Полицијата и семејството трагаат по исчезнат кумановец


 Триесет и петгодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера од 10 часот се води како исчезнат. Случајот е пријавен и во полицијата.   Од СВР Куманово денеска информираат дека вчера во 22 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на […]

Протест на Асоцијацијата за цистична фиброза: Пет до 12 изминува – пациентите немаат време да чекаат терапија


Асоцијацијата за цистична фиброза денеска организираше протест пред Министерството за здравство барајќи да се обезбеди модуларна терапија за сите пациенти, подобри услови за хоспитализација на клиниките за пулмологија и за детски болести, како и обезбедување на медицински помагала неопходни во секојдневната терапија. Фики Гаспар, еден од пациентите кој има цистична фиброза, вели дека се тука […]

Зошто лидерите на ЕУ се плашат од мировен процес за Украина?


Ова не е полемика за тоа дали може да  се верува на Русија дека ќе го почитува секој иден мировен договор со Украина. Тоа не е ниту коментар за основаноста на завршувањето на војната со дипломатски средства. Тоа е, напротив, одраз на последниот европски парадокс: додека мирот во Украина би помогнал да се запре економското […]

Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила во Филхармонија


На сцената на Филхармонија на 28 декември, ќе се одржи новогодишен концерт на биг бендот на Здружението на џез музичари (ЗЏМ) и американскиот џез тромбонист по потекло од Костарика, Луис Бонила. Гоце Стевковски од Здружението на џез музичари на денешната прес-конференција најави дека на концертот ќе има дополнително уште двајца гости, уметниците Дарко Бенчиќ од Хрватска, […]

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 […]

Од Лазар Личеноски до Илија Аџиевски- 2022 во знакот на големите македонски уметници


Изминатата година беше мошне успешна за Националната галерија на Македонија (НГМ), со голем број изложби поддржани од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма, оценува раководството на институцијата. Годината почна со две вонпрограмски содржини, првата беше изложбата со наслов „Процут кон женственоста“, по повод Меѓународниот ден на жената, а вториот настан во соработка со […]

Нина Николиќ ја постави во МНТ „Бакхи: Агава“


На 27 декември (вторник), во просторот на балетската сала при Македонскиот народен театар, премиерно ќе се одигра претставата „Бакхи: Агава“, според Еврипид и Тамара Барачков. Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на другите машки ликови. По чедоморството, Агава прозборува само во последниот чин. Но, злочинот […]

Џејн Фонда откри дека ракот е во ремисија: „Се чувствувам толку благословено“


САД- Џејн Фонда го доби најубавиот подарок пред 85-тиот роденден: Нејзиниот рак е во ремисија. Актерката од Грејс и Френки во септември објави дека и е дијагностициран не-Хочкинов лимфом и дека почнала со хемотерапија. Во нов блог пост, Фонда откри дека нејзиниот онколог рекол дека може да ги прекине третманите. „Се чувствувам толку благословена, толку […]

Пуштена во употреба делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани


Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на делница Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани. Со денешното ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште, целосно е завршен проектот кој […]

Најголемото загадување доаѓа од греење, односно биомаса


Откако неколку дена со ред, загадувањето во неколку града во Македонија ги надмина дозволените граници, Владата донесе мерки за заштита на населението, но јавноста забележа дека мерките се носат за заштита од веќе отровниот воздух, но слабо се прават потези за да не дојде до вакво екстремно загадување. Министерот за животна средина и просторно планирање […]

Од идната недела ќе се интензивираат разговорите за уставните промени


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен. Османи потенцира дека […]

Мис Висконсин крунисана за Мис Америка 2023 


САД– Мис Висконсин ја освои титулата Мис Америка 2023 година. Грејс Стенке, родена во Ваусау, 20-годишна студентка по нуклеарно инженерство на UW-Madison, беше крунисана за победничка на натпреварот за Мис Америка во казиното Мохеган Сан во Ункасвил, Конон, со што стана 95-та победничка на натпреварот. Таа е третата убавица од Висконсин која ја освоила титулата. […]

Лебот на „Жито лукс“ поевтини за 9,8 отсто (фото)


  Еден од најпродаваните производи на „Жито лукс“, белиот леб сечен на апрчиња, во пакување по 470 грама, конечно поевтини. Тој до сега се продаваше за 51 денар за векна, а сега неговата цена изнесува 46 денари или за 9,8 отсто помалку. Ова намалување е речиси на граница на најавите на владините министри кои велеа […]

Игор Стрелков предлага да се мобилизираат милион Руси


  Русија треба да мобилизира „најмалку“ милион луѓе за да победи во војната со Украина, изјави Игор Стрелков (Гиркин), поранешен министер за одбрана на самопрогласената Народна Република Донецк. „Теоретски, Руската Федерација може да стави во функција и мора, за да победи во оваа војна, уште најмалку еден милион покрај силите што ги имаше на почетокот […]

„Аватар: Патот на водата“ заработи 850 милиони долари на глобално ниво за 10 дена


САД- По 10 дена на големото платно, големобуџетниот еп на Дизни и 20th Century „Avatar: The Way of Water“ е петти филм со најголема заработка во годината со глобална продажба на билети од 855 милиони долари. Досега долго одложуваното продолжение на Џејмс Камерон заработи 253,7 милиони долари на домашниот бокс офис и 600 милиони на […]

Робот, во Божиќен говор, го кажа она што луѓето не се осмелија (Видео)


Во божиќниот говор на Амека, еден од најнапредните роботи во светот зборуваше за темите што ja обележаа оваа година. Роботот Амека во телевизиското обраќање зборуваше за теми како што се војната во Украина, смртта на кралицата Елизабета Втора и климатските промени. Станува збор за робот кој е способен за ултра реални реакции – може да […]

ЕБОР: Ја поддржуваме транзицијата на Македонија кон зелена енергија


Охридското Езеро е туристичка дестинација број еден во земјата со над 200.000 туристи и за да се заштити неговата убавина важно е да се обезбеди заштита на уникатната природа и да се минимализираат негативните ефекти врз животната средина, кои доаѓаат од туристите и индустријата, посочуваат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). –Хотел „Инекс […]

Бранко Азески: Во 2022 година преживеавме, во 2023 или одиме напред или потонуваме


  Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во колумна се осврнува на најголемите предизвици годинава и во годината што претстои, откривајќи интересни детали од неговата долгогодишна кариера и посочувајќи ги приоритетите кои ги постави Стопанската комора. Колумната ја пренесуваме интегрално:   1. Во екот на најголемата и најтешка криза кај нас, во 1999 година, во […]

2022 беше година на предизвици за полицијата – Ковид-кризата се трансформираше во глобална криза на хибридни напади


Последните месеци од годината бевме сведоци на еден современ феномен на хибридни напади, кои покрај државите од регионот, од Европа, како и САД, Канада и Нов Зеланд, не ја заобиколија ни нашата држава. Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишниот брифинг со медиумите на кој оцени дека ова е годината […]

Ковачевски не прифаќа уцени за уставните измени


  Процеси коишто се од стратешко значење не можат да бидат предмет на уценување. Прашањето за уставите измени е сериозно, тоа е државничко прашање. Ние започнавме преговори со ЕУ, во тек е скрининг процесот и сега се зависи од нас, изјави денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски. Ова, нагласи Ковачевски, е прашање на принципи – […]