Истече рокот за конкурсот на Град Скопје за приватни превозници за автобуските линии 20 и 22


Рокот за јавниот повик на Град Скопје за приватни автобуски превозници на линиите со број 20 и 22 истече денеска во 12 часот. Од Град Скопје за МИА велат дека резултатите ќе бидат соопштени откако ќе истече рокот, како и по неколку дополнителни денови поради чекање на евентуални пријави по пошта. Повикот беше објавен пред […]

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, 1.200 луѓе ќе добијат отказ


Американската компанија за онлајн продажба „Амазон“ соопшти дека планира да затвори три магацини во Велика Британија, што ќе значи отпуштање на 1.200 вработени. „Амазон“ со седиште во Сиетл минатата недела објави дека планира да укине повеќе од 18 илјади работни места, штр би било последно во серијата отпуштања што го зафатија секторот. Истовремено, вработените во […]

Рамчиловиќ заминува за амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка Даниела Стојановска-Пановска


 Собранието денеска во рамки на 99. седница беше информирано дека пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора, поради што прекинува неговиот пратенички мандат. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Државната изборна комисија (ДИК) е известена и дека треба да добијат информација кој пратеник од листата е следен и треба да […]

Емисионите вредности на „Макстил“ во текот на цела 2022 година се многу пониски од дозволените


  Емисионите вредности на цврсти честички на „Макстил“ во текот на цела 2022 година се далеку пониски од дозволените, гранични вредности. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двата оџака активни во производниот процес и ги објавува квартално. Секој од овие извештаи покажал неколкукратно пониски вредности од дозволените. Во текот на измината […]

СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српското МВР


 Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи.  Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.  -Секторот за внатрешни работи Тетово ги […]

Само една германска компанија има потреба од 25 илјади работници


  Германија е гладна за работна сила, која сѐ повеќе се обидува да ја добие од земјите од Западен Балкан. Сега е објавено дека германската национална железница (Дојче бан) годинава има потреба од нови работници, дури 25 илјади. Околу девет илјади ќе бидат распоредени на работни места кои се нови и штотуку се воведуваат во […]

„Идентитетот е приказна“ на Иван Антоновски и драмите на Горан Стефановски најбарани книги на „Полица“ во 2022 година


Творештвото на Горан Стефановски беше во фокусот на читателите на изданијата на издавачката куќа „Полица“ во текот на минатата година кога беа одбележани 70 години од неговото раѓање. Најбарана книга објавена од „Полица“ во 2022 е „Идентитетот е приказна“ од  Иван Антоновски – прва книга за есеистиката на Стефановски. На второто и третото место според […]

Се чистат депонии во Аеродром


Активностите за чистење на јавните површини кои започнаа во 2022 година, продолжуваат и оваа година. Локалните комунални служби оваа работна недела ја започнаа со акција за чистење на депониите кои се наоѓаат на територијата на Општина Аеродром. Почнувајќи од вчера, денеска и во следните денови, се чисти депонијата што се наоѓа зад „Урбан Гарден“ на […]

Џентилони: На ЕУ ѝ се потребни нови мерки за поддршка на компаниите за енергетска транзиција


  На ЕУ и се потребни нови начини за поддршка на компаниите во процесот на енергетска транзиција, како и спротивставување на ефектите од американската државна поддршка на американските конкуренти, изјави денеска европскиот економски комесар Паоло Џентилони. Тој, за финансискиот холандски дневен весник ФД, изјави дека е неопходно да се надминат негативните економски ефекти од војната во Украина, што најмногу се чувствуваат во Европа во споредба […]

Публикација на ИНФЕ-ОЕЦД: НБ спроведува активности за финансиска едукација преку дигиталните канали


  Народната банка (НБ) за задоволување на потребите и ограничувањата на различните групи население користи различни дигитални алатки и канали за финансиска едукација, при што е евидентна примената на едукативните видеоматеријали, се истакнува во анализата посветена на Дигитализацијата на финансиите на потрошувачите и финансиското образование во Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за […]

Комеморација во МНТ во чест на Катерина Крстева (1941 – 2023)


РСМ НУ Македонски народен театар известува дека на 12 јануари (четврток), во 12 часот, во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познајници ќе ѝ оддадат почит. Во спомен на Кате – актерка со ведар дух, која беше дел од создавањето на […]

Поднесено обвинение за Жан Митрев за хемофилтрацијата


  Основното скопско обвинителство поднесе обвинение против д-р Жан Митрев и против истоимената приватна клиника чиј прв човек е тој, потврдиja на брифинг со новинарите шефот на основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, и јавниот обвинител надлежен за предметот Искра Хаџи Василева. Митрев се товари за кривично дело измама за кое е предвидена затворска казна […]

Бугарското Обвинителство поведе истрага против македонски државјанин за шверц на марихуана


Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога. Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, […]

„Ајфон СЕ“ најверојатно заминува во историјата


САД– Компанијата „Епл“ го освежува својот најповолен „Ајфон СЕ“ на секои две години, а со оглед на тоа што корисниците го искусија лани следниот се очекуваше 2024 година. Сепак, се чини, ништо од тоа. Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека „Епл“ го заврши „експериментот“ и плановите за производство и продажба на новиот модел на „Ајфон СЕ“ […]

Планина на долгови: Скриениот долг достигна 65 билиони долари (инфографика)


  Обемот на скриените долгови низ светот е огромен. Не помалку од 65 билиони долари (65 илјади милијарди) неевидентиран долг циркулира низ глобалниот финансиски систем во банки што не се во САД и банки во сенка. За споредба, глобалниот БДП е проценет на 104 билиони долари. Овој доларски долг е во форма на девизни свопови, […]

На Месечината пронајдена е вода од Сонцето


Нова анализа на прашината од Месечината покажа дека одреден дел од водата на нејзината површина можеби доаѓа од Сонцето. Поточно, дека настанала откако месечевата површина била засипана со водородни јони од соларниот ветар, реагирале со минерални оксиди и се врзале со кислород. Последицата од овој процес се значителни количини вода која би можела да се […]

Што носи шведското претседателство со ЕУ за земјоделството?


Од 1 јануари 2023 година, Шведска го презеде претседавањето со Европската Унија од Чешка, а нејзините приоритети, како што рекоа нејзините претставници, се послободна, побезбедна и позелена Европа. Линк до целиот текст тука

„Златните глобуси“ ја отвораат сезоната на филмски награди


САД – „Златните глобуси“, долго време омилена забава на Холивуд, последниве години ја тресат скандали и бојкоти, но денеска ќе се обиде барем делумно да си го врати угледот со присуството на холивудската „А-листа“. Ова доделување традиционално ја отвора сезоната на филмски награди, но лани тоа беше повлечено од националните телевизии поради обвинувањата дека организаторот – […]

Почина поетот Чарлс Симиќ, добитник на Пулицеровата награда и на Златен венец на СВП


САД– Почина Чарлс Симиќ (85 години), американски поет со српско потекло, есеист и преведувач, добитник на Пулицеровата награда и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017. Симиќ е роден во 1938 во Белград, а во САД емигрирал во 1953 година. Важеше за еден од водечките поети во светот. Неговата поезија, како […]