Франција и Шпанија ќе забранат продажба на бензински и дизел возила по 2035 година


  Франција и Шпанија се приклучија на иницијативата да се забрани продажба на бензински и дизел возила по 2035 година, пет години порано отколку што предвидуваше претходниот план, согласно настојувањето да се забрза преминот кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Двете земји го дадоа ветувањето на разговорите за климата на КОП27 (COP27) во египетскиот […]

Критики за италијанската премиерка бидејќи ја повела својата ќерка на Самитот на Г20


Италија– Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на критиките за тоа што ја повела својата шестгодишна ќерка на Самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали. Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатна дебата“ за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со […]

АСО реши 82 отсто повеќе претставки во корист на осигурениците, вкупниот број на поплаки надмина 200


  Повеќе од 200 осигуреници се пожалиле до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) на работата на осигурителните компании во првите девет месеци годинава. Во овој период АСО реши 40 претставки во корист на осигурениците што е за 82 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). […]

Азиските берзи го следат падот на Волстрит


  На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите, најмногу во технолошкиот сектор, по предупредувањето на „Микрон“ дека ќе го намали производството на чипови поради преголемите резерви и послабата потрошувачка. Азиско-пацифичкиот индекс на акции МСЦИ, без јапонските, околу седум часот беше во минус 0,6 проценти. Јапонскиот индекс Никеј ослаби за 0,30 отсто, додека цените на […]

„Пари“: Само една фирма заработила милион евра од наплата на долгови


  Една од пет компании стравува за својот опстанок поради тоа што клиентите доцнат или не ги плаќаат побарувањата. Ова го покажало истражувањето на меѓународната групација за наплата на побарувања EOS, „Европски платежни практики 2022“, во кое биле анкетирани 3.200 финансиски директори од 16 европски земји. Постојат различни причини за овие лоши практики на плаќање. Многумина […]

ЕХФ Еуро 2022: Формирани полуфиналните двојки


  Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во Главната руна во двете групи на Европското ракометно првенство за жени, познати се двојките за полуфиналето и за мечот за петтото место. Во првото полуфинале утре ќе се соочат Данска и Црна Гора, почетокот на натпреварот е во 17:45 часот. Од 20:30 часот на распоредот е […]

Глобална недела на претприемништво: Позиционирање на македонскиот екосистем во светски рамки


 Оваа недела, од 14-ти до 20 ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите […]

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“


Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на државната награда „22 Ноември“. Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на […]

Тренчевска: Доколку има потреба ќе се прошири опфатот на најранливи категории кои се дел од антикризните мерки


 Почнувајќи од декември оваа година, најранливите категории на граѓани ќе добијат финансиска поддршка, како дел од новиот пакет антикризни мерки. Не е исклучена и можноста да се прошири опфатот на граѓаните кои се детектирани како најранливи категории, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешната конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на […]

Тешка ноќ во Иран – најмалку 15 убиени во протести


  Околу 15 луѓе беа убиени во Иран, вклучително и припадници на безбедносните сили и едно деветгодишно момче, во одделни инциденти додека земјата ја доживеа една од најсериозните и најраспространетите ноќи на протести во последните девет недели. На годишнината од бунтот во 2019 година, државните новински агенции обвинија терористи на два мотоцикли за убиството на […]

Вага – голем годишен хороскоп за 2023 година


Годишниот хороскоп за 2023 година за Вага истакнува дека годината за овој знак нема да биде лесна, но ќе биде исклучително забавна и динамична. Можно е тоа што го прават оваа година да и донесе успех на Вагата на долг рок. Имате можност да се подобрите, да напредувате и да научите како да создавате квалитетни […]

Маск соопшти дека по реконструкцијата на Твитер ќе се повлече од директорската позиција


Американскиот милијардер Илон Маск најави дека во иднина планира да се повлече од позицијата директор на Твитер и воедно изрази надеж дека реструктуирањето на компанијата ќе биде завршено во следните неколку недели. Во објава на социјалната мрежа Твитер, тој напиша дека планира да остане на челната позиција додека компанијата не ја зацврсти својата позиција на […]

Спасовски: Набрзо ќе заврши истрагата за лажните дојави за бомби и ќе ја известиме јавноста


 Меиловите со најави за поставени бомби се праќаат од надвор и за истрагата одиме преку меѓународна правна помош. Во истрагата и во обезбедувањето на информации и докази се вклучени сите капацитети на повеќе сектори на министерството за внатрешни работи, како и партнерските служби и иако досега сите дојави се лажни, по секоја мора да се […]

Христова за МИА: Превентивата во бременоста и по породувањето, клучни во третманот за предвремено родени бебиња


Редовно следење на бременоста, правилен начин на исхрана, умерена физичка активност, се препораките на кумановските лекари до бремените жени по повод Меѓународниот ден на предвремено родени бебиња – 17 ноември. Во кумановската болница 2,8 проценти од родените, се предвремено родени бебиња. Грижата за најмалите борци трае сè додека има потреба, вели д-р Александра Христова, супспецијалист […]

17 ноември во историјата – Почна ерата на кралицата Елизабета


  Во 1558 година умре кралицата Мери I, монарх на Англија и Ирска од 1553 година, а ја наследи нејзината 25-годишна полусестра Елизабета. Двете полусестри, двете ќерки на кралот Хенри VIII, имаа бурна врска за време на петгодишното владеење на Мери. Мери, која беше воспитана како католик, донесе про-католичко законодавство и направи напори да ја […]

Излезе од печат тријазичното издание на детски сликовници ,,Во светот на палавите афоризмичиња”


Излезе од печат тријазичното издание на детски сликовници со илустрирани афоризми од Миле Ѓорѓијоски. Како што информираше авторот, се работи за две едиции од сликовниците „Во Светот на палавите афоризмичиња” објавени на македонски, турски и ромски јазик. -Илустрациите од петтото и шесто издание на сликовниците се правени од ученички од деветто одделение од подрачното училиште […]

(Видео) Бали, од сјај до очај: Рај со распаднати душеци


Многумина од нас сонуваат да одат на Бали, величествен индонезиски остров кој се смета за „рај на Земјата“. Бали е една од најпопуларните светски дестинации, а многумина уживааѕ дури и кога само гледаат фотографии од песочните плажи, тиркизното море, коралните гребени и културните знаменитости кои се таму снимени. Сепак, некои посетители ја открија и другата […]

Руска ракета ја погоди Одеса, сирени низ цела Украина


Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса, јавија странските агенции. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област. Исто така, сирените […]

Јапонското јаболко против стареењето


Дојде сезоната на јапонските јаболка, кои во светот се познати и под името „каки јаболка”. Ова овошје потекнува од Азија, па во Кина се користи како лековит плод веќе над 2.000 години. На овие простори, ова портокалово или црвено-кафеаво овошно дрво можеби не е толку познато, но плодовите не само што се слатко и вкусно […]

Шумахер: Многу сум разочаран од одлуката на Хас, заслужувам место во Формула 1


Германскиот возач Мик Шумахер ја коментираше одлуката на Хас да не склучи нов договор со него за сезоната во Формула 1 2023 година. – Ова ќе биде мојата последна трка со Хас. Не сакам да кријам дека сум многу разочаран од одлуката да не го обновиме договорот. Сепак, би сакал да се заблагодарам и на […]