За скенирање сметки ќе се враќаат 2.100, а не 1.800 денари на три месеци


Граѓаните кои скенираат кодови на сметки ќе добиваат поврат на 2.100 денари за три месеци, а не 1.800, како што беше досега. Владата, на последната седница, даде зелено светло на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за […]

Над 200 возила учествувале во верижен судир во Кина


Едно лице загинало во верижен судир на повеќе од 200 возила во кинескиот град Џенгџоу, кој се случил поради голема магла, јавуваат итните служби и државната телевизија „CTV“. Итните служби соопштија дека повеќе од 200 возила налетале едно на друго, пренесува „Ројтерс“. 25 days till chinese New Year. Zhengxin Yellow River Bridge in ☭#china‘s Zhengzhou […]

Поевтина струја за 99,2 отсто од домаќинствата, помали сметки и за малите потрошувачи


  Цената на електричната енергија кај домаќинствата за прв блок од 1 јануари се намалува за 4,11 проценти, за втор блок за 2,95 проценти, а се зголемува за третиот за 0,85 проценти и за четвртиот за 7,65 проценти. Намалување за 20,15 проценти има кај цената на струјата околу 70.000 микро и мали компании на регулираниот […]

Финска е најсреќна земја во светот, Македонија рангирана на 92. место


Финска повторно е најсреќната земја која четврти пат по ред ја брани титулата во најновиот Светскиот извештај за среќа World Happiness Report, кој користи статистичка анализа за да ги одреди најсреќните земји во светот.  За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализираа сеопфатни податоци од анкети од 149 земји, особено следејќи ги перформансите во […]

Владимир Талески ќе оди во затвор, но дали ќе ги врати платите додека беше во домашен притвор


  БИТОЛА – Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, сепак оди во затвор, вака одлучи скопскиот Апелациски суд откако речиси три години го остави во куќен притвор. Со најновата одлука на Апелација за случајот „Транспортер“, поранешниот градоначалник Талески и екс-секретарот на Општина Битола, Слободан Бончановски добија пониски затворски казни за по една година од оние […]

Пуштен од притвор полицаецот поради кој Србите подигнаа барикади во северно Косово


Косово– Поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред дваесетина дена како осомничен за подготвување вооружени напади врз општинските изборни комисии и полициските патроли во северно Косово, со одлука на надлежен косовски суд денеска е пуштен во домашен притвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Апсењето на Пантиќ беше повод за поставување […]

Благодарна сум на се во животот- Калиопи го прослави роденденот со летна фотографија


Поп-ѕвездата Калиопи наполни 56 години . По тој повод таа објави фотографија по костим за капење, и на социјалните мрежи напиша интересен опис кој доста открива:   „Дојде и овој ден! Дали сум на море? Не! Дали би сакала да бидам? Да! Дали им се радувам на годиниве? Да! Дали би сакала да бидат помалку? […]

Дојави за бомби во 12 скопски и осум кумановски училишта, во тек се проверки


Дојави за бомби попладнево се упатени на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово, информираат од МВР. -Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени […]

О2 Иницијатива: Скопје заостанува две децении од современа, чиста, функционална метропола


Се усвои буџетот на град Скопје за 2023 година и тој ќе изнесува 6,4 милиони евра за функцијата заштита на животната средина. Доколку ги земеме предвид сите предизвици со кои се соочува Скопје со загадувањето и заштитата на животната средина и природата, планираните средства за овие области, за 2023 година не се доволни, истакнаа од […]

Резервите на гас во ЕУ повторно надминуваат 90 милијарди кубни метри


  Залихите на гас во подземните складишта на Европската унија повторно надминаа 90 милијарди кубни метри. Извлекувањето на гас е рекордно и повеќе од двојно поголемо од повлекувањето на гас од подземните складишта. Обемот на повлекувања е на најниско ниво за крајот на декември, пишува ТАСС. Температурите над нормалата за овој период од годината доведоа […]

Дојава за бомба во основното кумановско училиште „Браќа Миладиновци“


 Повторно дојава за бомба во кумановското основно училишта „Браќа Миладиновци“, потврдија за МИА надлежните од училиштето. Учениците се безбедно евакуирани и забележливо е зголемено присуство на полиција покрај училиштето. Првично, дојави има и во други училишта во Куманово во централно градско подрачје и во рурални средини. Според информациите на директорката на училиштето, Јасмина Спасовска, учениците […]

Затворена кујната во СД „Пелагонија“, можно труење


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната. -Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се […]

Евакуирани учениците од скопските гимназии „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“


И денеска нови дојави во скопските средни училишта, имено во гимназиите „Ѓеорги Димитров“ и „Никола Карев“ нешто пред 15 часот стигнале за кани за наводни поставени бо мби. Учениците се евакуирани. Полицијата ќе врши антитер ористичка проверка. И оваа седмица продолжуваат заканите за поставени бомби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше […]

Апелација ги намали казните во „Транспортер“- Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор


Апелација му ја намали казната на ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески за една година за предметот „Транспортер“. Сега треба да одлежи седум години затвор наместо осум како што претходно одлучи Кривичен суд. Пресудата е донесена по две години од првостепената пресуда донесена од судијката Добрила Кацарска. Поранешниот секретар на општина Битола Слободан Бончановски, исто така […]

МОН: Ќе се формира комисија, ќе предложи корекции или нов учебник по историја и општество за петто одделение


 Ќе се формира комисија што ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за петто одделение, информираа попладнево од Министерството за образование и наука. – Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и согласно дописот од Здружението […]

Тупанчески: Мора да има баланс до каде се процесните права, а од каде почнуваат злоупотребите кај застарувањето на предметите


Менаџирањето во судството не едноставна работа, но мора да има баланс до каде се процесните права на странките во постапките, а од каде е злоупотреба, смета министерот за правда Никола Тупанчески. На годишниот брифинг за медиуми, во однос на застарувањето на предметите, Тупанчески, посочи дека менаџирање во судството не е да се договорите колкава ќе […]

На советниците од Град Скопје не им се даваат 12 милиони евра топтан на ЈСП


  Амандман кој предвидува на ЈСП Скопје да му се дадат првично 370 милиони денари, а станатите подоцна ги раскара соевтниците во град Скопје, кои се трудат да ги распределат парите од изгласаниот Буџет за 2023 година. Сепак, само 18 советници гласаа „за“, додека другите или не гласаа, или беа воздржани или против. „Паузата ја […]

Руските војници во Украина ќе можат бесплатно да ја замрзнат својата сперма


  Руските војници кои учествуваат во војната против Украина ќе имаат право на бесплатно замрзнување на спермата и складирање во криобанки, според руската државна новинска агенција Таса, повикувајќи се на здружението на адвокати. „Семејствата на повиканите на воена служба како дел од делумната мобилизација ќе добијат бесплатен пристап до третман за плодност и складирање на […]

Двајца малолетници до смрт избодеа жена во Австралија


  Британката Ема Ловел (41), по потекло од Ипсвич, до смрт е избодена во тек на провала во нејзиниот дом во Австралија. Полицијата потврди дека 41-годишната жена откако се соочила со крадците во својот дом во Норт Лејкс, починала. Нејзиниот 43-годишен сопруг Ли Ловел, кој исто така е избоден, за новинарите рекол дека неговото семејство […]

Народна банка: Усвоени подзаконски акти за ефикасна примена на новините во платежната сфера


  Советот на Народната банка на Република Северна Македонија усвои нов сет од 13 подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера којашто ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе започне од 1. јануари 2023 година. Пристапот до пазарот на платежни услуги од страна на новите […]