Арбен Таравари стана лидер на Алијансата за Албанците за да ги поврати изгубените позиции на партијата


  Очекувано, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари денеска беше избран за претседател на Алијанса за Албанците на вонредниот конгрес на партијата што се одржа во Тетово. Таравари, кој досега беше в.д. претседател на партијата за лидер на Алијансата беше избран речиси едногласно: за него гласа 512 делегати, еден бил „против“ и двајца биле воздржани. Зборувајќи […]

Ако ДУИ сака да има ветинг на функционерите треба да почне од Назим Буши


  Информацијата на албанскиот портал „Ора њуз“ дека заменик-министерот за внатершни работи Назим Буши наводно платил 20.000 евра за едно ноќевање за суперлуксузен апартман во луксузен хотел во Истанбул на директен начин го отвори прашањето за финансиската моќ на одредени функционери. ДУИ, чиј кадар е Буши, неодамна повторно ја отвори темата за ветинг на функционерите […]

Политичка битка за гасот: ВМРО-ДПМНЕ се претставува како трговски промотор на фирмата „контакт“


  Во моментот кога цената на гасот во Европа падна на 900 долари за 1.000 кубни метри во Скопје повторно се разви политичката битка зошто македонската влада не ги искористила „контактите“ на ВМРО-ДПМНЕ за снабдување со гас. Како да е промотор на компанијата ПГО во петокот вечерта за време на дебатата на „Само вистина“ на […]

Васко Ковачевски: ЕСМ годинава го зголеми производството за 27 отсто


 ЕСМ оваа година, во услови на криза, отежнатост на работа и недостиг на енергенси, го зголеми производството на електрична енергија за 27 проценти, а за 2023 година планира раст на производството за уште 20 остсто споредено со годинав, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на состанок со фирмите членки на Стопанската комора на […]

ЕСМ: Николоски изнесува невистини за наводниот евтин гас


АД ЕСМ реагира на наводите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, дека АД ЕСМ не сакала да потпише договор за набавка на природен гас со фирмата предложена од Христијан Мицкоски. АД ЕСМ неколку пати ја извести јавноста за овој случај, а истото го направи уште еднаш. -Наведената фирма никогаш не достави комплетна документација и не […]

(ВИДЕО) Швајцарски уметник го осветли Киев


  Швајцарскиот сликар Гери Хофстетер му дал на Киев зрак светлина среде темнината, претворајќи ја црквата Св. Андреа  во голем екран. Киев последните денови речиси целосно функционира на генератори поради уништената електрична инфраструктура.  Swiss painter Gerry Hofstetter gave Kyiv a ray of light amid darkness, by turning the historic St. Andrew Church into a big […]

Алијансата за Албанците денес избира лидер, Таравари единствен кандидат


Алијансата за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден Конгрес.На конгресот ќе се избере нов претседател на партијата, а единствен кандидат е досегашниот в.д. претседател, Арбен Таравари. Од партијата информираат дека третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работниот […]

Дури 250 милиони луѓе се заразиле од ковид во Кина во декември


  Речиси 250 милиони луѓе во Кина можеби се заразиле со Ковид-19 во првите 20 дена од декември, според внатрешната проценка на највисоките здравствени претставници на нацијата, објавија во петокот Блумберг и „Фајненшел тајмс“. Доколку е точна, проценката би сочинувала приближно 18% од 1,4 милијарди луѓе во Кина и ќе претставува најголема појава на Ковид-19 […]

Мајкл Блумберг сака да ги купи „Волстрит џорнал“ или „Вашингтон пост“


  Американскиот милијардер Мајкл Блумберг изрази желба да поседува големо име во текот на годините, но не стигнал до Руперт Мардок за да разговара за можното купување на Дау Џонс и неговиот водечки весник „Волстрит џорнал“, изјавија извори за Ројтерс. Новинската веб-страница „Аксиос“претходно во петокот објави дека милијардерот сопственик на Блумберг бил заинтересиран да го […]

Во Скопје, Кичево, Квадарци и Струмица стапија во сила мерки против загадувањето


  Поради зголемено загадување стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, известува Владата согласно информацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми […]

Десет години од „црниот понеделеник“ во 2012


  СДСМ потсетува дека денеска се навршуваат десет години од првиот голем инцидент во Собранието, кога при расправата за буџетот од салата на сила беа избркани, истуркани, влечени за коса опозициските пратеници од полицајци во цивили и собраниското обезведување. Тогашните министри, Зоран Ставрески за финансии, и Гордана Јанкулоска за внатрешни работи, мирно го посматраа ова […]

Половина милион случаи на ковид дневно само во кинескиот град Чингдао


  Околу половина милион луѓе дневно се заразуваат со корона вирусот само во кинескиот град Чингдао, рече здравствениот претставник на градот, наведувајќи во текстот што набрзо беше цензуриран дека официјалната статистика не го одразува невидениот бран на инфекција што влијае на земја. На почетокот на декември, поради зголеменото незадоволство на населението, Кина без претходна најава […]

Кинеските банки целосно се вклучија во санкциите против Русија


  Кинеските банки не соработуваат со руските кредитни институции кои се под санкции, изјави Михаил Задорнов, шеф на банката Откритие, во интервју за рускиот економски медиум РБК.. „Кинеските банки целосно ги почитуваат сите ограничувања на санкциите поставени од Министерството за финансии на САД. На пример, тие не работат со санкционирани руски банки“, рече тој. Банката […]

Платениците од „Вагнер“ ја чинат Русија 100 милиони долари месечно


  Платеничката група „Вагнер“ што се бори во Украина е составена 80 отсто од затвореници регрутирани во руските казнени колонии, а нејзиното одржување чини сума еднаква на буџетот на голем руски регион. Ова го соопшти Ројтерс во врска со разузнавачките информации добиени од САД, а потоа потврдени на брифинг од официјалниот претставник на Советот за […]

Кремљ им забрани на провладините медиуми да пишуваат за мобилизација


  Кремљ го засилува режимот на цензура за медиумите под државна контрола поради гласините за втор бран на мобилизација и одлуката да се зголеми бројот на армијата за уште 350.000 луѓе, објавена од министерот за одбрана Сергеј Шојгу. На руските медиуми им е забрането да дистрибуираат какви било изјави за мобилизацијата, дури и ако тие […]

Дваесет лица загинаа во дом за стари во Русија


  Најмалку 20 лица загинаа откако пожар зафати дом за стари лица во сибирскиот град Кемерово, соопштија руските власти. Повредени се уште шест лица. Од пожарот во текот на ноќта изгоре целиот горен кат од двокатната дрвена зграда. Првичните информации велат дека можеби е предизвикана од неисправен котел за греење. Приватниот дом за стари лица […]

„Божикен пекол“ во САД: Гигантска зимска бура остави милиони без струја


  Зимската бура која синоптичарите ја нарекоа „Елиот“ во петокот се засили во цилонска бомба во близина на Големите езера на САД, носејќи силни ветрови и услови за снежна бура од северните рамнини до западниот и северниот дел на Њујорк, заедно со опасни по живот поплави, замрзнување и патувачки хаос. Откажувањето на авиокомпаниите надмина 5.700 […]

24 декември во историјата – Советскиот Сојуз го нападна Авганистан


  На 24 декември 1979 година, Советскиот Сојуз го нападна Авганистан, под изговор дека го поддржува Договорот за советско-авганистанско пријателство од 1978 година. Како што се приближуваше полноќ, Советите организираа огромен воен воздушно префрлување во Кабул, во кое беа вклучени околу 280 транспортни авиони и три дивизии од речиси 8.500 војници секоја. За неколку дена, […]

Цената на гасот во Европа падна на 900 долари за 1.000 кубни метри – помалку од пред војната


  Дали „Гаспром“ и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се сеќаваат на нивните прогнози за цената на гасот во Европа оваа зима, што ги направија во август? 4.000 долари и 5.000 евра за 1.000 кубни метри, соодветно. Дали „Гаспром“ сега повторно би го пуштиле нивното катаклизмично видео како цела Европа е окована во мраз? Квалификуван […]

Алијансата за Албанците денеска има конгрес, ќе го бира Таравари за претседател


  Алијансата за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден конгрес, на кој треба да биде избран нов претседател на партијата, функција за која единствен кандидат е досегашниот потпретседател и вршител на должноста партиски претседател. Арбен Таравари. Како што информираат од Алијансата за Албанците, третиот конгрес ќе се одржи во […]