(Во живо) Очекувањата на компаниите од преработувачката индустрија со странски капитал за 2023 година


Во Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференцијата ќе се презентираат актуелните состојби, остварените резултати во 2022 година и очекувањата на компаниите од преработувачката индустрија со странски капитал, кои се извозно ориентирани за идната 2023 година.

Како што е најавено од Стопанската комора, на прес – конференцијата ќе присуствуваат Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Комората, претставници на компаниите членки и претставници на странски амбасади во земјава.