НАТО студентска симулација: Бидете гласни за вредностите и се тоа што НАТО го штити


Почитувани идни мои колеги, демократските вредности и слободи се толку втемелени во нашето секојдневие, но тие се кревки и затоа треба повторно и повторно да укажуваме дека борбата за демократија, слободна еднаквост никогаш не запира, им порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на студентите кои беа дел од денешната „9-тата НАТО студентска симулација: НАТО по […]

Синдикалниот лидер призна дека зел 50.000 евра во скандалот со Катар


  Високиот синдикален шеф кој беше накратко приведен како дел од скандалот со влијанието на Катар во европските институции, призна дека зел до 50.000 евра во готовина од невладина организација во екот на бурата. Лука Висентини, генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ), во понеделникот напиша во изјава дека добил парична донација од „помалку […]

Маск се огласи по анкетата да си замине, не е тоа што очекувавме


Милијардерот и сопственик на Твитер, Елон Маск, се сложи дека во иднина само корисниците со сина ознака треба да гласаат за политиката која ја води компанијата. Понатаму не коментираше ништи, откако заврши анкетата во која твитер корисниците гласаа да си оди од позицијата извршен директор на комапнијата, но Маск сега се огласи. Иако не го […]

Во Пекинг расте бројот на починати од Ковид-19


Бројот на починати од Ковид-19 во Пекинг постепено се зголемува по новиот бран на инфекции со коронавирусот откако беа олеснети строгите рестриктивни мерки. Националната здравствена комисија денеска соопшти дека починале уште пет лица, со што бројот на жртви се искачи на 5.242. Бројот на починати е релативно низок според глобалните стандарди, но укажува на можен […]

Поради дефект без вода корисиците на Ченто


Поради уличен дефект ф-80 мм на улица „Кожув“ 18, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Кожув“, „Сава Михајлов“, „Тодор Чапов“, „Тодор Ецов“ и „Томас Минцер“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Меморандум за соработка меѓу Народна банка и Сојузот на математичари на Македонија


Народната банка на Република Северна Македонија и Сојузот на математичари на Македонија склучија Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Македонската економска олимпијада којашто се организира првпат. Македонската економска олимпијада ќе се одржи во мај 2023 година, по што најуспешните ученици ќе се натпреваруваат на финалето на Меѓународната економска олимпијада, на […]

Петровска: Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата


Во овој момент нема реална закана за безбедноста на државата и тоа е она што граѓаните треба да го знаат. Не оставаме ништо на случајност и службите, секоја во своја надлежност преземаат дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска. Во одговор на новинарско прашање на денешната деветта НАТО студентска симулација, […]

Најверните осум раси кучиња


Некои раси кучиња се поверни од другите. Некои со сопствениот живот ќе го бранат својот сопственик. Следи листа од осум можеби најпредани раси и нивните особини. 1. Акита ину. Кучето Хачико, кое го чекаше својот починат сопственик девет години по неговата ненадејна смрт, е вистински пример за тоа колку кучињата можат да бидат верни. Се […]

Метеоролози: 2023 година може да биде најтопла во историјата


Метеоролозите од британскиот државен метеоролошки центар предвидуваат дека 2023 година ќе биде 10-та последователна година во која глобалните температури ќе бидат најмалку за еден степен Целзиусов повисоки од оние пред луѓето да покренат климатски промени. Тоа значи дека 2023 година може да биде една од најтоплите години во светот откако постојат официјални мерења. Досега 2016 […]

Финците, Унгарците, Турците се жолта раса: Во учебниците од кои учат нашите деца препишани текстови од Википедија


Нема крај на грешките во учебниците. Ако петтоодделенците учат дека Монт Еверест е висок 29.000 метри, а Македонија на запад граничи со Бугарија, осмоодделенците учат дека Финците, Унгарците и Турците се жолта раса, пишува Фактор.мк. Откако до редакцијата на Фактор стигнаа низа реакции од родители кои велат дека ова е сосема погрешно, порталот разговараше со наставничка по географија, […]

Путин „очајно“ се обидува да го вовлече Лукашенко во војната


Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својата најнова анализа тврди дека белорускиот претседател Александар Лукашенко можеби успеал да ги ограничи напорите на рускиот претседател Владимир Путин да ја принуди Белорусија на дополнителни отстапки за време на вчерашната средба во Минск. Путин и Лукашенко се воздржаа од јавно да разговараат за руската инвазија на Украина, […]

„Циклус“ – нова колекција на шапки и модни додатоци на Мирјана Јосифоска


„Моден викенд Скопје“ ќе ја презентира најновата колекција на дизајнерката Мирјана Јосифоска. Настанот ќе се одржи во 19 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“ во Скопје, на 27 декември. Најновата колекција на шапки и додатоци за коса наречена „Циклус/Cycle“ е инспирирана од боите користени во народните носии. Станува збор за урбана и […]

Меси прогласен за спортист на годината во изборот на Би-Би-Си


Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 година, во изборот на Би-Би-Си. Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на „BBC Sports Personality“. Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината. Меси го освои Светското првенство во 2022 […]

(Во живо) Очекувањата на компаниите од преработувачката индустрија со странски капитал за 2023 година


Во Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференцијата ќе се презентираат актуелните состојби, остварените резултати во 2022 година и очекувањата на компаниите од преработувачката индустрија со странски капитал, кои се извозно ориентирани за идната 2023 година. Како што е најавено од Стопанската комора, на прес – конференцијата ќе присуствуваат Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на […]

Казнети 201 возач за брзо возење


Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата изрече 201 санкција. Како што информира МВР, од нив 14 се за возачи кои управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а една за […]

На ВМРО-ДПМНЕ сега му пречи и кадарот на Мијалков во АНБ


Новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски,кој бил именуван на висока позиција во УБК од страна на ВМРО-ДПМНЕ додека беа на власта во Македонија, денес стана предмет на критики од страна на оваа партија која, покрај другото, го нарече „кадар на СДСМ“ која пак спроведувала со неговото унапредување – партизација. -Кадарот на Ковачевски и Зечевиќ за […]

СДСМ најавува: До крајот на мандатот ќе има нови капацитети за струја колку половина РЕК Битола


СДСМ најавува дека до крајот на мандатот на оваа влада во Македонија ќе има над 300 мегавати нов енергетски капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола. -Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски интензивно и динамично ја остварува енергетската трансформација на државата.По долготрајно стоење во место, во земјата се случува енергетска […]

Албанија ќе гради центар за цивилна заштита од 30 милиони евра


 Албанската Влада донесе одлука за воспоставување систем за цивилна заштита, за што ќе потроши 30 милиони евра, кредит обезбеден од Италија. Министерот за одбрана Нико Пелеши информираше дека е предвидено да се изгради центар за цивилна одбрана, од кој дел ќе бидат оперативни сали поврзани со центарот, изградба на објекти за пребарување и спасување, набавка […]

Ширли Вотс, вдовицата на Чарли Вотс, почина на 84 години


Англија – Ширли Вотс, која беше во брак со тапанарот на „Ролингстоунс“, Чарли, од 1964 година до неговата смрт минатата година, почина по кратко боледување, се вели во соопштението на нејзиното семејство. Таа имаше 84 години. Во соопштението се вели: „Со голема тага Серафина, Шарлот и Бери ја објавија смртта на нивната многу сакана мајка, […]

Какво ќе биде времето до и за Нова година?


На 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег. За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува […]