Напредува ревитализацијата на салата „Партизан“


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски утринава бил во обиколка на спортскиот објект „Партизан“ во Карпош 4, за да се запознае со динамиката со која се одвива реконструкцијата на салата.

– Изведувачот го запозна градоначалникот со ситуацијата при што го информираше дека добро се напредува во реализацијата на зацртаниот проект за ревитализација на овој култен спортски објект за карпошани, информираат од општина Карпош.

Се очекува спортската сала „Партизан“ да биде реконструирана и пуштена во употреба во текот на втората половина на 2023 година.