за Ројтерс дека европските влади минатата година донесоа голем број добри одлуки за да обезбедат […]

Почитувањето на етичкиот кодекс на функционерите е базична обврска, вели Грковска


  „Лице кое што би било задолжено за следење на етичкиот кодекс и лице задолжено на креирање на политики за добро управување е препорака да се има во секоја институција“, изјави вицепремиерката Славица Грковска на денешната презентација на Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите во јавниот сектор. Според неа, тоа не треба да биде одговорност […]