Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево


По котлините утре наутро ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Минималната темпратура ќе […]

Бектеши: Во подготовка листата на производи што ќе се оданочуваат со 10 проценти


Листата на производи коишто ќе се оданочуваат со 10 проценти треба да ја изготви Министерството за финансии, а пред да се донесе од страна на Владата ќе бидат консултирани стопанските комори и организациите за заштита на потрошувачите, а се во интерес на граѓани, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција за новиот Буџет на Министерството […]

Русија сака да се обнови снабдувањето на Европа со гас преку гасоводот „Јамал“


  Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот „Јамал-Европа“, кој претходно беше запрен од политички причини, изјави во неделата рускиот вицепремиер Александар Новак за руската државна новинска агенција Тасс. „Европскиот пазар останува релевантен, бидејќи недостигот на гас продолжува и ја имаме секоја можност да продолжиме со испораките. На пример, […]

Извештајот на УЈП за приватните превозници сѐ уште не е стигнат во Владата


Извештајот на Управата за јавни приходи (УЈП) се уште не е пристигнат во Владата и по неговото добивање се очекува министрите од економските ресори да одржат состаноци со приватните автобуски превозници и со Град Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата потврди дека извештајот на УЈП не е пристигнат […]

Приведени девет лица во акцијата на ГП „Табановце“, меѓу кои и командир и заменик-командир


За злоупотреба на службена положба  во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик-командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На ГП  „Табановце“ синоќа беше акција на Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвнителство за гонење организиран криминал […]

Годинава го означи почетокот на крајот на пандемијата на Ковид-19, што не очекува во 2023 година


За поголемиот дел од светот, 2022 година го означи почетокот на крајот на пандемијата на Ковид-19. Многу земји го укинаа локдаунот, маските се симнаа, вработените се вратија на работа со физичко присуство, училиштата продолжија со настава, патувањата, дружењата, спортските и културните настани се вратија во нормала. „Пандемијата е завршена“, рече американскиот претседател Џо Бајден во […]

„Пари“: Со ниту еден вработен 10 македонски фирми свртеле 270 милиони евра


Во Македонија, во 2021 година имало 5.985 фирми со нула вработени, или без податок на вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Оттаму информираат дека ова се 8,2 проценти од активните деловни субјекти (72.922). Податоците покажуват и дека има тренд на намалување на вакви фирми, па во 2020 година ги имало 6.036, во 2019 […]

Дојави за подметнати бомби и во три основни училишта во Прилеп


По добиени дојави за подметнати експлозивни направи, денеска е спроведена евакуација на присутните во прилепските основни училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“. Се очекува пристигнување на единици на МВР за антитероризам за проверка на објектите. Според Сања Стаматова од СВР-Битола, дојавите за подметнати бомби во трите училишта стигнале на ист начин, преку официјалната […]

 „Ние“ – објавен четвртиот роман на Ана Стојаноска


Романот „Ние“ на Ана Стојаноска е објавен деновиве во издание на „Арс Либрис“ (дел од „Арс Ламина – публикации“) од Скопје. Четвртиот роман на Стојаноска влезе во потесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година (заедно со „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој ја доби наградата „Пегаз“ и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска), […]

Буџетот на Министерството за економија за 2023 е 19 милиони евра, за мерки за справување со енергетската криза 3,2 милиони евра


  Вкупниот буџет на Министерството за економија за следната година е предвидено да изнесува околу 19 милиони евра. Обезбедени се 3,2 милиони евра за реализација на мерки за справување со енергетската криза и поддршка на домаќинствата и компаниите за спроведување на мерки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, информираше денеска министерот за економија Крешник […]

Пронајдено тело во близина на пругата во Пирот


  Припадници на пожарникарите утрово нашле тело на напознат маж во близина на приугата во Пирот, јавуваат српските медиуми. Телото е најдено на околу 70 метри од вовот кој превезуваше цистерни со амонијак, од кои четири се превртеа. Новинар на Пирот плус онлајн, Н.П. успеал да дојде до местото каде вчера се преврте вагон од […]

Руската воздухопловна база Енгелс нападна со дрон по втор пат за еден месец


  Во нападот со дрон во текот на ноќта во понеделникот, по втор пат овој месец,  беше цел воздушната база Енгелс длабоко во Русија, при што загинаа тројца војници, што се чини дека е обновен знак за подготвеноста на Украина да таргетира офанзивни закани подалеку од нејзините погранични области. Руските телеграмски канали објавија силна експлозија […]

Почнува аплицирањето за кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската криза


Од денеска почнува аплицирањето за кредитната линија на Развојната банка за обртни средства за компании погодени од енергетската и ценовната криза. Може да аплицираат микро, мали и средни компании, како и трговци поединци и занаетчии заклучно до 9 јануари.   За оваа намена вкупно се обезбедени 300.000.000 денари. Минималниот износ е 184.500 денари, а максималниот […]

Сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас да достават понуди до крајот на денот, повика Бектеши


  На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе […]

Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода


Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ“ […]

20 години „Адора“: Промовирана автобиографската книга „Мојот македонски код“ на Ванчо Чифлиганец


„Мојот македонски код – Живеам за да работам – Ако си борец ќе бидеш и творец“, е најновото авторско дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, животна и професионална автобиографија на нашиот потврден стопанственик, менаџер, професор, спортски активист и филантроп, која беше промовирана синоќа на корпоративната прослава на „Адора“ во Скопје. Низ книгата со 12 поглавија, […]

Верувај во книгата и таа ќе те маѓепса – започна зимскиот фестивал на книгата во „Три“


Како и секоја година, и оваа од 21 декември започна празничната приказна на ТРИ. Маѓепсајте се со нивните книги и оваа читачка сезона подарете книга секому кој ви значи, а особено себеси. Искористете го попустот во сите книжарници на ТРИ, во Ист гејт, Дебар Маало, ГТЦ и Зебра, што достигнува до 70 %, а скалестиот […]

Малолетник тешко повреден во судир меѓу „Мерцедес“ и мотоцикл


Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа во Тетово при што еден малолетник е тешко повреден. – На 25.12.2022 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл […]

Ѓурчиновски прв македонски младински првак во билијард


Дванаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски е победник на првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години во билијард организиран викендов од страна на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. На турнирот во Скопје имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при […]

Северина го дочека Божик во бел фустан и златни потпетици


По традиционалното дружење на Бадник на загрепската Шпица, од кое објави неколку Stories на својот Инстаграм профил, Северина како и многу Хрвати кои се држат до традицијата го прослави Божик во својот дом, кој јавноста ретко има можност да го види. Како изгледа„празничниот дух“ во нејзиниот дом во Загреб? Пејачката избрала прекрасна елка висока околу […]