Провоените руски блогери го критикуваат Кремљ поради посетата на Бајден на Киев
Провоените руски блогери и новинари го критикуваа Кремљ затоа што не спречила американскиот претседател Џо Бајден да ја посети украинската престолнина Киев.
Ветеранот на руската армија и поранешен офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Игор Гиркин рече дека Бајден може да биде однесен до Бахмут и ништо нема да му се случи.
„Нема да бидеме изненадени ако дедото (тој не го бива за ништо друго освен за едноставни провокации) го доведат и во Бахмут… И НИШТО НЕМА ДА МУ СЕ СЛУЧИ“, иронично забележа Гиркин.
Гиркин го критикуваше Кремљ и руското Министерство за одбрана за, како што смета, „мекиот“ пристап кон руската инвазија на Украина.
Рускиот новинар Сергеј Мардан даде посилен тон, нарекувајќи ја посетата на Бајден „Демонстративно понижување на Русија“.
„Бајден во Киев (руски правопис). Демонстративно понижување на Русија“, напиша рускиот новинар Сергеј Мардан на својот канал на Телеграм. „Приказните за чудесната хиперсоника може да се остават за децата. Исто како магии за светата војна што ја водиме со целиот Запад“.
„Претпоставувам дека има паузи за ручек во света војна“, додаде тој.
Телеграмскиот профил управуван од припадниците на руската армија и поморската служба, Записки мичмана Птичкина, иронично забележа дека Бајден стигнал до Киев пред рускиот претседател Владимир Путин.
„Речиси една година по почетокот на Специјалната воена операција, во рускиот град Киев го чекаме претседателот на Руската Федерација, но не и [претседателот на] САД“.
Имаше и други кои беа помалку критични.
Рускиот воен дописник Јуриј Котенок тврди дека сирената за воздушен напад одекнала додека Зеленски и Бајден излегле од катедралата на „Св. Михаил“ беше „измама“, додека Борис Рожин од Центарот за воено-политичко новинарство рече дека Бајден ја посетил само затоа што добил гаранции дека никој нема да пука во него.
„Вреди да се потсетиме дека американските претседатели ги посетија своите марионети во Виетнам, Ирак и Авганистан. Знаеме како тоа заврши за САД“, додаде Рожин.