Екстремен десничар кој уби луѓе во синагога, зароби чувари во германски затвор


Крајно десничарскиот екстремист, кој во 2019 година изведе смртоносен напад на синагога во германскиот град Хале, вчера кратко држел двајца чувари како заложници, при што е повреден кога го совладале останатите вработени во затворот во близина на градот Магдебург, објавено е денеска.

Триесетгодишниот Стефан Балиет, еден час ги држел како заложници двајцата чувари во затворот во 21 часот, потврди Министерството за правда утрово. Тие не се повредени.

Уби двајца во синагога

Засега не се знае како му усеало на Батуиет да ги земе чуварите како заложници, а инцидентот покрена полициска операција, во затворот во кој се сместени повеќе од 600 луѓе.

Балиет на 9 октомври 2019 година, на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, се обидел со сила да влезе во синагогата во источниот град Хале, користејќи огнено оружје и експлозив.

Кога не успеал да ја отвори вратата, убил двајца во близина и повредил уште двајца при бегството.

Доби доживотна казна

Тој го призна нападот од 2019 година, и доби доживотна казна.

Казната ја отслужува во модерниот затвро со висока сигурност во покраината Сасја-Анхалт. За него веќе претходно се зборуваше дека не е подготвен на соработка и дека е тежок затвореник.

Во текот на судењето пред две години, Балиет се обиде да избега од притвор во Хале , кога за време на дневните вежби се каќи преку 3,4 метри високата ограда, но чуварите го совладаа.