Предновогодишна прослава и базар на „Боемска улица 1“


Дводневна прослава на „Боемска улица 1“, со повеќе настани за сите жители, ова го најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување во „Студио 10“, на ТВ 24 со Мишко Иванов. „Планираме дводневен настан на првиот дел од ‘Боемската улица’, на 29-ти и 30-ти декември, со пејачи, ди-џеи, базари и настапи од децата […]

Рацин, македонскиот Че Гевара и последниот романтичар


Во студената ноќ на 22 декември во 1908 година во Велес, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека новородениот син ќе биде значен дел од конечното создавање на државноста на македонскиот народ, кој заедно со создавањето на државата ќе придонесе и за отворањето на патот кон слободата […]

Македонската репрезентација на 65-то место на листата на ФИФА


Македонската фудбалска репрезентација се најде на 65-то место на најновата рангл-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објабвена денес. На врвот е Бразил, пред светскиот шампион Аргентина и финалистот од Мундијалот 2022, репрезентацијата на Франција. Белгија падна на четвртото место, а во Топ 10 се и: Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија. Покрај Англија и […]

Џастин Бибер го продава музичкиот каталог за 200 милиони долари?


САД- Џастин Бибер е пред договор за продажба на неговите музички права на Hipgnosis Songs Capital поддржан од Blackstone за околу 200 милиони долари, потврдуваат извори за Variety. Веста, за која се шпекулира со недели, првпат беше објавена во средата од Wall Street Journal. Договорот, за кој изворите нагласуваат дека сè уште не е направен, […]

(Во живо) Андонов ќе информира за енергетската состојба


Прес-конференција ќе одржи соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на која ќе информира за енергетската состојба. Проследете ја во живо:

Ќе се спаси ли Мијалков и од „Титаник 2“? – денешното рочиште одложено


На денешното рочиште за „Титаник 2“ обвинетиот Сашо Мијалков не бил спроведен од затворот во Струга. Од Основниот кривичен суд потврдуваат дека Мијалков не се појавил на судењето и покрај тоа што бил уредно поканет за што судијата пред странките ја покажал испратницата со наредба за спроведување. МИА се обиде да стапи во контакт со […]

Загубите на Русија поминаа 100.000 мртви војници


  Според денешното ажурирање на податоците од страна на Генералштабот на украинската армија бројот на убиените руски војници надмина 100.000 луѓе и тоа само десет месеци по почетокот на агресијата. Во текот на вчерашниот ден биле убиени 660 руски војници, со што вкпуниот број на загуби изнесува 100.400 луѓе. Русија има загубено 3.003 тенкови, 5.981 […]

Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за криптовалути, екстрадиран во САД 


САД – Сем Банкман-Фрид, поранешниот милијардер и основач на берзата за тргување со криптовалути „Еф-те-икс“ (FTX), синоќа од неговиот дом на Бахамите беше екстрадиран во САД, каде се соочува со низа кривични дела за финансиски измами, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  – Банкман-Фрид (30) е под надзор на Федералното биро за истраги (ФБИ) и патува назад […]

Италија го продава државниот авиопревозник, веројатно на германската „Луфтханза“


Италијанската премиерка Џорџа Мелони официјално ја одобри продажбата на почетниот малцински удел во ИТА Ервејс, во настојувањето да ја олесни полната приватизација на државниот воздушен превозник. Со нацрт-уредбата во која „Ројтерс“ имал увид, се пропишува дека воздушниот превозник кој го купувба мора да поседува мнозински дел во ИТА по завршувањето на приватизацијата, јасно давајќи на […]

Битола накитена и распеана за Новата година


  БИТОЛА – Битолчани по вторпат се подготвуваат за градски дочек на Новата година пред платото на Офицерски дом со одлично осмислениот проект „Зимска приказна“. Центарот на збиднувањата не случајно е обновениот Офицерскиот дом, иако во исто време внимание е посветено и на празнично украсените Широк Сокак и Старата битолска чаршија. Преубава елка е поставена […]

Рогозин славел роденден во кафеана, делови од гранатата завршиле во неговата глава


  Поранешниот потпретседател на владата на Русија и поранешен шеф на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, е ранет во гранатирање на хотел во украинскиот град Донецк, окупиран од Русија, изјави неговиот помошник обвинувајќи ја Украина за нападот. „На периферијата на Доњецк, беше гранатиран хотел, каде што група воени советници, вклучително и Дмитриј Рогозин, живееше во последните месеци. […]

Невакцинираните здравствени работници во Грција под строги протоколи од 1 јануари се враќаат на работа


Со два теста седмично, со задолжителна маска и под конкретен протокол, невакцинираните здравствени работници во Грција, од 1 јануари 2023 година се враќаат на нивните работни места по 16 месеци принуден и неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи од Парламентот, соопшти дека надлежната комисија препорачала […]

Најдено безживотно тело на 16-годишник во река Пена кај Бањиче


Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена кај месноста Бањиче. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството. – Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. […]

Заврши мисијата „Инсајт“ на Марс – НАСА го „повлекува“ лендерот по 4 години служба


По повеќе од четири години на Марс, мисијата на НАСА „Инсајт“ заврши откако лендерот остана без моќ, соопштија светските разузнавачки агенции. Американската вселенска агенција соопшти дека менаџерите на мисијата во Лабораторијата за млазен погон во Пасадена не биле во можност да стапат во контакт со „Инсајт“, што ги навело да заклучат дека соларните батерии на […]

ССНМ: Затворање на дописништвата на МИА е недозволива мерка


  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува жалење поради одлуката на МИА за ставање во мирување на неопределено време дописништвата во Брисел, во Атина и во Вашингтон, како и за најавите за непродолжување на договорите за соработка на дописниците од другите европски градови. Свесни сме за економската криза, односно за мерките за штедење […]

Кога Кејт Аптон, најсексапилната жена на планетата, ѝ пркоси на гравитацијата (галерија)


САД- Кејт Аптон, супермодел и актерка, во 2011 го освои светот на модата со облините, харизмата и убавината, а „Максим“ ја избра за најсексипилна жена за 2018 година. Оттогаш, не се симнува од пиедесталот на најубави жени во светот,  и е една од најангажираните манекенки во престижните модни магазини, меѓу кои и „Спортс илустрејтед“. Нејзините фотосесии […]

Студен бран кој се случува „еднаш во генерација“: Голема зимска бура во САД, температури од минус 45 степени


Големата зимска бура што ќе ги погоди САД оваа недела би можела на делови од земјата да го донесе најстудениот Божиќ во последните четири децении, велат метеоролозите. Студениот бран „еднаш во генерација“ што започна на северозападниот дел на Пацификот во вторникот пред да се пресели на исток ќе стане „циклон на бомби“ до петок, јавува […]

Како се подготвуваше и како се спроведе посетата на Зеленски на Вашингтон


  ВАШИНГТОН – Идејата за одважното воено патување на Володимир Зеленски во Вашингтон се провлекуваше некое време пред да се открие ненадејната посета само неколку часа пред пристигнувањето на украинскиот претседател. За време на октомврискиот самит во Загреб, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси разговараше со нејзиниот колега во украинскиот парламент за можноста Зеленски да […]

Вучиќ: Секогаш ќе ги поддржувам Србите на Косово, нема да се кријам од големите и моќните во светот


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес пред големиот народен и демократски протест на барикадата во Рудар кај Звечан на Србите во Косово им порача дека секогаш ќе ги поддржува и дека нема да се крие од големите и моќните во светот, но дека секогаш ќе биде доволно одговорен, да ги повика да бидат мирни и […]