Жена заврши во болница откако со тротинет удриле во неа


Вчера во 15.45 часот се случил инцидент на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, кога маж со електричен тротинет удри во жена. – На 12.12.2022 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, електричен тротинет управуван од М.М.(36) од Скопје удрил во пешакот Х.Н.(42) од с.Бардовци, скопско“, информираат од МВР. […]

Пентагон побара истрага по информациите за убиства на деца во Нигерија


  Американското Министерство за одбрана денеска ги повика нигериските власти да спроведат независна истрага за наводите објавени од агенцијата „Ројтерс“ дека нигериската војска убила деца за време на судирите со бунтовниците. „Министерството за одбрана е загрижено за наводите изнесени во написот на ’Ројтерс’ и ние се придружуваме на повикот на Стејт департментот до нигериската Влада […]

Американските научници објавија голем пробив во создавање нуклеарна фузија


  Физичарите трагаат со децении по технологијата која ветува потенцијален извор на речиси неограничена чиста енергија. Во вторникот истражувачите потврдија дека ја надминале големата бариера – произведувајќи повеќе енергија од експеримент со фузија отколку што била ставена. Но, експертите велат дека има уште малку да се помине. Експериментот се одржа во Националната постројка за палење […]

Ибрахимовиќ го прогнозира натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина: „Запишано е во ѕвездите“


Хрватска и Аргентина вечерва од 20 часот ќе играат во полуфиналето на Светското првенство. Аргентина предводена од Лионел Меси е благ фаворит против актуелниот светски вицешампион. Многумина се надеваат дека Лионел Меси во последниот настап ќе го освои Светското првенство, а на ист став е и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Златан: Меси ќе го освои Светското […]

Старото училиште во селото Кучково ќе стане регионален центар за деца лекувани од канцер


Советот на општината Ѓорче Петров на 22-та седница даде зелено светло за реализација на проектот „Приказната продолжува за децата кои победиле канцер” кој ќе биде единствен регионален центар од ваков вид во државава. -Со оваа значајна одлука која носи нови проекти од регионален карактер ја изгласаа членовите на советот на општината Ѓорче Петров. Имено, општината […]

Марго Роби и Том Круз се најплатени актери во Холивуд за 2022


САД- Со месеци се зборува за новиот филм на Грета Гервиг, Барби. Откако беа објавени тие првични фотографии од сетот, вознемирените обожаватели се обидуваат да откријат за што точно ќе биде овој филм (а во меѓувреме дури и се облекуваа како легендарната кукла на Mattel). Но, има друга причина поради која Барби ги фаќа насловите, […]

Ленин: Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот


  Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информира попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Ленин соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на […]

Швјонтек прогласена за најдобра тенисерка во 2022 година


  Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција Ига Швјонтек од Полска е прогласена за тенисерка на годината, објави Женската тениска асоцијација (ВТА). Полската тенисерка сезоната ја заврши како прворангирана на ВТА листата, а оваа година ги освои Ролан Гарос и Ју-Ес Опен, како и турнирите во Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Рим и Сан […]

Заврши првата фаза од реконструкцијата на улицата „Тодор Александров“ кон Водно


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека завршила првата фаза за реконструкција на улицата Тодор Александров која води кон Водно. – Градот Скопје заврши со првата фаза на улицата ул. Тодор Александров која води кон Водно. Ова улица беше во исклучително лоша состојба и како една од најфреквентните улици за жителите кои се движат […]

Тејлор Свифт, Ријана и Леди Гага номинирани за „Златен глобус“


САД– Три од најголемите ѕвезди во поп пантеонот – Тејлор Свифт, Ријана и Леди Гага – ќе се натпреваруваат една против друга не на Греми следната година, туку на Златните глобуси, за најдобра оригинална песна. Категоријата ја предводат „Hold My Hand“ на Леди Гага од „Top Gun: Maverick“, „Lift Me Up“ на Ријана од „Black […]

Брамерц: Хрватска беше најдобра, а сега е најлоша во остварувањето на правдата во регионот


Хрватска пред да влезе во Европската унија беше лидер во промовирањето на правдата и ефективната регионална судска соработка, но за жал повеќе не ја игра таа улога, ја пренесува „Вечерњи лист“ изјавата на главниот хашки обвинител Серж Брамерц пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Ова е вторпат главниот обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за […]

Од Леди Гага до Били Ајлиш: 82 песни во трката за Оскар 2023


САД– Осумдесет и две песни од овогодинешните филмови се квалификуваа за учество во конкуренцијата за Оскар во 2022 година, дознава Variety. Речиси сите најзборувани песни се најдоа на листата, вклучувајќи ги „Hold My Hand“ на Леди Гага од „Top Gun: Maverick“, „Lift Me Up“ на Ријана од „Black Panther: Wakanda Forever“, „Ciao Papa“ од „ […]

Собранието ги донесе измените на законите за јавни претпријатија и за осигурување во случај на невработеност


  На денешната 95. Седница, Собранието ги донесе дополнетиот Предлог-закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, предлог-законите за изменување на Законот за јавните претпријатија и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и Предлог-законот за претворување на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон […]

МОН: ОУ „Рилиндија“ во Лојане ќе добие модерна спортска сала


Министерството за образование и наука продолжува со засилено темпо да инвестира во образовната инфраструктура, со цел да им овозможиме на децата и младите подобри услови за едукација и спортски активности, а наставниците и стручниот кадар да добијат подобри услови за работа. Во Буџетот на МОН за 2023 година имаме 18,3 милиони евра за оваа намена, […]

Советот на ЕУ поддржува визна либерализација за Косово и повикува на дијалог со Белград


 Советот на ЕУ ја поддржа визната либерализација за Косово и ја повика Приштина во „добра волја и во духот на компромисот” да се вклучи во дијалогот со Белград за нормализирање на односите со Србија, како и да направи дополнителни напори за обезбедување целосна заштита на културното и верското наследство, правата на припадниците на немнозинските заедници, […]

Кина ја укинува апликацијата за следење луѓе – олеснување во Ковид-мерките


Луѓето во Кина изразија задоволство од отстранувањето на апликацијата што државата ја користеше за да следи дали Кинезите отишле во области погодени од Ковид-19. Ова е уште една фаза во олабавувањето на некои од најстрогите мерки против Ковид во светот. Откако властите ја оневозможија апликацијата „код на маршрута“, четирите кинески телекомуникациски компании синоќа соопштија дека […]

Напредува ревитализацијата на салата „Партизан“


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски утринава бил во обиколка на спортскиот објект „Партизан“ во Карпош 4, за да се запознае со динамиката со која се одвива реконструкцијата на салата. – Изведувачот го запозна градоначалникот со ситуацијата при што го информираше дека добро се напредува во реализацијата на зацртаниот проект за ревитализација на овој култен […]

Претрес во фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за прислушување


Во шест фирми во Атина поврзани со нелегалниот софтвер за следење Предатор, извршила претрес Службата за борба со електронски криминал по добиен налог од грчкото обвинителство, објави весникот „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно во рамките на истрагата, според грчкиот весник, претрес бил извршен и во домовите на вработени во конкретните фирми. Државната […]

Дамева: Судскиот совет има механизми да се бори против коруптивните дејствија


 Судскиот совет има механизми да се бори против коруптивните дејствија, доколку ги констатира, но за тоа треба да има докази и факти, вели претседателката на Советот, Весна Дамева, посочувајќи дека тоа мора да им го овозможат граѓаните. – Странките се тие коишто можат да ни кажат дали одреден судија примал и земал мито, поткуп итн. […]

Хрватски вицепремиер: Годинава евидентирани десет проценти повеќе кибер напади 


Хрватска –  Во првите 11 месеци од годинава се забележани 10 отсто повеќе кибер напади во споредба со истиот период лани, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Давор Божиновиќ на Конференцијата за безбедност на информациските системи. – Опасноста од кибер закани постојано расте, имајќи предвид дека криминалците истражуваат нови техники и процедури за […]