Османи се сретна со македонските војници во кампот Адази во Лeтонија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на работната посета на Република Летонија, го посети кампот Адази, каде во рамки на Мултинационалната борбена група на НАТО, под команда на канадскиот потполковник Филип Сауве, а како дел од словенечкиот контингент, учествуваат девет војници од Армијата на Северна Македонија од родот АБХО. При посетата на кампот, […]

Писатели читаа творби за Денот на Скопје


Писателите кои живеат и создаваат во Скопје денеска читаа творби, записи и кратки репортажи посветени на главниот град, во рамки на манифестација „Писателите за Скопје“, организирана од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Оваа манифестација се одржува по повод 13 Ноември – Денот на Скопје. Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање пред почетокот […]

Ципрас: Мицотакис е виновен за прислушувањата и се крие, а мора да даде одговори


Грција– Господинот Мицотакис, наместо да се преправа дека е огорчен, треба да дојде во Парламентот и да даде одговори, а господинот Мицотакис се крие, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“, говорејќи за случајот со прислушувањата и додаде дека „виновните се кријат, не невините“, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Спилберг: „Фабелманови“ е приказна за моите семејни тајни


САД– Режисерот Стивен Спилберг (75) проговори за семејната тајна што никогаш не сакал да ја открие, и се присети на врската со неговата мајка, која ја загуби пред неколку години. „Фабелманови“ (Fabelmans) е полуавтобиографска приказна за детството и младоста на режисерот, олицетворена во Семи Фабелман (Гејбриел Лабел). Во другите улоги се појавуваат Мишел Вилијамс, Пол Дејно, Сет […]

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти


Франција – Околу стотина меѓународни музеи денеска во заедничко соопштение изразија длабока загриженост од постапките на климатските и екоактивистите, насочени кон оштетување на уметнички дела. „Активистите одговорни за тие напади во голема мера ја потценуваат чувствителноста на овие незаменливи дела“, се вели во заедничката изјава на големите меѓународни музеи како „Прадо“ во Мадрид, „Лувр“ во Париз, […]

Советот на ЈО ги предлага Абази и Рајевска за членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители


Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в […]

Продолжува националниот мамографски скрининг – од 963 закажани термини, 573 жени не го искористиле


 Министерството за здравство од 1 ноември продолжи со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура. -Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш […]

Пендаровски во Париз се сретна со романскиот претседател Јоханис


  Севкупните билатерални односи меѓу двете земји што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит беа тема на разговор на денешната средба на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум меѓу претседателот Стево Пендаровски и неговиот романски колега Клаус Јоханис. „Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и […]

Денешните пријави за бомби се лажни, утврди МВР по направените проверки на терен


Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР. На електронската […]

Нуредини: Европа може да биде лидер во зелената и дигиталната трансформација


На маргините на Европскиот самит во Прага министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари повеќе средби на кои дискутираше за улогата и поврзаноста на зелениот и дигиталниот развој, можностите за паралелен развој на зелените и дигиталните трансформации и можностите Европа да има глобална лидерска улога во двојните трансформации, соопштија од Министерството за […]

Запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“


 Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода. Како што посочи МВР, директорот А.Ф. (36) пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар. Од МВР велат дека нема повредени до […]

ЕУ вклучена во конзервацијата и реставрацијата на куќата-музеј на Личеноски (фото)


Спомен-куќата „Музеј Лазар Личеноски“ , сместена на кејот на Вардар, под Кале,  е еден од најважните проекти, како за Националната Галерија така и за културната јавност во земјава воопшто заради што и постојано поттикнува голем интерес. Но, воедно, е и проект со кој институциите се соочуваат со најмногу предизвици во неговото реализирање. Зошто? „Станува збор […]

ЕУ сака да го скроти Airbnb


Колку е голем проблем Airbnb за градовите во Европа? Тоа е она што ЕУ сака да го сфати.Брисел оваа недела го претстави својот прв сет на мерки насочени кон регулирање како функционираат платформите за краткорочно изнајмување како Airbnb во градовите. Наместо да поставува широк опсег нови правила, првиот чекор на Европската комисија е скромен: таа […]

Како Полска со широки раце ги прими бегалците од Украина


  Кога на 24 февруари 2022 година руските војници влегоа на територијата на Украина, ја започнаа најголемата војна на теренот на Европа од Втората светска војна наваму. Според податоците на ОН, безмалку 14 милиони лица беа присилени да ги напуштат своите домови, а речиси 8 милиони пребегаа од земјата. Главно жени, деца и стари лица. […]

Нови сознанија за мизофонијата: Ве нервира кога некој џвака?


 Луѓето честопати се иритирани кога, на пр., некој гласно џвака или голта храна во близина. Но, понекогаш нетолеранцијата кон одреден звук оди во крајноста на неподносливост, па научниците сега нудат објаснување за тоа – што би можело да се крие зад сѐ ова. Според Универзитетот на Њукасл, оваа појава е официјално призната како медицинско нарушување […]

Белгиското обвинителство го идентификува осомничениот за нападот врз полицајците


 Белгиското федерално обвинителство потврди дека осомничениот за нападот и убиство на полицаец синоќа во Брисел се вика Јасин М. и дека за него се отвора истрага за убиство во терористички контекст. Осомничениот околу 19 часот вчера нападна полициска патрола, во нападот е ранет еден, а убиен друг полицаец. Осомничениот при нападот извикал “Алах Акбар“, а […]

Каква врска има Личеноски со Европската куќа: Реч на евроамбасадорот Дејвид Гир


Европска куќа (Europe House) овој месец со низа настани и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964)  го одбележа својот трет роденден. Активностите, организирани заедно со Националната галерија имаа(т) цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив (ќе) се одржаа во Куќата-музеј на Лазар Личеноски, под скопско Кале. Идејата за формирање […]

ЕК одобри седма вакцина против Ковид-19


Европската комисија даде зелено светло за нова вакцина на европскиот пазар, произведено од Санофи и ГСК. Вакцината на Санофи и ГСК е базирана на протеин и од сега има дозвола за влез на пазарот на ЕУ како бустер доза во борбата против корона вирусот. Европската комисија, врз основа на научното мислење на Европската агенција за […]

Голема акција на српските МВР и БИА, уапсени 17 соработници на кавачкиот клан за најтешки кривични дела


 Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи и на Безбедоносно информативната агенцција (БИА) во Белград утрово е уапсена група од 17 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Извршен е претрес на 50 локации и уапсени се 17 членови на криминалната група „Врачарци“ кои соработувале со кавачкиот клан, соопштија белградските медиуми. Според информациите […]

Балканот треба да стане оаза на мирот, вели Владимир Пивоваров


  За да дојде до ширење на војната надвор од сегашните нејзини граници, потребно е да бидат исполнети многу предуслови. Несериозно е да се прават паралели помеѓу оваа војнa во Украина и Балканот пред сѐ од геостратешки причини. Но секако будно треба да се следат сите збиднувања бидејќи лесно и брзо може да дојде до […]