Ковачевски и Битиќи во „ХајТек Груп“


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска ќе ја посетат компанијата „ХајТек Груп“. Целта на посетата е потпишување нов договор за државна помош, соопшти владината прес-служба.

Закажани две седници на собраниската Комисија за политички систем


  Во Собранието денеска има закажано две седници на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата во рамки на 48. седница треба да продолжи да го разгледува Годишниот извештај за работата Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2021 година На дневен ред се и Годишен извештај на Државната комисија за […]

Концерт по повод 50 години Женски младински хор при МКЦ


  Во Младинскиот културен центар вечер ќе го одржат завршниот концертот по повод прославата на големиот јубилеј – 50 години Женски младински хор – МКЦ. Женскиот младински хор, потекнува од детскиот хор Развигорче, кој е основан 1972 година заедно со самата институција. Со тоа, МКЦ во свое време покажал дека го негува музичкиот аматеризам од […]

ЈП „Лајка“ со хуманитарен предновогодишен настан


  ЈП „Лајка“ денеска за сите граѓани, активисти и љубители на кучиња организира предновогодишна хуманитарна забава. – 2022 година успешно ја одбележавме со многу интересни настани во кои заеднички се дружевме и уживавме, па сакаме да ја заокружиме со уште еден настан, последен за оваа година. На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти […]

Во Театарот за деца и младинци в понеделник премиера на претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”


Театарот за деца и младинци в понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Роња, ќерката на ограбувачот”. Претставата е работена според истоимениот роман на светски познатата авторка Астрит Линдгрен, во режија и драматизација на Јакуб Максимов, кој доаѓа од Чешка. Драматург на претставата е Горјан Милошевски. По тој повод денеска во Театарот за деца и младинци […]

Утринската температура -6, дневната до 13 степени


Утрово по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла […]

Последен ден од расправата по Дополнетиот предлог буџет за 2023


  Собранието денеска се очекува да го донесе Дополнетиот предлог буџет за 2023 година, кој е на дневен ред на 97. пленарна седница. Денеска е петиот, последен ден за дебата за Буџетот за следната година. Пратениците дебатираат по Дополнетиот предлог буџет за 2023 година во којшто се вградени прифатените амандмани во собраниската Комисија за финансирање […]

Пендаровски: Кога довербата во институциите е ниска, демократијата е во сериозна опасност


  Кога довербата во институциите е на ниско ниво, демократијата е во сериозна опасност, а популизмот во такви услови полесно ја остварува својата цел. Со оваа порака претседателот Стево Пендаровски го почна своето годишно обраќање во македонскиот парламент, на кое присуствуваа пратеници од сите политички партии освен Левица и надворешни гости. Во него тој предупреди […]

Ева Каили ќе го помине Божик во затвор, одлучи судот во Брисел


  Ева Каили ќе ги помине божикните празници во затвор, одлучи белгискиот суд во четвртокот. По рочиштето на кое адвокатите на Каили се залагаа таа да биде ослободена од затвор со електронска алка, но судот наместо тоа „го продолжи притворот на Е.К. за еден месец“, се вели во соопштението за медиумите. Поранешната потпретседателка на Европскиот […]

„Њујорк тајмс“ ја идентификува руската единица која ги изврши злосторствата во Буча


  Кога во април се појавија видеа и фотографии на кои се прикажани телата на десетици цивили расфрлани на улица во Буча, Украинците и целиот свет беа ужаснати и огорчени. Но, руските власти реагираа на сосема поинаков начин: тие негираа сè. Претседателот Владимир Путин ја нарече страшната сцена „провокација“ и тврдеше дека руската армија нема […]

ДУИ го обвини Мицкоски за антиалбанска реторика


Демократската унија за интеграција ја осудува антиалбанската реторика на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со која тој бара слабеење на политичкото претставување и дефакторизирање на Албанците во земјата. -Во 2022 година, сè уште имаме политички лидери во земјата кои продолжуваат да демонстрираат непочитување кон изразената волја на албанските граѓани за нивно политичко претставување со […]

Што се емоционални вампири и како да ги препознаете?


Веројатно досега сте се сретнале со терминот енергетски вампир, а уште поверојатно и сте биле во присуство на некој таков. Тоа се луѓе кои од вас ја цицаат енергијата поради што по интеракција со нив чувствувате необјаснива непријатност сè додека не ја напуштат просторијата. Ако со тие луѓе немате блиски односи, веројатно некако ќе ги […]

Петровска: Ослободителните пресуди за корупција ја рушат довербата во системот


„Процесот на борба против корупција започнува со истрага, па следува обвинение, па пресуда. Ако се стигне до крајот и добиете ослободување или помилување за сторени сериозни кривични дела, паѓа довербата во целиот систем“ изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска во емисијата „Вин-вин“ на Телма. Таа додаде дека најлесно е да се впери прстот во извршната […]

Бектеши го нарече неодговорно однесувањето на „Макпетрол“


„Макпетрол“ беа известени за преговорите на државата со „Булгартрансгас“. Ме зачудува фактот што вчера одржале состаноци со надлежните институции, разговарале за сите услови кои се предвидени за договорот меѓу „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, немале никакви забелешки, односно тие што ги имале ги разјасниле и денеска наеднаш излегуваат со соопштение дека нема да увезуваат, истакна вечерва министерот […]

„Гугл“ воведува опција за читање на неразбирливите докторски рецепти


Многу лекари пишуваат рецепти за лекови толку неразбирливо, што просечна личност не може да го „дешифрира“ нивното значење. „Гугл“ сега има решение за ова. Компанијата која стои зад пребарувачот, „Алфабет“, соопшти дека соработува со фармацевти за да го реши проблемот со „докторскиот ракопис“. Ќе биде достапна функција преку технологијата „Гугл ленс“ која на корисниците ќе […]

Камерниот оркестар на Битола заслужено со статус Национална установа, вели Стојчевска


Камерниот оркестар на Битола заслужи да биде институционализиран и да добие статус на национална установа, изјави вечерва министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Во пресрет на вечерашниот новогодишен концерт, насловен „Виена во Битола“, министерката Костадиновска Стојчевска нагласи дека уметниците ја заслужиле одлуката на Министерството за култура, и тоа ќе се потврди како позитивен […]

Користените автомобили се најскапи во историјата


Според он-лајн трговецот и посредник „AutoScout24“, користените автомобили во ноември се продавани за просечно 24.772 евра. Тоа е речиси 12 проценти повеќе од пред една година и најмногу откако се прават статистики. Побарувачката за користени автомобили е многу поголема од понудата, а автомобилскиот сектор се соочува со криза по криза. Пред две години фабриките беа […]

Бугарија е на дното во ЕУ според приходи по глава на жител


Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат. Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра. Просечниот годишен приход по […]

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје


На руските и на белоруските граѓани во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, според новиот Закон усвоен денеска од литванскиот Парламент.   Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година, има за цел да спречи формирање оружени групи, што би се спротивставиле на властите во случај на немири […]

Пендаровски не исклучува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни функционери


  Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува […]