Касами сака Тетово да биде монденско, со платформи за летни бавчи на реката Пена


 

Општина Тетово организираше јавна дебата за можноста за можноста за поставување на платформи на коритото од река Пена за да можат угостители на лето да поставуваат маси и столици. Според градоначалникот ова е со намера Тетово да добие лик како монденските места. Тие платформи ќе ги прават сопствениците на угостителските објекти.

-Сакаме да ги консултираме граѓаните, во делот на реката Пена, предлагаме да има тераси за ресторани, кафулиња, да можат да имаат развој сите тие кои се покрај реката и се надеваме дека тоа ќе биде дополнително за изгледот и убавината на реката. Тоа е во континуитет на ослободување на јавните простори кои ги ослободува општината, но не сакаме да ги ограничиме бизнисите, фирмите рестораните и кафулињата за да можат да ги користат јавни простории, изјави Биљал Касами.

На новинарско прашање дали е контрадикторно да се има заложба на едно место да се прави заложба за ослободување на јавен простор, а на друго место да се дозволи, Касами со одговор дека платформите ќе бидат над речниот водотек.

-Ние ќе пазиме да не биде ограничено движењето кај реката како што има во сите монденски градови, како во Охрид, сакаме да дадеме развој на река Пена со тоа што ќе ги ослободиме јавните простори, а истовремено на фирмите на рестораните и на кафулињата ќе им дадеме можност да го користат просторот кој во моментот не се користи од граѓаните, изјави Касами.

На дебатата имаше само едно прашање. Граѓанин побара одговор дали ќе им биде овозможено и на угостителите од други делови на градот да постават платформа, за што од претставник на општината му беше одговорено дека замислено тоа да биде можност за тие што имаат локали во непосредна близина на речното корито.