Муриќ: Никој нема да се јави на огласот за превоз во Скопје, Арсовска нѐ присилува да одиме преку фирма


Приватните превозници уште чекаат на средба со премиерот и повикуваат да се земат ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска, за да се реши проблемот со превозот во Скопје.  По одговорот од Димитар Ковачевски дека е расположен за средба, но само ако ги одблокираат улиците, Кемал Муриќ вели дека може да седнат на маса додека тре протестот, […]

Јубилејна изложба: 55 години КИЦ


Културно информативен центар – Скопје е една од најстарите културни установи во градот. Со долгогодишна традиција во културниот живот на скопјани, годинава одбележува 55 години од своето постоење. ЈУ Културно информативен центар – Скопје, е основана 1967 год. Од самото основање, со секојдневните активности, успева да стане значаен дел од културниот живот на Скопје. Со […]

ЕП ја разреши потпретседателката Каили


Белгија– Европскиот парламент денеска ја разреши осомничената за корупција Ева Каили од функцијата потпретседателка на Парламентот. За предвремено прекинување на мандатот на грчкат пратеничка гласаа 625 пратеници, еден беше против, а двајца беа воздржани. За смена на Каили од функцијата на еден од 14-те потпретседатели на ЕП, потребни беа гласовите на две третини од европратениците. […]

Брнабиќ: Укинувањето на безвизниот режим за Србија не е реално


Србија– Српската премиерка, Ана Брнабиќ денеска изјави дека укинувањето на безвизниот режим за граѓаните на Србија за патување во ЕУ би било без преседан и според неа – таква можност реално не постои. – Мислам дека нема таква можност во реалноста. Тоа би било без преседан. Тоа не би било во согласност со европските вредности […]

Нема да се покачува цензусот за примање детски додаток, туку ќе продолжи да расте минималната плата


Министерството за труд и социјална политика Јована Тренчевска изјави нема да се подигнува цензусот за примање на детскиот додаток – кај образовниот додаток, туку постојано и во 2023 година ќе расте минималната плата согласно новата методологија, бидејќи целта на социјалната реформа е повеќе приход во семејствата каде што примаат минимална плата. -Целта на социјалната реформа во 2019 година […]

Гостиварец и тројца Италијанци се сомничат за незаконит лов во Националниот парк „Шар Планина3


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача вчера во 09:30 часот приведе четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“. Како што информираат од Министерството лишени од слобода се А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско и .А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија. -При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 […]

Докапитализација од 10 милиони евра на Развојна банка, за поддршка на домашните компании за справување со ефектите од енергетската и ценовната криза


Врз основа на Одлука на Владата на Република Северна Македонија, Службен весник бр. 237 од 07.11.2022 година и Одлука на Собранието на Развојна банка на Северна Македонија бр. 02-4379/1 од 13.12.2022, се изврши зголемување на почетниот капитал на банката во износ од 620.000.000,00 денари односно, издавање на 199.485 обични акции. Со ова, вкупниот капитал и […]

Се снима краткиот игран филм „Кутии“ по сценарио и режија на Ангела Димеска


Во изминатиов период на неколку локации низ Скопје се снимаше новиот краток игран филм на режисерката и сценаристка Ангела Димеска. -Во реализацијата на овој нов македонски краток игран филм е вклучена екипа која брои повеќе автори и филмски професионалци. Во филмот главен лик е Даниела Ивановска, заедно со Билјана Јовановска, Филип Трајковиќ и Жаклина Стефковска. […]

Промовиран алманахот „Десет години `Вечер на македонскиот афоризам` во Кочани“


Во библиотеката „Искра“ во Кочани се одржа промоција на алманахот „Десет години `Вечер на македонскиот афоризам` во Кочани“ од авторите Славица Цветкова и Јане Атанасов, а во кој е направен осврт на досега одржаните средби што ги организираше здружението Афористичка репрезентација на Македонија. Во книгата се застапени 19 домашни и тројца странски автори кои во […]

Врвните клубови во Европа одбиваат да учествуваат во новата верзија на Светското клупско првенство со 32 екипи


Англија– Најдобрите европски клубови одбиваат да учествуваат на Светското клупско првенство со 32 екипи. Според „Дејли мејл“ најголемите европски клубови го одбиле предлогот на ФИФА за нов формат на Светското клупско првенство. Организацијата предложи формат во кој 32 тима ќе се натпреваруваат на турнирот во САД во 2025 година. ФИФА се надеваше дека новиот формат на турнирот […]

Снег на Шапка, магла на Плетвар


Слаб снег провејува на Попова Шапка, а појава на магла има на Плетвар што ја намлува видливоста на 20 до 30 метри, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги […]

Во руралните средини нема матични гинеколози и педијатри


Во руралните средини нема ординации ниту со матични гинеколози, ниту со матични педијатри, а матични лекари има само во големите села. Жените и децата мораат да патуваат со километри за да посетат матичен лекар во услови на лоша патна инфраструктура и немање на редовен јавен превоз, а само нешто повеќе од половина од жените Ромки […]

Дожд и снег во среда и четврток


Под влијание на влажен и студен бран кон крајот на денов и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладувањето се очекува врнежите од дожд да преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР. Утре во текот на […]

Курти: Косово неделава ќе поднесе барање за членство во ЕУ


Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека Косово оваа недела ќе поднесе барање за членство во Европска Унија. – Пред една година најавивме дека ќе поднесеме апликација за членство, а денеска најавуваме дека оваа недела ќе ја доставиме апликацијата до ЕУ. Дојде време статусот на потенцијален кандидат официјално да се претвори во кандидат за членство, […]

Ковачевски: Речиси е невозможно да се утврди од каде доаѓаат дојавите за бомби


Речиси е апсолутно  невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби, оцени денес  премиерот Димитар Ковачевски, прашан што се презема за да се најдат дојавувачите на бомби во трговски центри, училишта, институции, згради. Ковачевски појасни дека голем дел од дојавите се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство. „ВПН се виртуелни приватни […]

Исплатата на социјална помош за неподвижни и дементни лица „заглави“ меѓу банките и МТСП


Социјалната помош која што се исплаќа на лица на кои им е потребна туѓа нега, а кои се врзани за постела или се дементни, „заглави“ меѓу банкарските процедури, кои бараат лично присуство и документацијата од Министерството за труд и социјална политика, за која велат дека е комплетна.  Граѓани се жалат дека не можат да ги […]

Премиерот подготвен за средба со приватните превозници откако ќе ги деблокираат улиците


 Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе го прифати барањето на приватните автобуски превозници од Скопје за средба, но откако ќе се создадат услови за дијалог и откако тие ги отстранат блокадите од улиците на главниот град. – Можам да кажам: „да“, јас сум човек којшто ќе се сретне со сите со коишто треба, меѓутоа […]

Џабе даноци, квалитетот на животната средина не се унапредува


  Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни за унапредување на квалитетот на животната средина и рационално користење на природните богатства. Ова е заклучокот на Државниот завод за ревизија, кој изврши ревизија на успешност на тема „Даноците за животна средина во функција на ефективно спроведување на политиките за заштита на животната […]

Владата утре ќе именува нов директор на АНБ


Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. -Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директоѕр на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

Екстремен десничар кој уби луѓе во синагога, зароби чувари во германски затвор


Крајно десничарскиот екстремист, кој во 2019 година изведе смртоносен напад на синагога во германскиот град Хале, вчера кратко држел двајца чувари како заложници, при што е повреден кога го совладале останатите вработени во затворот во близина на градот Магдебург, објавено е денеска. Триесетгодишниот Стефан Балиет, еден час ги држел како заложници двајцата чувари во затворот […]