Денес две седници- за реконструкција на Владата и за пратенички прашања


  Собранието за денеска има закажано две седници. Во 10 часот треба да ја продолжи 104. седница на чиј дневен ред е реконструкцијата на Владата, а во 11 часот е закажана нова седница за пратенички прашања.  Доцна синоќа беше прекината 104. седница на која се расправа за разрешувањето на министрите, а на оваа седница е […]

Во Белград одбележана 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово


  Петнаесетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово беше одбележана на 22 февруари во Белград, во организација на Канцеларијата за врски на Приштина во овој град, потврди пратеникот во Собранието на Србија, Шаип Камбери, како и советничката на косовскиот премиер Ардита Синани, која е и поранешна претседателка на општина Прешево во Србија. Околу ова Камбери […]

Стилистката на Бијонсе ќе ја облекува Барби


САД– Од 1959 година, Барби отсекогаш била синном за стил. Кој би можел да ги заборави греалките за нозе во 80-тите и  со големи фризури барбики од 90-тите. Сега, скоро 65 години откако првпат се појави на пазарот, Барби ги здружува силите со наградената со Еми костимографка и стилистка Зерина Акерс за уште едно сериозно […]

Сѐ уште не правиме разлика меѓу репрезентативна култура и невкус: Интервју со Зоран Анчевски, поет и преведувач


  „Колку повеќе се отуѓуваме, алиенираме од светот и од себеси, толку повеќе јазикот го разбираме како уште едно средство за изразување на нашите потреби, но не и како средство за осознавање на тие потреби. Без претерување, наскоро раскошните класични описи на трпезата може да ни се претворат во „њам-њам“ со можна додавка на уште […]

„Кајмак“ на Манчевски со истовремена европска премиера во Португалија и во Србија


Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ќе има европска фестивалска премиера во иста недела на два реномирани фестивали. „Кајмак“ на 2 март ќе има премиера како еден од деветте филмови во главната конкуренција на 43. издание на Меѓународниот филмски фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија. Во исто време, „Кајмак“ е во главната програма и на 51. издание на легендарниот […]

Украина: Година дена потоа, новинарите се уште се на првата линија на фронтот


Украина- Конфликтот во Украина, за кој медиумите нашироко пишуваат, ги изненади уредништавта, а пред се новинарите кои се навикнати на воено известување од теренот, затоа што мораа да се прилагодат на неговото долготраење и невидената сила, како и на тешкотиите во проверката на некои информации. За една година „12.000 украински и странски новинари беа акредитирани […]

Повторно дојави за бомби во 14 училишта во Скопје


Неколку училишта во Скопје од утрово повторно се евакуираат, откако на електронските адреси пристигнала закана за поставени бомби.  Полицијата е на терен за безбедно да ги евакуира учениците и персоналот и да ги провери објектите. Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје е упатена закана за поставена […]

Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година


Белгија – Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година, вели во интервју за НОВА Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија (ЕК). Тој е во посета на Бугарија и денеска ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со вршителот на должноста премиер Галаб Донев и со министри. Домбровскис […]

ВМРО-ДПМНЕ: Омилената директорка на Груби потрошила два милиони евра за три сомнителни набавки


 ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Мерита Мустафи, директорката од Бирото за метрологија, која дала  акредитација на компанија во сопственост на лице кое работело како шалтерски вработен во семејната туристичка агенција на Груби, потрошила два милиони евра за три сомнителни набавки. -Тоа истата таа која има непријавена хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2. Мерита Мустафи очигледно […]

 „Поместени граници“ – изложба на ДЛУМ во Домот на АРМ


 Во галерискиот простор во Дом на АРМ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се отвори седмото издание на изложбата „Поместени граници“, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа изложба е дел од годишната програма на ДЛУМ. Годинава кураторскиот концепт на изложбата го постави Уметничкиот совет на ДЛУМ, а темата е […]

Повторно заедно на интерактивни и иновативни детски претстави во Мој театар – Сити театар


Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека започнува четвртиот циклус на иновативни претстави, кои ќе се одржуваат секоја недела во рамки на “Мој театар – Сити театар” запонувајќи од 26.02.2023 година.   Во текот на изминатите 3 циклуси на Сити театарот успеавме заедно со нашите посетители преку купување на билет […]

Почина еден од бранителите на „Азовстал“, шест месеци беше во заробеништво на Русите


  Почина Олех Мудрак, командант на Првиот баталјон на полковништвото Азов, потврди неговиот внук Данило на својот Инстаграм. Олех Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво, преживеа екслозија во логорот за воени заробеници „Оленивка“. Од руското заробеништво беше пуштен во септември лани. Неговиот внук не ја откри причината за смртта, пишува „Украинска правда“. Олех Мудрак […]

23 февруари во историјата – Американското знаме е подигнато на Иво Џима


  23 февруари 1945 година: За време на крвавата битка за Иво Џима, американските маринци од третиот вод, Е чета, 2. баталјон, 28. полк од 5. дивизија го зазедоа врвот на планината Сурибачи, највисокиот врв на островот и најстратешката позиција и го подигнаа знамето на САД. Фотографот на маринците Луис Ловери беше со нив и […]

Бројот на загинати во земјотресот во Турција се искачи на 43.556


  Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција овој месец се искачи на 43.556, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Сојлу  за телевизијата ТРТ Хабер изјави дека по првиот земјотрес на 6 февруари следеле уште 7.930 последователни потреси. Наведе дека над 600.000 станови и 150.000 деловни простории претрпеле штета. Силни […]

Франција воведува „невидени“ ограничувања за вода по најсувата зима во последните 64 години


Франција се подготвува од март да воведе ограничувања за потрошувачката на вода во делови од државата, што е потег без преседан за овој период од годината по најсувата зима во последните 64 години, изјави министерот за животна средина Кристоф Бешу. Франција забележа 32 дена без дожд, објави метеоролошката служба Метео-Франс. Рестрикции има во 87 општини […]

Османи ќе се обрати на Специјалната итна седница на Генералното собрание на Обединетите нации


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се обрати на 11. Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.  Османи во обраќањето пред ГС на ОН ќе стави акцент на воената агресија на Русија врз Украина, со барање да запре војната и страдањата на луѓето, а ќе се осврне и на главните […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Во САД температурите се спуштаат и до минус 45


САД- Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми. Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови. Налетите на ветрот би можеле […]

Македонците над европскиот просек според познавањето странски јазици


Северна Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните. Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 […]

Учесниците на 54. Светска галерија на карикатури на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биеналето на цртеж Скопје 2022. Во претседателскиот Кабинет денеска ќе биде поставена и изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури. Годинашната изложба на дела од 54. Светска […]