Пронајдено тело во близина на пругата во Пирот


 

Припадници на пожарникарите утрово нашле тело на напознат маж во близина на приугата во Пирот, јавуваат српските медиуми.

Телото е најдено на околу 70 метри од вовот кој превезуваше цистерни со амонијак, од кои четири се превртеа.

Новинар на Пирот плус онлајн, Н.П. успеал да дојде до местото каде вчера се преврте вагон од кој истече амонијак.

Како што наведува за порталот, на местото затекнал безживотно тело на маж, по што веднаш пријавил во Итната помош.

Н.П. направил снимка од возот, но брзо морал да се оддалечи, затоа што почувствувал тегби.