Над 200 возила учествувале во верижен судир во Кина


Едно лице загинало во верижен судир на повеќе од 200 возила во кинескиот град Џенгџоу, кој се случил поради голема магла, јавуваат итните служби и државната телевизија „CTV“.

Итните служби соопштија дека повеќе од 200 возила налетале едно на друго, пренесува „Ројтерс“.

На фотографиите и видеоснимките поставени на социјалните мрежи може да се видат автомобили и камиони насобрани еден на друг на мостот Џенгсин Хуангхе.

 

 

 

Многу од повредените останале заробени во своите возила, а пожарната служба на самото место пратила 11 противпожарни возила и 66 спасувачи, јавуваат државните медиуми.

 

 

 

Видливоста од утрово во многу области била помала од 500 метри, а повремено и до 200 метри, соопштила метеоролошката служба.

 

 

Полицијата го затворила мостот за сообраќај.