Загубите на Русија поминаа 100.000 мртви војници


 

Според денешното ажурирање на податоците од страна на Генералштабот на украинската армија бројот на убиените руски војници надмина 100.000 луѓе и тоа само десет месеци по почетокот на агресијата.

Во текот на вчерашниот ден биле убиени 660 руски војници, со што вкпуниот број на загуби изнесува 100.400 луѓе.

Русија има загубено 3.003 тенкови, 5.981 оклопни транспортери, 1978 артилериски системи, 413 ракетни системи, 283 авиони, 267 хеликоптери, 653 крстосувачки ракети, 1.693 дронови…