Ердоган: Повеќе од 114.000 луѓе се спасени по земјотресот


Мустафа Четин е спасен на 14 февруари од урната зграда 198 час по земјотресот

Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за потрага и спасување по разорните земјотреси во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Работата за отстранување на урнатините привршува, 114.834 луѓе се спасени“, изјави Ердоган за локалната телевизија.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Сирија и Турција.

Потрагата и спасувањето се завршени, освен во провинциите Кахраманмараш и Хатај.