Двајца малолетници до смрт избодеа жена во Австралија


 

Британката Ема Ловел (41), по потекло од Ипсвич, до смрт е избодена во тек на провала во нејзиниот дом во Австралија. Полицијата потврди дека 41-годишната жена откако се соочила со крадците во својот дом во Норт Лејкс, починала.

Нејзиниот 43-годишен сопруг Ли Ловел, кој исто така е избоден, за новинарите рекол дека неговото семејство е уништено.

„Ема го поврзуваше нашето семејство. Беше толку убава личност. Сите сме скршени од нејзиниот губиток. Тоа е бесмислено. Не знам зошто луѓето го правта ова3, вели тој.

Сторителите ѝ биле познати на полицијата

Две момчиња на возраст од 17 години се обвинети за убиството. Во полицискиото соопштение наведено е дека кавгата се случила во Витфрид Кресент, а потоа се префрлила во дворот. Двајцата сторители побегнале пеш пред да дојде полицијата.

„Истражителите со помош на кучиња лоцирале четворица тинејџери во близина на местото пред 4 часот наутро“, соопштија од таму.

ДВајцата 17-годишници се обвинети за убиство, обид за убиство и влегување на туѓ посед. На двајцата им е одбиена кауцијата за излегување од затвор и ќе се појават на детскиот суд во бризбен. Другите двајца, на возраст од 17 и 16 години ѝ помагаат на полицијата во истрагата. Полицијата потврди дека малолетниците од порано им се познати како проблематични.