Лажни дојави за поставени бомби на аеродромот во Атина и во неколку атински болници


Лажни биле дојавите за поставени бомби на атинскиот аеродром и во шест болници во Атина, објави грчката новинска агениција АНА-МПА. Рано утрово биле испратени мејловите до аеродромот и шесте болници, пишувало дека се поставени бомби, по што полицијата веднаш извршила проверка, но не било пронајдено ништо сомнително. 

Загреб затрупан со ѓубре – штрајкуваат чистачите


  Работниците од загребска „Чистота“ продолжија со штрајкот, односно не собираат ѓубре од улиците на главниот град на Хрватска, доколку не се вратат на работа тројца вработени кои добија отказ. Имено, „Чистота“ ги обвинува дека различен вид оптад ставале во исто возило, а привремено ја суспендира одлуката за отказ. Но, и покрај суспензијата, работниците продолжуваат […]

На Попова Шапка 90 сантиметри снег, во Маврово 21, Крушево 11


На Попова Шапка има снежна покривка од 90 сантиметри, во Маврово 21, а 11 во Крушево, соопшти УХМР. Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 54 литри на квадратен метар, во Куманово 43, Тетово 37, Битола 31, Скопје 24 литри. Најниска температура од -2 степени изутринава е измерена на Попова Шапка, -1 Маврови […]

Финска: Мора да размислиме за влез во НАТО без Шведска


Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто изјави дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција соопшти дека нема да го поддржи влезот на Шведска во Алијансата. Турција е лута по протестот пред турската Амбасада во Стокхолм каде, меѓу другото, беше запален куран. Хависто сепак додаде дека заедничкиот пристап е […]

Доџа Кет го покри телото со 30 илјади Сваровски кристали за Модната недела во Париз


Франција– Доџа Кет  беше црешата на врвот на Модната недела во Париз овој викенд. Пејачката на „Need to Know“  се појави на ревијата на високата мода на Schiaparelli блескајќи во црвени кристали. Телото на поп-ѕвездата беше обложено со 30 илјади рачно поставени Сваровски кристали, обвиткана во црвена свилен корсет и облечена во рачно плетено здолниште […]

ЕУ легализира штурци и ларви за јадење


Домашните штурци и ларвите на бубачката Tenebrio molitor, односно брашнарските црви, ќе бидат дозволени како храна во Европската унија според новите регулативи. Домашниот штурец од денеска може да се користи замрзнат, сушен или во прав, а од четврток и ларвите. Слични правила веќе постојат за миграционите скакулци и ларвите на жолтиот црв. Осум дополнителни барања за одобрување на инсекти како храна […]

Влахо во Пелагонија – најстара неолитска населба откриена досега во земјава


Археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија, потврдило лабораториското датирање, соопшти Центарот за истражување на предисторијата. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа. Освен неговото екслузивно датирање, […]

24 јануари во историјата – Умре Винстон Черчил


  Винстон Леонард Спенсер Черчил, британскиот лидер кој ги водеше Велика Британија и сојузниците низ кризата од Втората светска војна, почина на 24 јануари 1965 во Лондон на 90-годишна возраст. Роден во палатата Бленхајм во 1874 година, Черчил им се придружи на британските Четврти Хусари по смртта на неговиот татко во 1895 година. Во наредните […]

ФБИ: Хакери од северна Кореја одговорни за кражба на 100 милиони долари


Две хакерски групи поврзани со Северна Кореја, Лазарус и АПТ38, се одговорни за кражба на 100 милиони долари од американската крипто компанија Хармони, во јуни минатата година, соопшти Федералното истражно биро. Овие хакерски групи на 13 јануари користеа протокол за приватност наречен „Railgun“ за да „исперат“ повеќе од 60 милиони долари од етер криптовалутата, присвоена […]

„Градски Паркинг“ ќе обезбеди нови 1.350 паркинг места и ќе гради монтажни паркиралишта


ЈП „Градски Паркинг“,  минатата година бележи значителен финансиски успех, бројни проекти и активности кон обезбедување самоодржливост на претпријатието, а за годинава планираат изградба на повеќе од 1.000 нови паркинг-места и изградба на монтажни паркиралишта. – Според финансиските извештаи на претпријатието, истото има забележано значителни резултати со речиси двојно зголемување на приходите во четвртиот квартал од […]

Исчезна уште еден скопјанец


Семејството од вчера го бара Косто Граоркоски, кој го напуштил домот 17.30 часот. Исчезнат е во реонот на Долно Нерези, Карпош 4, Влае и Тафталиџе. Облечен е во зеленкаста јакна како на сликата. Ве молиме, доколку го забележите јавете се на следните броеви: 070 357 486, 071 264 348, 071 294 966, 070 891 278, се […]

Изгоре куќа во Гази Баба


Силен пожар избувна доцна синоќа во домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев во скопска Гази Баба. За среќа членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени. На терен веднаш излезе градоначалникот на оваа општина.  -Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под […]

(Видео) Уапсен Андреа Бонафеде, човекот кој му го позајмил идентитетот на шефот на Коза Ностра


 Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човек кој му го позајмил својот идентитет на еден од најбараните италијански мафијашки шефови, Матео Месина Денаро, кој се криел од законот 30 години до неговото апсење во Палермо минатата недела. Благодарение на Бонафеде, Месина Денаро „можеше слободно да се движи во Италија, да го избегнува законот […]

Номинациите за „Оскар“ ќе бидат објавени денеска


САД– Американската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави номинациите за престижните „Оскари“. Добитникот на Оскар Риз Ахмед и ѕвездата на M3gan Алисон Вилијамс ќе ги соопштат номинираните. Одличјето е претставено со позлатена статуетка во облик на човек, изработена од британиум, со црна метална основа, а висока 34 сантиметри […]

Повеќе од пет милиони деца не посетуваат настава поради војната во Украина


Швајцарија– Руската инвазија врз Украина негативно влијае врз образованието на повеќе од пет милиони деца. Конфликтот ги влошија големите проблеми во образовниот сектор на Украина предизвикани од пандемијата на коронавирус. Ситуацијата е уште полоша за децата во источна Украина, каде што војната беснее веќе осум години, соопшти денеска УНИЦЕФ. Според УНИЦЕФ борбите оштетиле или уништиле […]

Бугарското Собрание ќе расправа за Северна Македонија


Бугарија– Народното собрание на Бугарија денеска на седница треба да расправа за односите со Северна Македонија и како што е најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин. БТА пренесува дека пред пратениците ќе се обрати министерот за надворешни работи Николај Милков. Предлогот за ставање на оваа точка како трета на дневниот ред на денешната седница […]

Балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во НОБ


На сцената на Националната опера и балет денеска ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балет во девет слики. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи Букле, […]

Поради одрон кај обиколницата над Битола, сообраќајот пренасочен низ центарот


Поради одрон на камења на патниот правец Прилеп – Ресен, кај обиколницата над Битола, сообраќајот од 1:10 часот се пренасочува низ централното градско подрачје. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот […]

Откако Вучиќ навести дека го прифаќа европскиот план, на потег е Курти


Косово – Косовскиот политички аналитичари оценија дека српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа навести дека ќе го прифати германско-францускиот план  и оти сега на потег е премиерот на Косово, Албин Курти, објави БЕТА. Аналитичарот Или Хоџа за ТВ Дукаџини изјави дека Курти тешко ќе го отфрли формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) по евентуалното […]

Бајден назначи пратеничка за човекови права за Северна Кореја за првпат од 2017 година


САД – Американскиот претседател Џо Бајден ја назначи долгогодишната дипломатка Џули Тарнер за специјална пратеничка за човекови права во Северна Кореја, пополнувајќи го работното место кое беше празно за целиот мандат на поранешниот претседател Доналд Трамп. Џули Тарнер доаѓа на функцијата од местото директор на Канцеларијата за Источна Азија и Пацифик во Одделот за демократија, човекови […]