Само една германска компанија има потреба од 25 илјади работници


 

Германија е гладна за работна сила, која сѐ повеќе се обидува да ја добие од земјите од Западен Балкан. Сега е објавено дека германската национална железница (Дојче бан) годинава има потреба од нови работници, дури 25 илјади.

Околу девет илјади ќе бидат распоредени на работни места кои се нови и штотуку се воведуваат во компанијата Дојче Бан, пренесува BizLife.

Целта е да се подобри квалитетот на бизнисот, а сакаат да се удвои бројот на патници и да се изврши генерален ремонт на делумно дотраената инфраструктура. На оваа голема компанија нема да ѝ биде лесно да најде толку голем број работници.

Во 2023 година, тие бараат 5.500 приправници и студенти, 4.200 специјалисти за одржување на железницата и на возниот парк, 3.000 работници за надзор на градежни проекти и локација, 2.100 машиновозачи, 1.600 диспечери, 2.200 вработени во железничката служба и 2.000 ИТ специјалисти.

Директорот на Дојче Бан вели дека во иднина ќе се носат сѐ повеќе квалификувани работници од странство, на пример од јужна Европа, балканските земји и од Турција.