Загреб затрупан со ѓубре – штрајкуваат чистачите


 

Работниците од загребска „Чистота“ продолжија со штрајкот, односно не собираат ѓубре од улиците на главниот град на Хрватска, доколку не се вратат на работа тројца вработени кои добија отказ.

Имено, „Чистота“ ги обвинува дека различен вид оптад ставале во исто возило, а привремено ја суспендира одлуката за отказ.

Но, и покрај суспензијата, работниците продолжуваат со штрајкот, додека од Управата не добијат на писмено одлука за суспензијата, Дотогаш нема да го собираат отпадот од улиците на Загреб.

Бараат и зголемување на коефициентот за сложеност на работата, зголемување на условите за работа, нова заштитна опрема и право на бесплатен паркинг како и сите други вработени во холдингот.

Ако Управата ги прифати овие услови и ги стави во коелктивниот договор, ќе почнат со работа.

Дотогаш Загреб изгледа вака: