(Видео) Поранешниот пејач на „Секс пистолс“ не успеа да победи за Евросонг во Ирска


  Поранешниот пејач на „Секс Пистолс“, Џони Лајдон (67), попознат како Џони Ротен, се обиде да избори настап на Евросонг оваа година, но не успеа. Ротен настапи на изборот на песна за Евровизија во Ирска, со песната „Хаваи“, која ја посвети на својата сопруга Нора, која болегува од Алцхајмерова болест, и сакаше со неа да […]

Четири исчезнати лица на Кожув пронајдени во координација со локалните структури


  Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи. – Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот […]

Краделе од рудник на РЕК Битола


Во саботата во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле […]

„Емирати“ направи успешен лет на одржливо воздухопловно гориво


  Авиокомпанијата „Емирати“ изврши успешен пробен лет на Боинг 777 движен со одржливо воздухопловно гориво, објави компанијата претходно оваа недела. Главниот оперативен директор на „Емирати“, Адел Ал Реда, го опиша летот како „пресвртница“, објави француската новинска агенција АФП. Авиокомпанијата со седиште во Дубаи користи одржливо воздухопловно гориво (SAF) од 2017 година, но овој пробен лет […]

Петков: Време е Софија и Скопје да се вратат на попозитивни работи


  Во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е важно перспективата да не се става само на тоа каков инцидент се случи и во исто време, додека се справуваме со јазикот на омразата, мора да се отворат и други теми како инфраструктурата и економијата, со цел односите да можат да имаат и позитивен карактер, изјави […]

Г7, ЕУ и Австралија воведоа ценовни плафони за рускиот дизел и другите нафтени деривати


  Групата седум најбогати земји (Г7), Европската унија и Австралија воведоа ограничувања на цените на рускиот дизел и другите нафтени деривати како дел од санкциите против Русија поради нејзиниот напад врз Украина. Мерката на ЕУ, која стапува на сила на 5 февруари, следи по претходното ограничување на цената на руската нафта, која Унијата, Г7 и […]

Реал поразен во Мајорка, се подалеку од одбрана на титулата


  Реал Мадрид е поразен со 1:0 на гостувањето кај Мајорка во натпреварот од 20. коло на шпанскиот шампионат. Натпреварот го реши со автогол Начо Фернандез во 13. минута. Реал сега заостанува пет бода зад лидерот Барселона која има и еден натпревар помалку. Реал мечот го започна без повредените Карим Бензема и Едер Милитао, потоа […]

Зоран Анчески ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2022 година


На пригодна свеченост одржана во Центарот за култура во Охрид денеска на поетот Зоран Анчески му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобро поетско дело  за  2022 година. Неговата поема „Коњски житија“ беше избрана за најдобра на конкурсот за најдобро авторско поетско дело што секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник.  Лауреатот […]

Скопска Апелација ја потврди првостепената пресуда за неисплатено грозје од „Повардарие“ кон откупен пункт


  По повеќегодишен судски спор, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената пресуда од Основниот суд – Велес за неисплатен долг на винарската визба во стечај „Повардарие“ кон откупниот пункт за грозје на „Ким охио компани“ во износ од 12.560. 000 денари.   Како што информираше денеска Ѓорѓи Бебеџаков, управител на фирмата со откупен пункт, со […]

Жена и дете пронајдени удавени во Егејско Море откако потонал мигрантски чамец кај грчкиот остров Лерос


Жена и дете се пронајдени мртви денеска во водите кај грчкиот остров Лерос, откако потонал гумениот чамец со кој група мигранти од Турција тргнале кон грчкиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража. Во операцијата на грчката крајбрежна стража спасени се триесет и три лица, меѓу кои и шест деца, и сите се пренесени во болницата во […]

Германија двојно ќе го зголеми бројот на работни визи за Западен Балкан


Германија планира двојно да го зголеми бројот на работни визи за луѓето од Западен Балкан, од сегашните 25.000 годишно на 50.000, јави денеска Дојче веле (DW). Во оваа насока германските синдикати предупредуваат дека странските работници може да бидат злоупотребени како евтина работна сила на своја штета, но и на штета на другите работници. Членката на […]

Киев: Руската војска регрутира жени од казнените колонии во Доњецката област


Руските сили во Украина  регрутираат осуденици од казнените колонии во окупираните региони на Украина за да помогнат во нивните воени активности, се вели во извештај на украинската војска. „За да ги надомести загубите во работна сила, непријателот се обидува да привлече осудени жени да учествуваат во војната. За една недела окупаторите регрутираа околу 50 жени од […]

Спасовски: Македонската полиција се однесуваше европски


  Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас“, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук. Министерот […]

Приведените Бугари без докази тврдат дека биле тепани од полицијата на Деве Баир


  Адвокатот тврди дека бил полн со модринки и скршен нос, но днесека еден од тројцата приведени Бугари на Деве Баир, Ангел Георгиев, се појави на прес-конференција, на која од видео инсертите не се гледа дека бил претепан од македонската полиција. Прво, адвокат за Бугарското радио (БНР), чие име не се споменува, изјави дека приведените […]

Несреќа во Јужна Кореја: Девет рибари исчезнаа откако им се превртел бродот


Бродови и авиони на јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по девет рибари кои исчезнаа откако нивниот брод се преврте во близина на југозападниот брег на земјата. По несреќата, која се случи синоќа во близина на островот Дебичи, тројца членови на екипажот се спасени од комерцијален брод, што се наоѓал во близина, соопшти крајбрежната стража на југозападниот […]

Француската премиерка Борн понуди олеснување на пензиската реформа


  Француската премиерка Елизабет Борн денеска понуди да се олесни планираната пензиска реформа и да им се дозволи на луѓето кои рано почнале да работат, исто така, да одат во предвремена пензија за да ја добијат поддршката од конзервативците во парламентот за нејзино спроведување. Владата на претседателот Емануел Макрон сака да ја крене старосната граница […]

Ајатолахот Хамнеи помилува неколку десетици илјади затворени Иранци во неодамнешните протести


  Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, помилува „десетици илјади“ затвореници, вклучително и многумина уапсени на неодамнешните антивладини протести поради обвиненија поврзани со безбедноста, соопштија денеска државните медиуми во земјата. „Затворениците кои не се соочуваат со обвиненија за шпионирање за странски агенции, не се директно поврзани со странски агенти, не убиле или повредиле некого намерно, […]

Унгарската претседателка Каталин Новак утре во посета на Скопје


Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на неговата унгарска колешка Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на земјава. Според најавите од Кабинетот на шефот на државата, оретседателката на Унгарија ќе биде пречекана на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на двете земји. […]

МНР со демант до Софија: Не беше договорено заедничко чествување на Гоце Делчев


Министерството за надворешни работи денеска демантираше дека со Бугарија било договорено заедничко чествување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Исто така, се посочува дека Бугарија не направила доволно да спречи радикални поединци да искажуваат и натаму територијални претензии кон нашата земја.  Реакцијата доаѓа откако вчера официјална Софија преку долго соопштение објави дека македонските […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 06.02.2023 (понеделник) во официјалана посета на Република Северна Македонија ќе пристгне претседателката на Унгарија, Н.Е. г – ѓа Каталин Новак. Од тие причини СВР Скопје – Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје. […]