Ибрахимовиќ го прогнозира натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина: „Запишано е во ѕвездите“


Хрватска и Аргентина вечерва од 20 часот ќе играат во полуфиналето на Светското првенство. Аргентина предводена од Лионел Меси е благ фаворит против актуелниот светски вицешампион. Многумина се надеваат дека Лионел Меси во последниот настап ќе го освои Светското првенство, а на ист став е и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Златан: Меси ќе го освои Светското првенство

„Во ѕвездите веќе пишува кој ќе го освои Светското првенство и сите знаете на кого мислам. Лео Меси ќе го подигне трофејот затоа што пишува“, рече Швеѓанецот и додаде дека Хрватска и Франција се силни фудбалски нации, но дека уште ја чувствува таа титула наменета за Аргентина.

„Мароко не ме изненади“

Сензационалниот настап на Мароканците го коментираше и Ибрахимовиќ, моментално играч на Милан. Утре од 20 часот играат против Франција за пласман во финалето: „Не ме изненади бидејќи знаев колку се добри уште пред Светското првенство, мислам дека луѓето уживаат во ваквите приказни на овие турнири“.